10 молби до сопственикот (Read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
1) Мојот живот со тебе трае 10 - 15 години и секоја разделба со тебе за мене е тешка.
Размисли за тоа пред да ме оставиш.

2) Мора да ми дадеш време за да сфатам што бараш од мене.

3) Имај доверба во мене, јас живеам од тоа.

4) Не ми се лути никогаш и не ме затворај за казна.
Ти ја имаш својата работа, забава, твоите пријатели, а јас те имам само тебе.

5) Понекогаш разговарај со мене.
Иако твоите зборови не ги разбирам целосно, го препознавам гласот со кој ми се обраќаш.

6) Запамети како постапуваш со мене, јас тоа никогаш не го заборавам.

7) Пред да почнеш да ме тепаш, сети се дека мојата вилица многу лесно може да ги здроби коските на твојата рака, но јас тоа никогаш не го правам.

8) Пред да ме навредиш, како тврдоглав или мрзлив - размисли.
Можеби ме мачи несоодветна исхрана, можеби сум бил предолго на сонце или на ладно, или имам истрошено срце.

9) Грижи се за мене и кога ќе остарам, бидејќи еден ден ќе остареш и ти.

10) Испрати ме на мојот пат.
Немој никогаш да кажеш: „Јас не можам тоа да го гледам” или „Тоа нека се случи во мое отсуство”.

ЗАПОМНИ: Со тебе, заедно, за мене се е полесно!

твоето кученце
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom