Апсолутна нула

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeroStyle
  • Време на започнување Време на започнување
Fantom_oh напиша:
Ако ги заприш сите извори на светов, јас ќе ја испијам цела вода на земјава... Ама пошо не мојш да ја заприш, испаѓат дека јас сум шампион и изводливо е да ја испијам... Тој ти е муабетов од погоре.

Арно викаш..Па и јас ми влезе ова во глава па морав тука да се олеснам,ќе полудев само прашања и прашања!! Значи сепак ништо неможе практично да се докаже(според мислењето на Димитар и мнг др кои држат место)
 
Според она што јас го имам запамтено на апсолутна нула престанува движењето во самиот атом но атомот па дури и врските меѓу атомите (во еден молекул) остануваат па не би требало да исчезне материјата. Но поради тоа што нема движење се намалува волуменот, а според некои математички докажувања ако земината топка се доведе на апсолутна 0 таа ќе има големина на портокал, што значи огромно намалување но не и исчезнување.
Ова е само она што го имам запамтено, не ми е струка :p
 
Не ми е логички да ИСЧЕЗНЕ. Да се трансформира, да се распадне, да смени волумен..ок.. може да исчезне само во USA дефинитивно! :)
 
Да првичните испитувања спроведени пред 200 години според кои е поставен законот според Gay-Lussac: V = const. T
кој е заснован на првичните испиувања на зависноста од температурата и волуменот.
Unbenannt.jpg

Ваквиот линеарен однос донесува заклучој дека при температура од -273,15 °C или 0 К телотот односно испитуваната материја би требала да има нула волумен, односно како што некои љубат да кажат , ќе исчезне телото.
Но од помодерните испитувања кои поради техничкиот напредок овозможуваат да се следи зависноста на Волуменот и температурата во областа во која пред 200 години не било возможно односно во супер ладните температури. Притоа се гледа дека сепак зависноста не е сосема линеарна туку дека им како се приближува кон точката од 0 К волуменот не се намалува повеќе линаерно туку немалувањето ан волуменот опаѓа и асимптотски се припближува кон 0 К во бесконечност. Значи нула волумен е теоретски не е возможен. Ваквиот однос на Материјата во однос на температурата дава многу важни сознанија за разбирање на енергијата односно материјата.
некој не занеше што е тоа Нанокелвини , еден нанокелвин е 10 на минус деветта келвини, инаку еден келвин е еднаков со еден °C.
 
Bacillus gagous напиша:

Ок фала и на тебе и на сите..Барем нешто сфатив сеа...Најважно дека таа температура не ни може да се постигне ! :)
 
ZeroStyle напиша:
Ок фала и на тебе и на сите..Барем нешто сфатив сеа...Најважно дека таа температура не ни може да се постигне ! :)
Ја има насекаде...

Универзумот (меѓу планетарните/ѕвезедените/галатичките пространства)...вакуумот на вселената е -273,16 C...

Само на поедини точки имате 3К односно -270 степени...заради Позадинското Космичко Зрачење...
 
А зошто не може да се постигне таа температура може некој да ми каже????? Пошо гледам дека јаки физичари сте овдека.....:smir:
 
Не може затоа што не постои начин да од едно тело се извлече целата енергија....се уште се нема направено таков изолиран систем кој тотално ќе оневозможи размена на топлина со околината.:toe:
 
Neznam koj kaza rece deka -273,xx e apsolutna nula, mislam zatoa sto taa temperatura e registrirana vo Vselenata
 
Не може затоа што не постои начин да од едно тело се извлече целата енергија....се уште се нема направено таков изолиран систем кој тотално ќе оневозможи размена на топлина со околината.:toe:

За жал-иако има обиди.

Не ми е логички да ИСЧЕЗНЕ. :)

во пракса намалувањето на волуменот не значи дека и материјата ќе исчезне...ни под разно,за да исчезне истататреба да се трансформира...во енергија.
 
Јас не верувам телата на 0К да изчезнуваат.Во вселената во вакумот температурата е 0К но метеорите кога минуваат низ веселаната тие не исчезнуваат.Можеби некој кој се близу некој соларен систем се загреваат од таа ѕвезда „блиску“ до нив но тие метеори кој не се близу ѕвезда?Се тријат од вакумот па се загреваат?
 
Според некоја треорија би можело да биде и вака: Знаеме дека телата на поладна температура се собираат па можеби ако се достигне таа температура можно е да дојде до тоа да исчезне. Тоа е мое мислења што и не мора да биде така :)
 
Не верувам дека телата би исчезнале на апсолутната нула. Колку што знам досега е постигната температура многу блиска до апсолутната нула, па ништо не се случило.:toe:
 
Јас не верувам телата на 0К да изчезнуваат.Во вселената во вакумот температурата е 0К но метеорите кога минуваат низ веселаната тие не исчезнуваат.Можеби некој кој се близу некој соларен систем се загреваат од таа ѕвезда „блиску“ до нив но тие метеори кој не се близу ѕвезда?Се тријат од вакумот па се загреваат?

Fail !!!!!
вселената е загреана на комотни 5-6 степени над нулата
Според класична физика, телото би требало да исчезне, и физички нема да постои, но според квантната физика кварките од кое е составено се уште тука
 
Aj и јас да го употребам изразот .... Fail !!!!!

Може да биде загреано само нешто што има маса.

Поинаку нема што да ја задржи таа загреаност (топлината)

- Низ вселената колку и да таа изгледа празна пак низ тој простор поминуваат разни зрачења кои содржат некоја енергија во себе, има слободни честици од разни гасови и цврсти материјали, ние мерењето на температурата го вршиме на тој начин така што топлината од околината предизвикува некоја реакција на мерниот уред и тој таа реакција, нејзината големина, во зависност од количеството на топлина кое е апсорбирано во мерниот уред на посебно избаждарена скала ја гледаме како степен на загреаност односно температура. Значи во вселената всушност на некој начин го мериме топлинскиот потенцијал на зрачењата кога тие би наишле на одредена препрека, тело (цврсто, течно или гасовито).

- тоа со исчезнувањето не сум го досега проверил:vozbud::kesa:......но лесно може да се провери......во равенката за топлинска дилатација за одреден материјал, вметни ја големината на апсолутната нула, употреби дигитрон и пиши го резултатот.:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom