100 македонски романи кои мора да ги прочиташ во животот

Член од
21 август 2014
Мислења
48
Поени од реакции
11
Последната алка. Преубава книга од Арсиќ Стојан. Сметам дека вреди да се прочита. Кој ја има прочитано знае колку е добра.
 
Член од
8 март 2020
Мислења
2
Поени од реакции
7
За сега прочитано ја имам само Големата Вода...
Сакал би некој да ми позајми една книга од листата?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.702
Поени од реакции
36.363
„Смелата дружина“ Кочо Урдин (роман за деца, 1971)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.190
Поени од реакции
35.162
Еве, бидејќи неколкумина кликнавте на „Ми се допаѓа“ на воведното мислење, што би додал на листата за овие година и пол поминати од креирањето:

101. Страв од варвари - Петар Андоновски 2018 (ја зеде Европската награда за литература)
102. Песот со тажен поглед - Оливера Николова 2019 (роман на годината, Фондација „Славко Јаневски“)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.146
Поени од реакции
10.082
Ништо не правиме без "Диссомнии" на листава, а зошто да не и "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка", па и "Гаргара".
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.190
Поени од реакции
35.162
Ништо не правиме без "Диссомнии" на листава, а зошто да не и "Првиот универзитетски ден на мојата ќерка", па и "Гаргара".
И Вишнова хроника ја нема. Ама пишав на кој начин ја креирав листата - тука се само лектирите и наградуваните романи. На Игор, за жал, ни еден од трите не освои никаква награда, а исто и Вишнова хроника на Фросина.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.146
Поени од реакции
10.082
И Вишнова хроника ја нема. Ама пишав на кој начин ја креирав листата - тука се само лектирите и наградуваните романи. На Игор, за жал, ни еден од трите не освои никаква награда, а исто и Вишнова хроника на Фросина.
Диссомнии е добитник на 'Рациновото признание' во 2018 година, ако не грешам највредното признание за еден роман по 'Роман на годината од Утрински'.


Плус, не секој награден роман е и квалитетен. Пример "Птиците од ланските гнезда" на Маџунков е срање, без разлика што ја освои наградаѕа "Роман на годината".
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.190
Поени од реакции
35.162
највредното признание за еден роман по 'Роман на годината од Утрински'.
Друштвото на писателите на Македонија, доделува награда за најдобро прозно дело, и најдобра книга за деца - и истите се вклучени во листата. Рациновото признание не е, зашто тешко дека ќе можев да направам ТОП 100 ако го додадам и тоа. Ама ајде, ќе пробам некако да ја изменам листата и да ги вклучам и овие наградени.

Инаку, се согласувам дека не секој награден роман би ми се допаднал и мене. Но, за наградените романи обично одлучуваат комисии чии членови се најчесто покомпетентни од еден @Zlatikevichius или @Shawn Spencer . Затоа, по мое мислење, листата на тој начин би била пообјективна отколку листа на тоа што мене или тебе ни се допаѓа, а што не. Според мене, „Вишнова хроника“ е во топ 10 македонски романи кои сум ги прочитал во животот, ама сепак не го додадов во листата.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Слаб сум некако. Само 12 сум прочитал од листава. Ќе мора да почнам посериозно

Не ја приметив на листата па би ја пишал
,,Мисија" - Миле Костов. Интересна ми беше доста. За тие што се љубители на окултизам, нф, мистерија, тајни друштва.
 
Член од
11 јануари 2021
Мислења
1
Поени од реакции
1
Еве ја и темата што ја побара @Krk1 . Read only, или не, ќе оставам за тоа да одлучат модераторите на подфорумов. А што е поентата? Поттикнат од неколку слични листи кои ги направија BBC, како 100 најдобри британски романи на сите времиња, 100 книги кои мора да ги прочиташ пред да умреш и сл, а знаејќи дека никој не се нафатил да направи ништо слично, а наше, се одлучив да направам јас една таква листа. Не ми беше на ум да направиме листа само со прозни форми, но така полесно ми беше, па ете, се обидов да стокмам една, што е можно пообјективно. Во план имав да направиме нешто големо, како тоа на BBC, и на пример, да контактирам 100 наши писатели, поети, книжевни критичари, публицисти и новинари и да ги замолам истите да состават свои топ 10 или топ 20, да речеме. Но тоа би било макотрпна работа и мислам дека е можно да биде осудена на неуспех од старт.

Затоа направив една листа во има само подолги прозни форми: новели, романи, но и сказни за деца, ама нема збирки раскази или поединечни раскази, нема драми, поезија и др. книжевни видови. Значи - вклучено е само она прозно кое е објавено како засебно издание, т.е. како посебна книга. Сега, можеби имам направено некои грешки, но затоа сте тука вие да ме исправите.

Ги вклучив сите наши лектирни изданија, од наше време и од ново време, и за основно и за средно, потоа: скоро сите добитници на наградата „Стале Попов“ на ДПМ (не се вклучени збирките раскази и неколку романи од 90-тите за кои не можев да најдам никакви податоци), поголем дел од добитниците на наградата „Ванчо Николевски“ на ДПМ (пак, ги нема оние за кои не можев да пронајдам податоци), и СИТЕ добитници на наградата Роман на годината на Утрински весник / Фондација „Славко Јаневски“. Знам дека веројатно има уште многу вредни нешта кои можат да се стават во листата и некои кои можеби и незаслужено се тука, но реков, нека биде ова work in progress, па се надевам заедно ќе ја подобриме.

Еве ја листата (по азбучен ред):

1 Spectator - Жарко Кујунџиски 2003
2 Арамиско гнездо - Ѓорѓи Абаџиев 1954
3 Балканвавилонци - Луан Старова 2014
4 Белата долина - Симон Дракул 1962
5 Белото циганче - Видое Подгорец 1972
6 Бојан - Глигор Поповски 1973
7 Бродови - Петре Димовски 2011
8 Бунар - Димитар Башевски 2001
9 Вест Ауст - Божин Павловски 1978
10 Вештица - Венко Андоновски 2006
11 Вивариум - Методија Фотев 2010
12 Вкусот на праските - Влада Урошевиќ 1965
13 Волшебното самарче - Ванчо Николески 1962
14 Втора смена - Велко Неделковски 1983
15 Големата вода - Живко Чинго 1971
16 Големата шума - Видое Видичевски 1986
17 Големи и мали - Бошко Смаќоски 1966
18 Гоце Делчев - Ванчо Николески 1964
19 Дваесет и првиот - Томислав Османли 2009
20 Две Марии - Славко Јаневски 1956
21 Дворскиот поет во апарат за летање - Влада Урошевиќ 1996
22 Девојките на Марко - Оливера Николова 1987
23 Девојчето со две имиња - Јадранка Владова 1993
24 Доилката - Лилјана Пандева 2016
25 Домот на Александар - Митко Маџунков 1992
26 Дружината „Братско стебло“ - Јован Стрезовски 1967
27 Единаесет жени - Снежана Младеновска - Анѓелков 2011
28 Ервехе - Луан Старова 2005
29 Златното јаболко - Христо Петрески 2014
30 Зора зад аголот - Димитар Солев 1984
31 Ѕиркачот - Александар Прокопиев 2007
32 Изгубен жегол - Милован Стефановски 2003
33 Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева 2008
34 Исти очи - Горјан Петревски 1993
35 Јадица - Владимир Плавевски 2013
36 Калеш Анѓа - Стале Попов 1958
37 Ќерката на математичарот - Венко Андоновски 2013
38 Киндер квачка - Киро Донев 1999
39 Кратката пролет на Моно Самоников - Димитар Солев 1964
40 Крвта на еукалиптусот - Иван Чаповски 1996
41 Кристална планета - Томе Арсовски 1990
42 Крпен живот - Стале Попов 1953
43 Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ 1999
44 Куклите на Росица - Оливера Николова 2004
45 Манастир Фуентерабија - Јагода Михајловска - Георгиева 2017
46 Марта - Горјан Петревски 1989
47 Маџун - Влада Урошевиќ 2018
48 Милосија - Ката Мисиркова-Руменова 1982
49 Миракули на грозомората (Кучешко распетие, Чекајќи чума, Девет керубинови векови) - Славко Јаневски 1984
50 Мојот пријател А - Јадранка Владова 1992
