Дијанетика и Скиентологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Limonida
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 август 2006
Мислења
336
Поени од реакции
6
Возраст
35
Сигурно многумина од вас до сега во своите поштенски сандачиња добиле по некој тест за интелегенција на кое го има ликот на Ајнштајн,а тоа воопшто не им наговестувало всушност за што точно се работи...
Според мене за жал луѓето поради ОГРОМНА неинформираност "зацапуваат" во калта на оваа "организација",а кај нас(поготово во центарот на Скопје) на големо се промовира учењето на Хабард.
Порано се заинтересирав за што се работи и почнав да пребарувам по интернет сајтовите и најдов работи што уште од почетокот ја поттикнаа мојата одбивност.Се што читав ми изгледаше премногу налудичаво...Нормално ефект за привлекување на членови во оваа "Скиентолошка црква" се постигнува со перење на мозок.
Имате ли вие некакви сознанија и искуства со Дијанетиката и Скиентологијата и што мислите за неа??

Секоја чест на една статија која можете да ја прочитате овде и можете да се спознаете со потеклото и "услугата" на овој центар.Навистина вреди да се прочита(барем заклучокот на крајот ако не целата статија)!
 
Не сакам да навредам никого,ама нели сите религии ја постигнуваат целта со перење на мозок?Бомбаши самоубијци,верски фанатици...
Мој совет ви е да си гледате вам најмногу што ви чини и одговара.Ако вие не сакате да припаѓате на една или друга религија,едно "НЕ" е доволно.Со сила никому не може да му се даде нешто,само може да му се земе.
 
Fluffy напиша:
Не сакам да навредам никого,ама нели сите религии ја постигнуваат целта со перење на мозок?Бомбаши самоубијци,верски фанатици...
Мој совет ви е да си гледате вам најмногу што ви чини и одговара.Ако вие не сакате да припаѓате на една или друга религија,едно "НЕ" е доволно.Со сила никому не може да му се даде нешто,само може да му се земе.
Перењето мозок е честа појава,но и таа има свои степени...некои работи слични на оваа преминуваат многу граници,па дури и имам слушано од луѓе од кај нас дека настојуваат да ги натераат по секоја цена луѓето да се зачленат кај нив,со досаѓања преку телефони,убедувања...,a особено веќе спомнав дека недоволно информираните се најголема мета...
 
Секташка организација што првично се претставува како центар за консултации од стресови, депресии за после да ја открие својата права страна. Искрено повеќе ги почитувам Сведоциве бидејќи барем уште од старт ти се претставуваат како религиозна група. Ефтин трик на кој што не треба да се наседне, дури и ако ви кажат дека многу познати личности како Том Круз и Џон Траволта им се членови. Славата никој не го амнестира од глупоста.
 
Секташи... Се познаваат од далеку.
Ми има стигнато флаер во сандачето, а ме имаат и сопрено за „анкетирање” пред нивниот центар (кај Грчка амбасада, спроти седмица, порта Буњаковец). Ги отерав у курац тогаш, да им ебам тоа таквото.

Немој да бидете наивни и да сте отишле на некоја од нивните покани за „помош”, бесплатните „стрес-тестови” или пак напредните „тестови за интелигенција”. Постојат 2 сценарија (можеби во меѓувреме развиле повеќе...) за да ве намамат кај нив. Или ќе испаднете гениј со неверојатна интелигенција, или сте го поминале цел живот незнаејќи дека сте реинкарнација на Хабард, и воедно новиот спасител на Светот.

[media]http://www.youtube.com/v/DAmEO-oLHzA[/media]
Скиентологијата ја сочинуваат селектирани принципи и методи на психоаналитички, медицински, филозофски и религиозни учења и поврзани техники, развиени од американскиот автор Лафајет Рон Хабард. Низ период од 30 години, почнувајќи од 1952 година, таа се стекнува со провокативната дескрипција - филозофија за самопомош, односно систем за само-лекување познат како Дијанетика. Хабард развил една екзактна методологија која треба да им помага на луѓето да станат свесни за нивната духовна егзистенција, да научат да живеат повеќе животи симултано, а со тоа да станат и поефективни во физичкиот свет. Името „Скиентологија” (анг. Scientology) се однесува на контроверзната „Црква на Скиентологијата”, најголемата организација која го промовира учењето на Скиентологијата.

Некои од основните принципи на Скиентологија се (пази го ова):

- Личноста е бесмртно духовно суштество(тетан) кое поседува ум и тело. (се додека не ве натераат да се самоубиете?)
- Тетанот живеел многу претходни животи и продолжува да живее по смртта на телото. (немајте гајле, веднаш ќе се родите пак...)
- Преку процесот на аудитинг(подолу објаснет) личноста се ослободува од „енграми”(болни, несвесни спомени) и „импланти”(слично на енграм) за да постигне состојба на „клиер”(анг. Clear) каде таа се ослободува од сите минати спомени, емоции и трауми, за на крај личноста да ја достигне состојбата на „Оперативен Тетан” (ОТ) - кога се функционира независно од тежините на материјалниот универзум.
- Психијатријата и психологијата се лоши и навредливи.

Е-метар (орг. Хабардов Електрометар) е електронски инструмент кој работи на батерии, произведен од Црквата на Скиентологија. Неговата употреба е од централно значење за Скиентологијата и Дијанетиката. Тој се користи така што личноста во своите раце држи две метални прачки, кои се поврзани со Е-метарот, со што се комплетира електричното коло преку кое минува струја со многу мала волтажа. Иглата на панелот на волтметарот ја покажува одбивноста која ја има личноста.

