Англиски и германски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Cuklevvmachine
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јануари 2019
Мислења
14
Поени од реакции
4
Возраст
26
Па вака англискиот со години го учам но, сепак потежок ми е од германскиот. Германскиот јазик многу го учам од школото и дома малку ама побрзо го сваќам од англискиот.Како да ги научам уште повеќе двата јазици да го памтам некој збор побрзо и да не го забравам?
 
Па вака англискиот со години го учам но, сепак потежок ми е од германскиот. Германскиот јазик многу го учам од школото и дома малку ама побрзо го сваќам од англискиот.Како да ги научам уште повеќе двата јазици да го памтам некој збор побрзо и да не го забравам?
Колку години го учиш? Сигурно си тинејџер чим за Сити навиваш :P:P
Лично јас најдобро научив преку секојдневно посетување на англиски веб страни, читање артикли на англиски, а можда и највеќе преку гледање филмови/серии со превод на англиски. Кога некој збор не ти е јасен, пушти си гугл тренслејт и преведи го. Со секој преведен збор ти си го зголемуваш вокабуларот. Е сега некои зборови нема да ги запеметиш од прва, но на втор-трет превод веќе ќе ги знаеш.

За германски би ти препорачал истото да го правиш.
 
Германскиот и англискиот јазик имаат еден куп слични зборови (некои и дури исти/слични на изговор) па можеш и по некоја логика да ги поврзуваш (има и исклучоци ама ретко). Најубаво ти е да гледаш филмови англиски/амерички/германски со англиски/германски превод доле, и така тоа што го слушаш ќе го прочиташ, и веќе ќе знаеш шо сака да каже и ќе го запамтиш. Исто и со песни, можеш да читаш текстови дур ја слушаш и така ем ќе ја научиш песната, а и текстот/зборовите, ако има смисла текстот.

Памтењето на зборови е лична дарба, и не е секој подеднакво спремен да запамти ист број на зборови. Јас граматика сум тапа, ама вокабулар (поготово германски) сум солиден. Нешто што кај другите од групата/класот беше обратно. Граматика можеа солидно да научат, превод на зборови беа катастрофа :) Инаку поприродно ми доаѓа некој збор на германски да го кажам, отколку на англиски.

Или вадење на непознати зборови во тетратка (НЕ НА КОМПЈУТЕР!) и преведување на истите. По 20-30 нови збора на ден во просек, за некое време ќе знаеш многу зборови (Ако знаеш многу веќе од јазикот, ако си почетник, барем по 40-60 зборови,зависи и колку време имаш) Зошто не на компјутер? Според мене, кога пишуваш нешто со рака повеќе му се посветуваш и повеќе шанси има да го запамтиш, отколку машинско куцање на тастатура. Ова мене лично ми е подобро, не мора да значи дека и на другите. Твое е да пробаш :)
 
Мене на пример за да научам најмногу ми помогна гледањето на филмови со синхронизација. Филмови кои што си ги гледала повеќе пати и знаем за што се работи или знаем делови од репликите. Со филмовите супер се учи изговорот и незнам.. мене ми делува така што почнувам да размислувам на јазикот што го слушам.Па и општо гледањето на тв емисии исто така помага.
За пишувањето најдобро е читање на книги или стручни текстови со тематика која што те интресира. Потоа можеш некако да ги прераскажуваш тестовите на англиски или германски.

Добра апликација и страна е https://www.duolingo.com/. можеш да си наставиш англиско- германски и ќе си ги поминеш осноните работи за двата јазици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom