Аквариумски риби (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата рок-кејт
  • Време на започнување Време на започнување
на почеток почнав да чувам рипки во кугла ама то не е то... како што рече некој претходно направи скромно аквариумче,обезбеди ги основните услови и после ништо не е тешко.... мојот аквариум е со надворешен филтер така да нема потреба од `рчкање и буричкање во него,функционира одлично и задоволително
 
Имам аквариум.Имам пумпа,филтер термометар ми фали уште греац.Имам 2 скалари една зебра и еден карас.Ако мози идеи уште какви риби да си купам некои убави?Позз:helou:
 
Имам аквариум.Имам пумпа,филтер термометар ми фали уште греац.Имам 2 скалари една зебра и еден карас.Ако мози идеи уште какви риби да си купам некои убави?Позз:helou:
Прво кажи ни колкав ти е аквариумот, па да видиме дали ќе ги бере внатре.:)
Ако незнаеш, измери должина, ширина и висина, собери ги и подели со 10.
:)
 
Долзина 50 цм,ширина19 цм и 50 мм,висина 34 цм. И ај пресмтај ако мози.:D

!-DrIx-! напиша:
Долзина 50 цм,ширина19 цм и 50 мм,висина 34 цм. И ај пресметај ако мози.Фала
 
32 литри.
Види сега, тоа ти е малку за карасот само, плус па два скалари..:/
Прво да те прашам, го чуваш аквариумот каде што има постојана температура, бидејќи скалари без грејач во зима, тешко опстојуваат.
За рибиве, да сум јас на твое место би ги исфрлил сите, не у буквална смисла на зборот, и ќе си купам еден бета борец.

20050819121350.jpg

Исто можеш и да си докупиш зебри или danio rerio, баш убаву риби, лесни за чување и многу активни.
Друго можеш да видиш, сега ти зборам за јатни риби, бели облаци ги викаат, незнам за латинско име.
Само немој да го препунуваш, значи карасот неможам да го поднесам во 300 литри акв. а не па во 30 литарски, многу ќе ти прља, досаден е, плус ако имаш камења како подлога може и да ти ги пљука во стаклото па и да го пукне!
Скаларите се посебна приказна, сега најверојатно ти се мали, но тие се риби кои бараат голема површина.
 
Случајно налетав на еден аквариум што ми лежи во дневната, 150 литри... сите глупости тропости ги имам, многу рипчиња (најмногу скалари)...

Премногу работа и одговорност (кога правам генералка тоа трае цел ден, буквално) и поради тоа ја изгубив љубовта кон аквариумот.

Сега личи како сад полн со вода, без цвеќе.
 
Па аквариумот ми е во децката каде што имамм греење.Ке купам во скоро време риби какви што ми предлози.Ме интересира дали мозам да купам неонки.Карасот ке го отстранам.И која подлога е поубава камената или песочнат?фала
 
Можеш, неонките ти се јатни рипки, во големина слични како облачињата..Ама име..:pos:
Ако земаш, земи едно 5, само со скаларите, незнам како ќе иде работата, штрчат многу, да е до мене и скаларите би летале, само јатни ситни рипки би чувал.
Значи за камена или песочна подлога не сум слушнал за таква групација, значи песочната подлога е составена од камења, сега не од големи камења него ситни, 5 милиметри максимум. Значи за подлога ќе си исееш ако имаш можности поситен песок и ќе го наполниш аквариумот едно 5 сантиметри, позади стави повеќе за да прави илузија да изгледа како подлабоко.
Имам еден корен од винова лоза дома, ако си од Скопје ќе ти го дадам ако сакаш, баш би одговарал за толкав аквариум, а и убаво изгледа во аквариуми, плус како што сум слушнал ја омекнува водата што е добро за неонките, тие сакаат помека вода, како и скоро сите останати риби.

Случајно налетав на еден аквариум што ми лежи во дневната, 150 литри... сите глупости тропости ги имам, многу рипчиња (најмногу скалари)...

Премногу работа и одговорност (кога правам генералка тоа трае цел ден, буквално) и поради тоа ја изгубив љубовта кон аквариумот.

Сега личи како сад полн со вода, без цвеќе.

Види, баш затоа што немаш никаква биолошка рамнотежа во акваримот ти е станат бољер.
Неделно ти се потребни околу 20-30 минути, плус секој ден 5 минути за храна, за да имаш перфектен аквариум.
Прво грешка ти е тоа што имаш премногу измешано риби, потоа нема никаква потреба да му првиш потполна генералка, на една недела само ќе му вадиш до 30-40 посто од водата и ќе му дотураш нова, отстоена, многу лесно.
Со соодветна филтрација сето тоа ќе може да го одложиш и на две недели, а водата во аквариумот ќе ти биде чиста како солза!
:)
 
Карасот че го отстранам, која подлога е подобра? Со камења или песок? И дали би одговарало да купам риби неонки?
 
Колку според вас би живеел еден бета борец?Сакам да поставам рекорд од три години.Првиот ми умре за една година а вториот за две.
 
Колку според вас би живеел еден бета борец?Сакам да поставам рекорд од три години.Првиот ми умре за една година а вториот за две.
Може да истера и повеќе од три, сепак и три се одличен рекорд!
 
Види, баш затоа што немаш никаква биолошка рамнотежа во акваримот ти е станат бољер.
Неделно ти се потребни околу 20-30 минути, плус секој ден 5 минути за храна, за да имаш перфектен аквариум.
Прво грешка ти е тоа што имаш премногу измешано риби, потоа нема никаква потреба да му првиш потполна генералка, на една недела само ќе му вадиш до 30-40 посто од водата и ќе му дотураш нова, отстоена, многу лесно.
Со соодветна филтрација сето тоа ќе може да го одложиш и на две недели, а водата во аквариумот ќе ти биде чиста како солза!
:)

Знам бе батка, немам аквариум од вчера :smir:

Имав многу рипчиња, да ми беа измешани но потоа одлучив само скалари да чувам кои постепено изумреа (ги хранев колку што треба, филтрација оно ово се беше на место).

Да нема некоја болест или слично? Планирам да си земам нови па да не ми отидат џабе.
 
Ја порано имав рипчиња (караси&скалари) ама место стоена вода им стаив тазе и сите одеднаш почнаа да пливаат грбно. Прво си мислев да не научиле некоја нова дисциплина со цел да го изненадат нивниот стопан (читај јас) ама после 2-3 дена од коа почна да смрди на леш сватив дека пцоисале. :toe:
 
Па и ти да пливаш 3 дена грбно,и ти ќе пцовисаш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom