10-те најстрашни филмови на сите времиња

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.108
Поени од реакции
818
Се претпоставува дека ова се 10-те најстрашни и најморбидни филмови во историјата на филмската индустрија:

01. Psycho
02. Repulsion
03. Night Of The Living Dead
04. Suspiria
05. Nightmare On Elm Street
06. The Texas Chainsaw Massacre
07. Don't Look Now
08. Halloween
09. The Exorcist
10. Eraserhead

:ija:



01. Psycho
На Мерион Крејн и е крајно здодеено од работата која што ја работи и од начинот на кој се гледа со нејзиното момче Сем (само за време на паузи за ручек). Тие не можат да се венчаат бидејќи тој сеуште плаќа алиментација на неговата бивша сопруга. Директорот на претпријатието каде што работи Сем, му дава одредена сума пари за да одбере подарок за свадбата на неговата ќерка. Тој парите и ги дава на Мерион со намера таа да ги инвестира во подарокот но таа ги зема за себе и тргнува на пат до Сем. Попат отседнува во еден хотел, кадешто има необична вечера со сопственикот кој патем е под доминација на неговата мајка. После вечерата, таа оди да се тушира и...



02. Repulsion
Керол работи во еден салон за убавина. Таму таа среќава момче во кое се вљубува од прв поглед и има преголема желба да води љубов со него. Таа живее со сестра и и нејзиниот сопруг кои ќе ја остават сама дома за викендот и ќе одат на патување. Оставена сама, Керол запаѓа во каталепсија и халуцинација, добива опсесивни мисли и необјаснива желба да биде силувана.



03. Night Of The Living Dead
Радијацијата која ја зрачи еден паднат сателит предизвикува реанимација на мозоците на мртвите луѓе и тие се повторно живи. Тие се хранат со живите луѓе и ги претвораат во зомби, а дополнителен факт е и што сите што во тој период умираат од било каква смрт, всушност не се мртви туку и тие се претворени во зомби. Единствен начин за тие да бидат мртви засекогаш е да се уништат нивните мозоци.
Една девојка се наоѓа во ситуација да биде прибрана од еден човек во неговата куќа (кој не е зомби) но самата куќа набрзо е опколена од нив. Единствен спас е да се уништат со бензин од блиската станица но мораат да се пробијат низ толпата за да стигнат до таму.



04. Suspiria
Млада девојка од Америка патува во Европа за да се запише во прочуено балетско училиште. Од друга страна, друга девојка која што учела во училиштето е мистериозно убиена во нејзиниот стан. Девојката постојано слуша чудни звуци од ходниците и и се случуваат надреални нешта. Таа всушност дознава дека училиштето не е тоа што е и дека професорите се всушност вештери/ки коишто тежнеат кон деструкција и хаос.



05. Nightmare On Elm Street
Во раните 1980-ти, неколку деца се убиени од страна на Фреди Кругер, работник во фабрика, со тоа што се испосечени со жилети. Должејќи се на непромислена и будалеста одлука на судијата да биде ослободен, тој набрзо е удавен во голем казан со жешка вода во фабриката во која што работел, од страна на родителите на децата. Во давењето учествуваат неколку родители чиишто деца не биле всушност убиени и токму тие деца се следни. Едно од нив умира во текот на конфронтација со Фреди Кругер насоне, и нејзина другарка е решена да го спречи тоа да се повтори, дури по цена да не заспие никогаш повторно!



06. Тhe Texas Chainsaw Massacre
Една девојка дознава дека гробот на нејзиниот дедо е осквернавен од страна на вандали и решава со нејзиниот брат и група пријатели да испита што се случило. По пат до таму, тие прибираат еден автостопер кој во еден момент се пресекува себеси и уште еден од групата па преплашени го оставаат на патот. Додека да стигнат до куќата на дедото, тие застануваат попат во една претходна куќа за да видат дали има бензин за автомобилот. Се испоставува дека во куќата живеат канибали кои ги убиваат “посетителите“ со моторна пила.



07. Don't Look Now
Џон и Лора се брачен пар кој живее во Венеција и еден ден се сретнуваат со две сестри, од кои едната тврди дека е видовита. Таа упорно им тврди дека го гледа духот на нивната ќерка, која неодамна се удавила. Лора е заинтересирана но Џон ја одбива идејата. Сепак, наскоро и тој почнува да го гледа духот на својата ќерка, а и не само нејзиниот...



08. Halloween
На Ноќта на вештерките, 6-годишно дете ја убива својата постара сестра откако дознава дека таа имала секс со нејзиното момче. Тој е затворен во санаториум. Само еден доктор всушност знае за што се работи со детето и го гледа злото во него. Детето престојува 15 години во санаториумот и бега од таму, а докторот знае дека тоа повторно ќе се обиде да убие на следната Ноќ на вештерките. Детето се обидува да ја убие неговата помала сестра и нејзини две пријателки, а докторот со помош на шерифот се надева да стави крај на тоа.



09. Тhe Exorcist
12-годишно девојче одненадеж осознава дека има необјаснива моќ да лебди и чувствува енормна внатрешна сила. Нејзината мајка која е ментално растроена, кога веќе лековите не помагаат, се обраќа до свештеник кој паралелно е и психијатар. Тој, преку разговорите со мајката сфаќа дека девојчето е опседнато со зол дух заедно со друг свештеник-егзорцист, решаваат да го истераат од нејзиното тело.



10. Eraserhead
Во оваа пост-апокалиптична приказна, Хенри Спенсер живее во зграда со многу малку станари, во голем индустриски град каде што животот е неподнослив поради чадот и звукот на машините. Toj има девојка Мери која што често боледува од спастичен грип и која што ќе му роди необично мутант-бебе кое не престанува воопшто да плаче.
 

IvicaPunK

Старо нов член
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.084
Поени од реакции
85
Си го утнал списокот.. "Тhe exorcism of emily rose" е прогласен за најстрашен филм..
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.108
Поени од реакции
818
Хммм па вака ми излегоа баш кога гуглав :)
А Егзорцизмот на Емили Роуз е веројатно на слична приказна како оригиналниот Егзорцист.
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
Леле од самото читање се наежив :vozbud:
 
N

NightFuneral

Гостин
Егзорсизмот на емили роуз е најнестрашниот филм што некад сум го гледала.Си ги жалев парите шо ги дадов у двдтека,кој и да го прогласил за најстрашен,има нешто у позадина сигурно.Првиот егзорсизам е најстрашниот досега гледан филм од моја страна,и упте неколку што ме мрзи да ги набројувам.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Ниеден немам гледано. И не планирам да гледам, ми идат во сон после, и имам кошмари со недели. Мразам страшни филмови.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Добра листа. Само не ми е јасно зошто The Shining (1980)
не се наоѓа меѓу овие. Супер филмче е.
 

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.046
Поени од реакции
104
Па изгледаат како добри филмови, јас не сум гледал ниеден од нив но можеби ќе побарам некој од овие хорорите...
 

lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
The Texas Chainsaw Massacre sum go gleadal od ovie, super bese, a ovie drugive se od 60tite i 70tite

daj druze ako mozes da najdes koj se najstrasni vo ponovo vreme, posto obozavam horori..pozz
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.108
Поени од реакции
818
The Texas Chainsaw Massacre sum go gleadal od ovie, super bese, a ovie drugive se od 60tite i 70tite

daj druze ako mozes da najdes koj se najstrasni vo ponovo vreme, posto obozavam horori..pozz
Па еве има, само ме мрзи сега да преведувам што се зборува во нив. Ама ако сте заинтересирани, зошто да не :)

01. Тhe Grudge (2004)
02. The Texas Chainsaw Massacre (2003)
03. Darkness Falls (2003)
04. Dead & Breakfast (2004)
05. Shaun Of The Dead (2004)
06. The Ring (2002)
07. Cherry Falls (2000)
08. Joy Ride (2001)
09. Тhe Others (2001)
10. 13 Ghosts (2001)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Како го најде Shaun Of The Dead (2004)?
Тоа е must see комедија. :)
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
го пуштив привот од листата
01. Psycho
на watchmovies да се лоадират...:vozbud:
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
fredi kruger i toj bese strasen
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Мој избор:

1.Тhe Exorcist (сите делови)

2.Salems Lot и А Return to Salems Lot (достоен come-back на Носферату) станува збор за филмовите од '79 и '87 , а не за оној од 2004.

3.Night Of The Living Dead (George Romero; од '68-ма е, ова го спомнав како добра работа) и Dawn of the Dead

4.Alien 1&2

5.Demons 1&2 (Dario Argento ...nuff said, од '80-тите се, ама ако)

Moже да се спомнат и:
-Hellraiser (и двојката)
-Evil Dead (само кецот)
-The Thing (добриот филм на Carpenter со KurTrussell, каде што за разлика од лошиот филм со КурТресел, Moricone му ја пишува музиката. Во Pliskin филмот - сам си ја пишува што е хорор само по себе)
-Invasion of the Body Snatchers (remake-от од 1978, или бев многу мал кога го гледав или стварно е ултра-морбиден)
-Poltergeist (кецот секако, околу самото снимање и екипата кружеа разни језиви приказни)

...има и други али кој ќе пишуе.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Според мене :
1. The Exorcist
2. The Reaping
3. Saw (Макар да не е страшен .. Сепак добра приказна )
4. Blair Witch 1 & 2
5. Poltergeits
6. 28 Days Later

И мн. други
 

Kajgana Shop

На врв Bottom