Со Е-метарот раководи аудитор. Личноста која ги држи прачките се нарекува „pre-clear”. Аудиторот го испрашува испитаникот, со што неговата реакција се прикажува на панелот.

Во 1971 година Американското судство донесе одлука во која се вели дека „Е-метарот нема докажани користи во дијагнозата, третманот или превенцијата на било која болест, ниту пак е медицински или научно способен за подобрување на било која човечка функција”. По оваа одлука Скиентолошката Црква објави дека тој ќе се користи единствено за спиритуални потреби.

_stres-2.jpg

scientology_recruiter.jpg



Ова е местото кое треба да го избегнувате:
02.jpg


Убаво имаат напишано 365 во нивната сторија:

"Ние нема да ве спречиме да отидете во Хабардовиот центар за Дијанетика и Скиентологија. Нема да ни биде жал ако по овој текст го направите тоа. Нашата совест е чиста, со моментот на објавувањето на оваа статија. Ако успееме да спасиме барем еден човечки живот, една залудно потрошена младост, една сметка во банка - тогаш сме ја исполниле својата цел. Се надеваме дека и вие сте еден од оние скрупулозни граѓани кои ќе истапат против ова притаено зло на денешницата и ќе го рашират гласот на вистината."
 
Мала корекција-Ацид сега се кај Италијанска Амбасада во истата зграда со книжарата Аз-Буки.
 
Sussaro напиша:
Мала корекција-Ацид сега се кај Италијанска Амбасада во истата зграда со книжарата Аз-Буки.
Гарант со вили и српови ги протерале од старата локација...
Фала за информацијата, ќе им користи на оние кои ќе сакаат да ги избегнат. :-)
 
Колку било лесно! Нашите животи ќе бидат спасени и нашите проблеми решени ако ги слушаме советите на една група ,,занесена,, од научната фантастика на Рон Хабард.Тие луѓе се околу нас, ни даваат можност да им се обратиме. а ,тие ќе ни помогнат продавајќи ни литература која не е воопшто скапа во споредба со нашите проблеми и она што ние ќе го научиме од неа.Дајте бе луѓе.ако јас имам проблем има милиони различни начини на кои можам да го решам без да им пристапувам на овие богохули чиј основен мотив и цел им е заработувачката. Нивната упорност и желбата да те придобијат не се мери на кантар. Дали е тоа начин на кој пристапува културен човек кој ги почитува туѓиот интегритет и слобода на мислење.Не би рекла.Бидете слободоумни, ама не дотолку.
 
za ova imam samo eden zbor: GLUPOSTI
 
Да дефинитвно закон прича има у Скиентологијата. Зину бил шеф на Галактичката Конфедерација и као таков нашол за згодно да направи одредени реформи и стрпал суштества од цела галаксија у ДЦ-8 авиони и ги фрлил фино лепо во вулканите на Земјата и нивните души кои биле подложени на пропаганда у 3Д кина скитале по нашава планета се дур не се појавил прачовекот и сега се у нас. Пошо се со така сјебани мемории постојат различни религии и лажни ствари. Еве го, го осеќам мојот тетан шета измеѓу дванаес палачното и ректумот ми е. Ооо сиротото се тресе. Кретенизам. Еве еден од авионите на Зину. На земјата може иде со 900 км на саат али у спејс е ненајдебив.
250px-Xenu_space_plane.jpg
 
Ne zvuci loso samoto ucenje vo vrska so reaktivniot um i engramite no koga e izrazeno preku ovie koi gledaat da zarabotat od toa...
Tesko e i onaka bez pari da se dojde do prosvetluvanje.
 
Гомца мали. Иако Хабард ми е идол -- типот сакал да заработи милјон долари насамарувајќи луѓе, мислам дека луѓево треба да умрат. Да легнат и да умрат. Сериозно на кој ќе му недостига Том Кукуруз? Џуџе нослесто мртво --- фајн! Не знам само како Витекер можеше да глуми со Триволти во тој геј филмот Бојнополе земја, ај Триволти е пидерче ама Витејкер како моеше во таа пропаганда да се пикнеш?!?! НЕКА УМРАТ И НИВНИТЕ ТЕСТОВИ, ИДИОТСКИ МАШИНЧИЊА И НИВНИТЕ ГНАСНИ МАЛИ ЖЕЛНИ ЗА ПАРИ РАЧИЊА
 
Bada Bing! напиша:
Гомца мали. Иако Хабард ми е идол -- типот сакал да заработи милјон долари насамарувајќи луѓе, мислам дека луѓево треба да умрат. Да легнат и да умрат. Сериозно на кој ќе му недостига Том Кукуруз? Џуџе нослесто мртво --- фајн! Не знам само како Витекер можеше да глуми со Триволти во тој геј филмот Бојнополе земја, ај Триволти е пидерче ама Витејкер како моеше во таа пропаганда да се пикнеш?!?! НЕКА УМРАТ И НИВНИТЕ ТЕСТОВИ, ИДИОТСКИ МАШИНЧИЊА И НИВНИТЕ ГНАСНИ МАЛИ ЖЕЛНИ ЗА ПАРИ РАЧИЊА
Никол Кидман можеби и за тоа го напушти ради таа секта...таа е интелигентна жена:)
Инаку дијанетиката е чисто срање измислено од запад...
 
Да бе. И Никол беше со нив едно време, дури стаса до тоа ниво кај шо им ја кажуваат причата со авионите и тетаните. лол... Треба дадеш едно 20 илјади долари до тогаш ама јбг... вистината не е без пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom