Дупер

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.453
Поени од реакции
8.650
Возраст
34
DUPER-photo-Tomi-Akimovski-640x330.jpg
49348857_2390743947620285_2755569859411574784_o.jpg


ДУПЕР е скопски бенд кој со себе носи нова енергија и свежина на музичката сцена.

Во составот влегуваат тројца млади музичари, Борис Какуринов на гитара и клавијатурa, Илчо Нечовски – вокал и бас гитара и Мартина Баракоска на тапани.

„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеваат да ја пренесат нивната позитивност.

Автори на музиката, текстот и аранжманот се самите ДУПЕР, а зад снимањето, миксот и мастерот на песната стои Ангел Ќосев од студиото „Подрумот“.

Засега имаат две песни Не сум твој тип и Тело за на телевизија


Дупер бенд и Авалон Продукција продолжуваат заедно!

Скопскиот бенд Дупер и Авалон Продукција потпишаа двегодишен договор за соработка во кој Авалон ќе биде издавач, организатор на концертите, како и букинг агенција на бендот кој моментално е актуелен со супер хитовите “Не сум твој тип” и “Тело за тв”.
Секако, следуваат и нови музички материјали, нов сингл, албум и многу концерти.​
 
Последно уредено:
Mи се допаѓа играњето што го има тој дечкото со наочарите во спотовите. Дупер се супер :aplauz:
Браво што потпишале договор со Авалон. Авалон знаат што прават и сигурен сум на добро ќе оди соработката. Ќе ги гура Авалон на концертиве со странски изведувачи како бенд за загревање пред почеток на настапот на странски изведувачи.
 
По распадот на СФРЈ, колку што знам, во Македонија ни некој издал сингл (ако ги изоставиме оние неколку наменски проекти за кои некој друг дал пари, и скоро сите наши евровизиски песни, зашто ни едните, ни другите „синглови“ не можат да се купат никаде), ниту пак ќе издаде. А најмалку па Дупер.
 
ОК беа со првата али втората некако им е очај. Се надевам нема да испадне она кај нас едно квалитетно, па после тоа тиња и да се вадат на тоа што им било најдобро и на стара слава да фаќаат ќар. Третото дело треба да им е нешто ултимејт за да повратат довербата, барем кај мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom