100-годишнина од Букурешкиот мировен договор

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Балканските војни се окупаторски, Букурешкиот мир повеќе не важи

Ова, меѓу другото се вели во посебната резолуција усвоена на 23. Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес (СМК) што денеска се одржува во Скопје.

Генералното собрание се одржува под мотото „100 години окупација врз Македонија - 100 години геноцид врз македонскиот народ“ и е посветено на одбележувањето на 100 годишнината од Балканските војни и Букурешкиот договор.

- За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет Букурешкиот договор повеќе не важи. Затоа бараме права и слободи во земјите кадешто живееме, извинување и репарација за штетите предизвикани од Балканските војни до денес, враќање на граѓанските, имотните, наследните права и државјанствата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, рече претседателот на СМК Тодор Петров.

Бараме, нагласи, и безусловен крај на разговорите за државното име и продолжување на членството на Македонија во ОН и сите меѓународни организации под единственото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република без латинична транскрипција на макеоднскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик без транскрипција, туку на англиски јазик the Macedonian people и the Macedonian language.

Името на државата, како што посочи, е гаранција и за името на нацијата и на јазикот, бидејќи, како што рече, од името на државата произлегуваат и имињата на јазикот и на нацијата.

Нагласи дека и на ова Генерално собрание ќе се реафирмира неотуѓивото право на Македонците на самоопределување и самоидентификација, но и правото на обединување на Македонија по мирен пат во согласност со меѓународното право.

- За окупацијата и геноцидот простуваме, но не ги забораваме. Испраќаме искрена порака за мир и во таа насока нудиме потпишување договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и нејзините соседи Грција, Бугарија, Србија и Албанија, рече Петров.

Нестор Огинар порача дека е крајно време Европа да го урне и последното парче од „Берлинскиот ѕид“ кое ја дели Македонија.

- Ние го заслужуваме тоа. Се додека Европа не го урне и ова парче од ѕидот нема да биде цела, порача Огинар.

Ѓорѓија Џорџ Атанасовски рече дека нема сила што може да ги скриши Македониците доколку се единствени.

- Крајно време е да се обединиме, бидејќи единствено така ќе бидеме силни. Ако сме единствени нема сила што може да не скрши. Никој не може да ни го смени името доколку сме обединети ниту Обама, ниту, пак, Путин. Името единствено можеме да го смениме сами, но тоа никој не смее да го направи зошто ќе се смета за велепредавство, рече Атанасовски.

Светскиот македонски конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија под слоганот „100 години окупација врз Македонија - 100 години геноцид врз македонскиот народ“, денеска организираат Марш за жртвите од Балканските војни.

Маршот ќе започне во 13 часот од Музејот на ВМРО, а ќе се движи преку Камениот мост до плоштадот Македонија и старата железничка станица, се до Мисијата на Европската унија.

Во 14 часот на Петра Андерсон, вршител на должноста висок претставник на Европската унија во Република Македонија, во седиштето на ЕУ-Мисијата во Македонија, делегацијата ќе и предаде писмо со барање до ЕУ и земјите членки на Унијата за права и слободи на Македонците, извинување и репарации за окупацијата и геноцидот од Балканските војни, враќање на граѓанските права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни до денес и безусловно признавање на државното име Македонија, името на македонскиот народ и на македонскиот јазик.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/126107-SMK-Za-Makedoncite-Balkanskite-vojni-se-okupatorski



ПАНИХИДИ И БИЕЊЕ НА КАМБАНИТЕ ВО СИТЕ ЦРКВИ НА МПЦ ВО ПОМЕН НА ЖРТВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

9 август 2013 година, Скопје, Македонија - На 10 август 2013 година (сабота) по повод 100 годишнината од Балканските војни 1912-1913 година и Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, во сите цркви на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, во Републиката и во епархиите надвор од Македонија, после утринските богослужби, во 11 часот ќе се одржат панихиди во помен на жртвите на македонскиот народ во Балканските војни, загинати, убиени и упокоени за ослободувањето и обединувањето на Македонија.

Светскиот Македонски Конгрес ги повикува сите Македонци кои на 10 август 2013 година не организираат мирни протести или маршеви по повод 100 годишнината од Балканските војни, да присуствуваат на утринските богослужби во најблиската македонска црква и на панихида во помен на жртвите на македонскиот народ во Балканските војни, загинати, убиени и упокоени за ослободувањето и обединувањето на Македонија.

На 10 август 2013 година, во 12 часот, камбаните на сите македонски цркви во целиот свет ќе бијат неколку минути за да ја пренесат веста за поменот на жртвите на македонскиот народ во Балканските војни, загинати, убиени и упокоени за ослободувањето и обединувањето на Македонија, како и да го потсетат светот на ужасите од војните и упатат порака за мир и љубов меѓу луѓето, народите и државите наспроти омразата и војните.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Џабе е ова кога ништо друго нема да се случи.
Политичарите ги боли qr, поповите праат панихида, а егејците се палат...
Многу работи треба да се сменат за Солун да стане главен град.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Кое црно обединување?
Што оти го запалија Букурешкиот договор..Јаки само на уста...теми да имаат сиромашните....
Нас туку-така ќе ни ги вратат границите.. :facepalm:
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Еве ви го Букурешкиот мировен договор кој сака нека го види и прочита
--- надополнето: 10 август 2013 во 12:40 ---
АЛЕKСАНДАР СТОJЧЕВ, ВОЕН ИСТОРИЧАР

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ГЕНОЦИДОТ ВО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ


Присвојувањето делови од Македонија направено врз основа на Букурешкиот договор никогаш не е официјализирано бидејќи тој подоцна воопшто не е ратификуван во парламентите на балканските држави. Но, овој факт не може да предизвика некаква промена на она што е направено според договорот пред сто години, наведува во интервју Александар Стојчев, воен историчар, кој со својот татко Ванче Стојчев е автор на капиталното дело „Букурешкиот договор и поделбата на Македонија во 1913 година“. Во овој труд е претставена огромна архивска граѓа од која се гледа како договорот бил склучен и какви последици предизвикал.

Во делото посочувате дека не е најден доказ оти Букурешкиот договор има „рок на траење“, но наспроти тоа, и теза дека договорот воопшто не е валиден. На што го темелите ова тврдење?

- Со потпишувањето на Букурешкиот договор се изменети границите воспоставени со Берлинскиот договор од 1878 година, но без верификација, односно ратификација на големите сили, кои единствено биле надлежни според договорот од Берлин да ги менуваат граничните линии. Од друга страна, членот 4 од Уставот на Kралството Србија од 1888 година, предвидувал дека само Големото народно собрание можело да ги менува границите на српската држава. Ова специјално собрание никогаш не било свикано за да ја ратификува анексијата на Kосово, Новопазарскиот санџак и на дел од Македонија во 1913 година. Анексијата на новите територии била направена благодарение на меѓународните договори, но Лондонскиот договор од 30 мај 1913 година, со кој е завршена Првата балканска војна, никогаш не бил ратификуван ниту од Србија ниту од Турција. Букурешкиот договор од 10 август 1913 година исто така не бил ратификуван од балканските држави.

Значи, Букурешкиот договор на легален план не го официјализира присвојувањето делови од Македонија. Букурешкиот договор е потпишан во една хаотична состојба за сите учесници, кои биле притискани од големите сили по секоја цена да ја завршат војната за да не се предизвика светски судир. Ниту една страна-потписничка на Букурешкиот договор не била задоволна со добиените територии бидејќи не ги задоволувале нивните големодржавни апетити. Затоа и не бил ратификуван Букурешкиот договор, кој донел само незадоволство и проблеми на Балканот. Не е ратификуван ниту Цариградскиот договор меѓу Османлиска Турција и Бугарија од септември 1913 година. Исто така, мировниот договор од март 1914 година меѓу Србија и Османлиската Империја никогаш не е ратификуван поради објавување војна меѓу двете држави во октомври 1914 година. Територијалниот интегритет на новосоздадените држави во однос на териториите во Македонија бил загарантиран со влегувањето во Друштвото на народите. Членот 10 на Друштвото на народите на секоја земја-членка на Друштвото меѓу другото ~ гарантирало и територијален интегритет.

Планиран геноцид

Што може таа теза да промени сега, по еден век?

- Може да го дисквалификува и означи Букурешкиот договор како најлош пример на правната пракса како не треба да се прават меѓународни договори. Други промени се речиси невозможни бидејќи РМ и во Уставот јасно декларира дека нема територијални претензии кон ниту еден сосед и со полно право си ги брани и унапредува стекнатите позиции во меѓународните односи како дел од системот на ОН и како аспирант за евро-атлантските интеграции.

Дел од книгата ~ е посветен на геноцидната политика, какви биле последиците за македонскиот народ?

- Балканските сојузници (Kралството Србија, Kралството Бугарија и Kралството Грција) веднаш по окупацијата на Македонија во 1912 година почнале да ја спроведуваат геноцидната политика кон македонскиот народ. Балканските војни 1912-1913 година и решенијата од Букурешкиот мировен договор на 10 август 1913 година, па и Првата и Втората светска војна и особено Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година покажаа дека геноцидната политика ја доживува својата материјализација како дел од тоталната војна. Kорените на грчката, српската и на бугарската геноцидна политика кон туѓите народи се многу длабоки и се втемелени во нивните големодржавни програми, во грчката „Мегали идеја”, во проектот „Начертанија” и во прелиминарниот Санстефански договор. Од тие времиња геноцидната политика во Македонија континуирано е присутна во проектите на инспираторите на големодржавните програми. Во кризните состојби таа се користела како поттик, а во воените како начин на остварување на националните цели. Тешко е да се каже дека во некој народ има нешто геноцидно, но сигурно е дека во секој народ има групи што лесно се определуваат за геноцид. Според тоа, спроведувањето на геноцидната политика во Македонија претставува однапред планирана и темелно подготвена политика и практика на владетелите и на владите на окупаторските земји, а никако не спонтана или местимична појава која би била зависна од волјата или од омразата на поединецот. Тоа била државна политика, која била поттикнувана со: неостварените големодржавни идеи, со загубата на влијанието на црквата врз туѓи територии и со изразениот реваншизам за поразите и неостварените цели во претходните војни.

Враќање на имотите

Во Заклучокот се посочува дека геноцидот не застарува и дека Македонија може да го покрене ова прашање, заедно со враќањето на имотите на прогонетите Македонци?

- Имајќи ги предвид меѓународното право и одредбите на Kонвенцијата за незастарување на воените и на злосторствата против човештвото, како што е геноцидот, Ерменија веќе го постави пред меѓународните институции прашањето за извршениот геноцид од османлиската војска врз Ерменците во 1915 година. Бугарија се подготвува од Турција да бара надомест од десет милијарди долари за потомците на воените бегалци од 1913 година, кои османлиските војски ги присилиле на бегство во денешна Источна Тракија или европскиот дел на Турција. Македонија ги исполнува сите услови за да го покрене прашањето пред меѓународните институции и да бара одговорност за извршениот геноцид врз македонското население и враќање на имотите на прогонетото македонско население од своите имоти. Притоа, Македонија треба да го користи искуството на Израел бидејќи и таа држава не постоела во време кога бил извршен геноцидот врз Евреите, а успеала да ги добие сите 100.000 спора против Германија и швајцарските банки за извршениот геноцид и запленетиот имот и да добие соодветна компензација. Македонија треба на сите Македонци од егејскиот дел на Македонија без оглед каде живеат, да им даде државјанство и да се постави како држава-наследник на сите Македонци. Потоа, прогонетите Македонци веднаш да ги прогласи за бегалци. РМ треба да стане нивна матична држава и нивен правен заштитник. Со тоа проблемот на бегалците од егејскиот дел на Македонија станува дел од проблемите на меѓународното право на решавање во надлежност на меѓународните институции. Македонија како аргумент може да ги користи и меѓународните договори што Грција ги потпишала во врска со иселувањето на македонското население. Со Нејскиот договор од 1919 година Бугарија ~ исплатила компензација на Грција за протераните Грци од бугарска територија. Во 1923 година Грција и Турција го потпишале договорот во Севр со кој Турција на Грција ~ исплатила обесштетување за имотите на протераните Грци од Мала Азија. Со донесувањето на Нирнбершките принципи во 1946 г. прогонот на македонското национално малцинство во Грција правно е заокружено како злосторство против човештвото.

Сведоштва за Македонците

Што од тоа првпат сега се објавува?

- Првпат во светот се објавуваат факсимилите од Букурешкиот договор проследени со превод, и тоа на македонски јазик. Документи во кои експлицитно се спомнуваат Македонците, на пример, активноста на Даме Груев-Македонецот, кој се спротивставува на српско-бугарски договарања за решавање на македонското прашање без Македонците во 1906 година, поради што набрзо е ликвидиран, документи за самостојна дејност и воени успеси на вооружените формации на македонскиот народ, кои без ничија помош ослободуваат важни стратегиски позиции и места во Македонија под османлиска власт, документи во кои се наведува окупација на Македонија и асимилација на македонското население, присилна мобилизација во туѓи војски, необјавувани документи за дејноста на ВМРО за ослободување на Македонија, дипломатска активност на Власите од Македонија за создавање автономна Македонија, документи за Тиквешкото востание како реакција на македонскиот народ против српската окупаторска власт по Првата балканска војна и необјавувани документи за Охридско-дебарското востание како реакција на македонскиот и албанскиот народ против српската власт.

1001570_10151811348560140_1505761886_n.jpg
 

Attachments

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.824
Поени од реакции
2.914
Нашите во дијаспора нека вреват и да чујат сите краишта на светов што се случувало за Македонија и ако не можат да ни вратат граниниците,имотите,репарации и се друго барем нека ни признае името МАКЕДОНИЈА и зачувување на индендитот само тоа ни останува како последна граница од борбениот фронт .
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Букурешкиот договор престана да важи оној момент кога една од окупаторските страни (србија) врати одземената територија.
И друга окупаторска сила (бугарија) сакала да ја врати територијата ама
"нашиот мил и сакан друже тито" - англиски масон (маме му ебам кај се роди) не му го овозможил тоа задоволство на тодор живков
Нема што да се повикуваме на тој договор кога одамна му е помината важноста.
Во моментот треба да спречиме да се направи нов букурешки договор - притисокот од
FOTMER REPUBLIC OF YUNINISTAN името МАКЕДОНИЈА
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Замислете дијаспората се собра, ние едвај камбаните ги чукнавме ако воопшто и се случи тоа? - "Шо му е на вија луѓе"?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
А кој ги дефинирал границите на Букурешка Македонија??
Се вели поделба се направи но дали тогаш Македонија имала свои меѓународно признати граници?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.024
Поени од реакции
3.779
Со Букурешкиот договор етничка Македонија е поделена помеѓу КРАЛСТВОТО Србија, КРАЛСТВОТО Бугарија и КРАЛСТВОТО Грција а стето тоа под покровителство на големите европски сили -читај ЕВРОПСКИ КРАЛСТВА.
Тука е и грешката на нашите тогашни дејци за ослободување и создавање на независна или автономна држава. Сите наши позначајни борци за ослободување се СОЦИЈАЛИСТИ кои сакале да создадат РЕПУБЛИКА. Во тоа време сите моќни држави во европа се КРАЛСТАВА и нормално дека не биле луди да ја сечат гранката на која седат и да помогнат и создадат некоја република. Во тоа време и еднинствената држава која е славјанска и на чија помош сме можеле да се надеваме - Русија е МОНАРХИЈА која мака мачела со социјалистите и ни на крај памет не им било да подржат некои социјалисти да формираат република. Со социјалистичка ориентација и намера да создадат република, во тоа време, нашите неможеле да се надеваат на никаква помош туку напротив нормална рекација на кралствата било да сотрат во корен една социјалистичка пројава. Ако нашите во тоа време сакале да бидат подржани и да создадат држава морале да си излобираат во странство некоја од европските сили да им ДАДЕ КРАЛ. Исто е и со Илинденското востание. Нашите се надевале дака востанието ке добие одек во Европа и ке добиеме подршка. Убаво ама нашите уште веднаш прогласиле РЕПУБЛИКА и добиле шипки од Европа. Зборот РЕПУБЛИКА и СОЦИЈАЛИСТ во тоа време во европа биле БАБА РОГА за сите големи сили.
Тука е нашиот крах и причината за Букурешкиот договор.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
Букурешкиот договор престана да важи оној момент кога една од окупаторските страни (србија) врати одземената територија.
И друга окупаторска сила (бугарија) сакала да ја врати територијата ама
"нашиот мил и сакан друже тито" - англиски масон (маме му ебам кај се роди) не му го овозможил тоа задоволство на тодор живков
Нема што да се повикуваме на тој договор кога одамна му е помината важноста.
Во моментот треба да спречиме да се направи нов букурешки договор - притисокот од
FOTMER REPUBLIC OF YUNINISTAN името МАКЕДОНИЈА
"нашиот мил и сакан друже тито" -- tokmu toj bese inicijator na toa za sto ti go pisuvas,bese inicijator i na priklucuvanje na bugarija vo jugoslovenskata zaednica na juznoslovenski narodi,sto najverojatno i ke bilo ostvareno,megutoa doaga 48 ,i staljin stava kraj na seto toa,informiraj se podobro pred da osuduvas nekogo za nesto
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Букурешкиот договор престана да важи оној момент кога една од окупаторските страни (србија) врати одземената територија.
И друга окупаторска сила (бугарија) сакала да ја врати територијата ама
"нашиот мил и сакан друже тито" - англиски масон (маме му ебам кај се роди) не му го овозможил тоа задоволство на тодор живков
Нема што да се повикуваме на тој договор кога одамна му е помината важноста.
Во моментот треба да спречиме да се направи нов букурешки договор - притисокот од
FOTMER REPUBLIC OF YUNINISTAN името МАКЕДОНИЈА
А на кој му ја вратија? Нели со букурешки договор се подели територијата на Турција, Србија не врати ништо на Турција. Не е така едноставно како што мислите и освен носталгија нема ништо да се направи по основ на Букурешки договор. Тогаш Македонија не постоела како држава немаше своја државна територија своји граници. Беше Турција (како држава - правен субјект) овде.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Никаде не е спомнато дека се дели некоја држава Македонија, туку територии окупирани од Отоманското Царство. Така да, тоа за враќање територии се само патриотски романтизми. Не биле глупави тогаш Бугарите, Србите и Грците па да поставуваат клаузули или пак да напишат дека си делат држава, со што некад во иднина може да ги изгубат териториите.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Нели Илинденското востание било за ослободување од турско ропство на Македонија и Македонците.
Турција била окупатор на Македонска територија.Војната ја загубила од ослабеност и голема задолженост а кога некој ќе загуби војна автоматски се враќаат териториите на сопствениците.За поделбата и сами имаме голема вина бидејќи никој не се побунил а и секако сме се нарекувале само не Македонци,Многу малку биле што се нарекувале Македонци,додека Турците не нарекувале каури.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не знам зашто разправувате за този договор,кога тоj е неважечки уште после 1918 година со подпишуване на целата система от Версаjски договори,а после тоа и после ВСВ Парижките договори...?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom