1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Одиме понатаму со деловите од моторот... Денес на менито - капачка за ланчето, држачите, главата на цилиндрите, издувната грана и многу прав од стиренот...













Сега не изгледа толку празно под хауба :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Денес само 2 дела направив а потрошив многу време... Ситниците убиваат.
Прво го направив куќиштето на термостатот





Средено изгледа вака:




И го направив филтерот за масло
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Денес ги направив динамото, алансерот, водната пумпа, перката, ремениците и пробна верзија од ременот....



по некој ситен детал на динамото


на оваа фотка се гледа алансерот (синиот дел во позадина), ремениците и пробниот ремен


тука веќе ја започнувам перката


за да после некое време ја монтирам таму каде што припаѓа




Просторот под хауба полека се комплетира







Утре планирам да ги направам деловите од електриката (разводна капа, бобина, кабли, свеќици) и карбураторот со што моторот ќе биде речиси готов. Но, пред тоа, треба да го исчистам просторот каде што работам, правта од стиренот е насекаде.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Денес ги направив динамото, алансерот, водната пумпа, перката, ремениците и пробна верзија од ременот....


:D

Иначе, секоја ти чест на нервите да се занимаваш со олку ситни работи.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Grammar nazzi :D Очекував некој да се фати за некое од зборчињата погоре, затоа ќе го викам стартер отсега.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
После мала пауза ред е да продолжам со работата. Махиндрата доби куќиште за куплунгот (звоно) и менувач...


потоа на ред е и редукторот




тука се гледа барабанот за рачната кочница


и последно за денес - карданските вратила. Наместени се пробно колку да направам слика. Фино подесување подоцна.


 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Моторот е расклопен а деловите се припремаат за боја


E, да, блокот го нема на сликата. Причината е тоа што веќе доби боја ама ќе остане некое време мистерија, да речеме до недела. Таман ќе добие уште слој-два до тогаш :D
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Проблемот со работењето во зима е тоа што надвор е премногу ладно за да се фарба, а дома не се трпи мирисот од лакот и бојата... Малку подоброто време денес морав да го искористам :D



Реков дека во недела ќе добиете слики од блокот на моторот - па еве го




Не сакав да го фарбам сив или црн затоа што кај претходните модели со тие бои шасијата изгледа претерано едноставна иако е натрпана со детали. Вака ептен ќе биде забележителен :D Бојата е типична америчка сина која ја ставаат на големите V8 машини на Форд.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Премногу слики има, удри refresh.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
JeepMkd aбе мене не ми се покажуваат сликиве :(
Уште имаш проблем со сликите? Има некој друг кој не ги гледа?

Нешто ново од денес:

Амортизерите кои ми украдоа многу време денес


па потоа држачот за акумулаторот




Го почнав и саќето за ладњакот кое ќе го правам одново затоа што не сум задоволен како излезе на крајот.






Намалува работата, планот е до сабота-недела шасијата да биде готова и да добие боја :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.164
Поени од реакции
15.953
Уште имаш проблем со сликите? Има некој друг кој не ги гледа?
Последниве неколку поста не ми ги отвара сликите, од претходно се беше супер.
Изгледа само кај мене е така, чим до сега никој не е побуни...
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Не знам шо е работата, јас проверив од неколку различни места и немав проблем.
Кај и да е ќе почниме нова страна па ќе има помалку слики.
Би ти пуштил линк од албумот на Photobucket ама да видиш таму како ми ги меша, и јас едвај се снаоѓам.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Денес полудев со ситните работи, ова е втората (и последна!) верзија на саќето за ладњакот...






Деловите стојат сами, без лепак. Кога ќе ги шприцам со минимум и боја ќе се залепат :)







Oваа техника се применува на многу поголеми модели (1:12, 1:10, 1:8) и ова е последен пат што правам нешто вакво во 1:16, ќе го изгубам видот ако продолжам вака...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom