city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
- Возраст
- 37
Џорџ Буш го избра Роберт Зелик, поранешниот американски министер за трговија и заменик на државниот секретар, за нов претседател на Светската банка, јавува Асошиејтед Прес. Конечната одлука за неговата инаугурација треба да ја донесе бордот на директори на банката.
После скандалот со Пол Волфовиц кој беше принуден да си даде оставка, администрацијата на Буш се одлучи за Зелик, некогашниот втор човек на Кондолиза Рајс во Стејт департментот, кој играше клучна улога во обединувањето на Германија во 1990-та година.
Изворите на Светска банка велат дека прогласувањето на изборот за нов претседател било проследено со внимателни преговори помеѓу секретарот на државната благајна на САД, Хенк Полсон и водечките членови на организацијата, вклучувајќи ги и Британија и Германија. Доколку одборот на извршни директори на Светска банка го одобри изборот на Буш, Зелик ќе ја преземе функцијата на 30 јуни, дента кога Волфовиц ќе се повлече.
Иако Зелик доаѓа од конзервативното крило на американската Републиканска партија, сепак за разлика од Волфовиц, тој има богато искуство во финансиското и економското раководење. После функцијата заменик државен секретар и ограничувањето како економски потсекретар во ’80-те години, во 2001-ва година тој доби поодговорна улога како прв претставник за трговија на Џорџ Буш.
извор:
www.on.net.mk