51 Мојот Скендербеј - Драги Михајловски 2006
52 Момчето молња - Јагода Михајловска - Георгиева 1989
53 Невестата на змејот - Влада Урошевиќ 2008
54 Некој бил тука - Николина Андова Шопова 2018
55 Нишан - Блаже Миневски 2007
56 Одбројување - Фросина Пармаковска 2017
57 Она што беше небо - Владо Малески 1967
58 Опишувачот - Ермис Лафазановски 2001
59 Папокот на светот - Венко Андоновски 2000
60 Патешествијата на Силјан Штркот - Видое Подгорец 1983
61 Пиреј - Петре М. Андреевски 1980
62 Последните селани - Петре М. Андреевски 1997
63 Потомците на Кат - Методија Фотев 1966
64 Проверка на слободата - Јован Павловски 1998
65 Пропатување низ приказните - Димитар Пандев 2009
66 Птиците од ланските гнезда - Митко Маџунков 2013
67 Пустина - Ѓорѓи Абаџиев 1961
68 Разбој - Владо Малески 1969
69 Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски 2002
70 Резервен живот - Лидија Димковска 2012
71 Рогот на љубовта - Божин Павловски 2014
72 Свадбата на Мара - Владимир Костов 1977
73 Светлина зад ридот - Трајче Крстески 1990
74 Село зад седумте јасени / Стебла - Славко Јаневски 1952 / 1965
75 Сенки и жед - Борис Вишински 1958
76 Сестрата на Зигмунд Фројд - Гоце Смилевски 2010
77 Силјан штркот - Марко Цепенков /
78 Сказна за детето Вилен - Глигор Поповски 1952
79 Скриена камера - Лидија Димковска 2004
80 Слана во цутот на бадемите - Мето Јовановски 1965
81 Смртта на дијакот - Драги Михајловски 2002
82 Снегот во Казабланка - Кица Колбе 2005
83 Собирачи на пепел - Давор Стојановски 2016
84 Сок од простата - Јован Павловски 1991
85 Солунските атентатори - Јован Бошковски 1973
86 Споменка - Горјан Петревски 1982
87 Сребрените снегови - Живко Чинго 1966
88 Тврдоглави - Славко Јаневски 1969
89 Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски 2015
90 Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко - Јован Павловски 1972
91 Толе Паша - Стале Попов 1956
92 Требаше да се сликаме пред да се замразиме - Блаже Миневски 1998
93 Умните измислувачи - Виолета Мартиновска 2015
94 Храпешко - Ермис Лафазановски 2007
95 Црвениот коњ - Ташко Георгиевски 1975
96 Црно семе - Ташко Георгиевски 1966
97 Црноборје - Петар Ширилов 1972
98 Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев 2010
99 Џахиз и истребувачите на кучиња - Пајо Авировиќ 2005
100 Шеќерна приказна - Славко Јаневски 1952

Се надевам оваа листа ќе биде почетна точка која ќе придонесе да прочитаме повеќе дела од наши автори. Па еве, нека биде ова предизвик за сите: може ли некој да прочита се од тука?

P.S. Јас имам само 34/100 прочитани.
„Кратката пролет на Моно Самоников“ е едно од најубавите дела излезени од перото на Димитар Солев!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
34/100
Не е така лошо.
Туку... ги има ли ви PDF формат? Да ги дочитувам и препрочитувам.
 
Член од
13 март 2017
Мислења
36
Поени од реакции
14
Дали некој знае кои автори се добитници на наградата "Стале Попов"?
Барам по нетов, ама не можам сите да ги најдам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.190
Поени од реакции
35.162
Дали некој знае кои автори се добитници на наградата "Стале Попов"?
Барам по нетов, ама не можам сите да ги најдам.
Нема уште. Обично во февруари ги доделуваат тие награди. Ама има информација кои конкурирале.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom