Заборавена месечнина?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Кртот
  • Време на започнување Време на започнување

Кртот

Лоботомичар
Член од
19 април 2007
Мислења
653
Поени од реакции
23
Локација
Tha Underground
Веб-сајт
soundcloud.com
Незнам дали на вас ви се десило ова,но на мене ми се деси ДЕНЕСКА , и затоа баш ја отварам темава дали вие или вашиот партнер изумил за башата месечнина!!!! Мојата партнерка додека денес во овој момент додека ја отварам темава вози ролерки ја седам и се нервирам и сакам со вас да ја споделам тагава,ТИПКАТА ЕДНОСТАВНО ЗАБОРАВИЛА!!!!
Ама нема везе,не сум важен јас сакам ваши мислења и случки.....
 
Упс, излетав со нејасен пост, па тек отпосле ми текна што сакаш да кажеш ... девојката заборавила дека правите еден месец од вашата врска? Тоа е?
 
можеби за вечер ти спрема нешто, шознаеш. може те излажала дека иде да се вози со ролерки, а у моментов спрема кај нејзе дома свеќи, постела бела со ружи, етерично масло, гори ватра и слично. не губи надеж. нека помине "д деј" па тогаш кажи си.
 
Ми се случило мене, на девојка ми не, она ептен беше по таквите работи секоја месечнина ја чекаше со денови, годишнината ја чекаше со недели... Дента кога ни беше месечнина по неколку пати ми се јавуваше за да се осигура дали вечер ке искочиме 100%, и најбитно од се и беше што ке ми купи за месечнина.

Но сепак мене ми се случуваше да заборавам... и тоа не само еднаш. Како и да е немој да мислиш дека ако заборавила не те сака, не мисли на тебе и не и е жал за тоа. Тоа се случува ако е преокупирана од многу работи, знаеш дека Венеса има проблеми многу, башка и ти ја напињаш пред се и тоа со глупости и љубомориш и сето тоа. Мене ми се случуваше тоа поради глупостите на работа што ми се случуваа.

Како и да е живејте го животот убаво поминете си вечер ако излагате и прости и се случува! јас па не знам ни кој ден сме денеска а уште помалку кој датум, чеј да видам! еј абе 14 јуни? и јас правам месчнина - одкако раскинавме со Анастазија :pos:
 
Некрофилија!

Може да не биде темава за совети? Има таква, аман!

Туку мене ми се случило да заборавам и не гледам ништо страшно во тоа. Не ми е мерка за љубов времето поминато заедно, туку како го поминуваме ... ништо страшно во секој случај.:helou:
 
И мене ми се случило да заборавам. Поточно не да заборавам, туку едноставно да го изигнорирам тој дел и тој повод. Не сакам да дадам значение на еден ден. Мене не ми прави никаква разлика денот кога пред 1 месец се фативме јас и она, со утрешниот. Секој ден треба да ти е празник :)
 
Не ми се случило да заборавам.. од едоставна причина што секогаш сум памтела датуми. Реално гледано, се сложувам со Дивајн дека мерка за љубов е како го поминувам времето, а не колку.
Почекај малку, може ти спрема некое изненадување...
 
Ако правиш часовник до моментот на месечнина, ебем ти врската. Гледај мини си ја љубовта како што треба, аман што значи еден месец да си со некој? Ништо! Кога ќе стасате до декада одбројувањето ќе трае шест месеци и поентата? Што е убаво чувството да се надминуваат рекорди? Лиле ај ќе се опседнеме сега дека идеме цели 61 ден!!! Мене ми изгледа инфантилно и тупаво. Од друга страна не памтам ни 40 дена од нечија смрт, година или слично. Не ми треба временска референца за да памтам како сум си поминал со некого.
 
Мене ми се има десено да го згрешам датумот, едноставно погрешно да пресметам или да заборавам...да ама тоа беше за две недели, така да не се важи многу.
Ретко ми е важно тоа...
 
и мене ми се има случено тоа малку е за срамота но нема врска и дечко ми има заборавено, но признавам мене почесто ми се случува отклку нему
 
Се заебаваш со темата или навистина постојат машки на кои овие работи им се значајни?:)
 
Мене ми е погодено-се фативме на ист ден како нашите родендени, па затоа ми е полесно да запомнам.:)
Не славиме, само може онака да си честитаме (со пост на „Во врска со љубовта...”) и слично.
Во секој случај, не би се лутела ако некогаш „заборавиме” дека имаме месечнина. Кога ќе подразмислам, на тоа би се налутил или некој болно љубоморен или ептен посесивен тип на личност.

Ај да речеш прва годишнина ви е, па да заборави, ама ова...:zbunet:
 
Никола напиша:
Се заебаваш со темата или навистина постојат машки на кои овие работи им се значајни?:)
Па ако лично на тебе тие важен само датумот кога си легнал мене овој датум ми значи многу
 
А не гледам ништо битно во месец .. 2 месеца .. 3 месеца ..
Мислам дека секогаш го заборавам денот кога се правело месец .. ми текнува секогаш 2-3 дена пред да дојде денот или одкога ќе пројде ..
Ама зошто да ми текнува кога не е битен .. Битно би било 1 година .. ама 1 месец ?? Што знам .. Ама не го гледам како битен ден или битен момент што треба да се означи
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom