Кога човек се наоѓа во таква состојба, се впушта во длабока анализа на настаните. Си поставува серија прашања, полесни или потешки, дел ги отфрла, но потсвесно, порано или подоцна, си ги враќа, си ги повторува. Чекор по чекор, ги бара грешките, индикаторите, причините.
Кога е човек во таква состојба и емоционално попушта, при конфронтација, макар тоа било и најобична кавга со партнерката, доволна е една погрешна искра и целиот брак ќе му се урне како кула од карти. Некои зборови се паметат, печат, болат. Последно нешто на кое треба да мисли е тоа дали детето е негово! Апсолутно налудничава, а дури и глупава идеја. Детето е алката која ги соединува, поради која мораат да бидат истрајни, да си дадат шанса, да се борат, да бараат компромиси. Така, твоите совети (иако не се ни совети), се контрапродуктивни.
И да, зборувам од искуство, но зависи од кој агол ги набљудуваме нештата. Бракот на моите брзо се распадна, практично преку ноќ. Никогаш немаа некоја сериозна кавга, дури и по разделбата, а и по раздовот останаа во солидни односи. Зошто? Само поради децата. Тоа им беше и единствената тема за ретките разговори. Да, привремената разделба или разводот не се крајот на светот, но и да се случи тоа, не треба да се до комплицира работата. Членот рече дека нема трета личност, не знаеме низ што поминувале они, тој па ни она. И во оваа прилика, убаво е да се дадат одредени утешителни зборови, одредена поддршка, а не дали е детето негово! Откако ќе се всадат тие идеи во главата, многу тешко се отфрлаат. И да не се вистинити, сомнежот секогаш ќе остане. Двајцата се решени да дадат шанса на бракот, изразија желба за психотерапија, и тоа е нешто кое треба да радува.
И доста со глупости, навистина претеравте.
