Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Не те забораваме, најголем Македонецу.
Знаеш, не плачам јас многу. Само понекогаш.
Два пати годишно.
Многу ми недостигаш. Знам дека не сакаш да плачеме, ти секогаш се смееше. И се трудеше сите да се смеат околу тебе. Беше невозможно да не се смее човек покрај тебе.
Жал ми е. Сепак, мораме понекогаш да плачеме.
 
15 офтопик мислења избришани. Да повторам подфорумов е МУЗИКА, за црна хроника муабети, отворајте теми низ другите подфоруми.
 
Сите се најубави песните на Тоше, а би ја издвоил “Остани до крај“..
 
НАСКОРО НОВИ ПЕСНИ ОД ТОШЕ!

Семејството на трагично починатиот Тоше Проески наскоро ќе ги објави песните кои ги пронашле во неговиот компјутер.

Неговата сестра Дора Ристеска открила дека нејзиниот маж Славен, кој бил вклучен во кариерата на нејзиниот брат, со месеци барал и го анализирал неговиот компјутер и студиските снимки.

-Вложуваме во новите песни и спотови, бидејќи најважно за мене е тоа што мојот брат живее низ старите песни, а и новите, изјавила Дора.

Таа додава дека нивните родители сеуште се борат со болката за неговата загуба која се случи пред 4 години, тие секое утро и попладне одат на неговиот гроб.

-Тато секој ден оди во манастирот Свето Преображение. Здравствено малце се подобри, но од тага и загуба никогаш нема да се опорават, изјавила Дора, чиј син како што веќе знаете е доволно талентиран за да ги продолжи неговите стапки.

-Пред очи често ми поминуваат слики како Тоше си игра со моите синови и како го учи Кристијан са свири. Тој е талентиран на вујко му, но болката не ми дозволува да го пуштам да се занимава со музика, изјавила Дора.

http://www.fakulteti.mk/news/11-10-22/naskoro_novi_pesni_od_toshe.aspx
 
Почнав да пишувам и го избришав напишаното.Почнав пак да пишувам и пак го избришав напишаното од едноставна причина што не постојат зборови што можат да ја доловат големината на Тоше.
 
the-hardiest-thing-615x272.jpg

Трагичната смрт на Тоше Проески ги беше големо разочарување и за неговите менаџери во Англија, кои на нашиот пејач му предвидуваа блескава кариера во светски рамки. Тоше се наоѓаше во самиот крај на новиот албум на англиски јазик, а најава за проектот беше дуетот со познатата италијанска пејачка Џана Нанини, кој премиерно беше изведен на големиот концерт за Денот на вљубените – 14 Февруари 2007 во белградска „Арена“. Ненадејната смрт ги прекина сите планови и остави еден куп недовршени проекти, меѓу кои и освојување на музичка Европа.

„Јас бев апсолутно шокиран од веста! Тоше беше прекрасна личност. Навистина беше вистинска привилегија да запознаеш некој кој е толку талентиран и пријатен. Кога дојдовме на концертот во Скопје, тоа за нас беше вистинско чудо – 30.000 луѓе на различна возраст уживаа во повеќе од тричасовниот концерт. Не знаев ниту една од песните што ги пееше, но уживав во целиот концерт“, изјавил Енглер.
Енглер се потсетува дека Тоше престојувал во Англија неколку пати, за тоа време се снимале новите песни и спотови. „Тоше доаѓаше во Лондон во неколку наврати за да ги сними песните за англиското CD. Работевме со неколку различни луѓе, но секогаш првите состаноци, средби започнуваа исто: Тоше ќе пееше, или соло или во придружба на гитара, и тоа беше повеќе од доволно за веднаш да се убеди некој да учествува во проектот“, изјавил Енглер.
Тоше беше на прагот на блескава светска кариера. „Верувам во своите квалитети и во квалитетите на луѓето околу мене. Чувствувам капацитет што треба да излезе од сегашните рамки“, изјавуваше Тоше, кој со нетрпение го очекуваше првенчето наменето за европскиот пазар.

Што мислите според вас да или не?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom