„We Are Legion“ - Херои на новото време или луѓе што непотребно прават проблеми?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.362
Во интернет сферата постои група која веќе десет години се бори за слобода на говорот. Сега ги знаете по маските со Гај Фокс и видеата во кои ги најавуваат своите акции. Она што некогаш беше мала интернет заедница полека прерасна во нешто поголемо - Anonymous. Но, кој е бенефитот од нивната активност односно колкава е штетата? Одговорот ќе го дознаете во документарецот „We Are Legion: The Story of the Hacktivists“.



Новото време носи нови борбени полиња за одмерување на силите. Денес такво место е виртуелниот простор во кој кога ќе ги тргнете настрана обидите за националистичко препукување, останува нешто многу повредно за заштита - слободата на говор.

Хактивистичката група Anonymous веќе е етаблирана во јавноста, од овие луѓе постои реален страв, а тие од друга страна не се плашат да одат во затвор ако е потребно за да го одбранат она во што веруваат. Овој документарец покрај тоа што ќе ве запознае со тоа кои се Anonymous и како настанале, ќе ви овозможи да го разбиете митот за „гиковите“ на денешното време кои според стереотипот се деца и возрасни луѓе кои уште живеат со своите родители, немаат пријатели и немаат друга попаметна работа. Но, кога ќе земете предвид дека овие гикови успеаја да го поврзат Египет со цивилизацијата во моментите кога тамошните власти комплетно го исклучија пристапот до интернет работите добиваат малку поинакво светло.

Владите се особено бесни на Anonymous, особено онаа на САД, затоа што истите го поддржаа основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж, кога огромен број на тајни документи беа пуштени во јавноста. Зошто реагираше Anonymous во овој случај? Затоа што сметаа дека е комплетно неправедно човек кој им ги отвора очите на светот да биде блокиран од PayPal, MasterCard и Visa заради што и ги срушија сајтовите. Токму владите и сајтовите кои се најмногу погодени од активностите на оваа хактивистичка група се тие кои се обидуваат да ги прикажат како шарлатани кои се мешаат каде не им е место и дека се еден вид предавници заради тоа што одаваат тајни. Прашањето е кој е всушност тука вистински „грешен“? Замислете само да знаете кој навистина стои зад некој бунт, меѓуетнички инцидент или терористички напад? Вистината ќе направи помалку луѓе да се фаќаат за врат, а тоа не му одговара некому.

Но, Anonymous направија многу повеќе од рушење сајтови во поддршка на слобода на говорот. Тие на пример неодамна срушија 40 сајтови со детска порнографија, а тоа е нешто што едноставно мора да го почитувате. Повеќето луѓе на нив гледаат како на еден вид модерен Робин Худ кој е активен во одредена сфера. Освен големите националисти нема да најдете некој што ги осудува.


Друга работа која е за почит е што овие луѓе се подготвени да одат во затвор за својата кауза. Имате вистински примери на членови на Anonymous кои биле судени и лежеле во затвор за она што го прават. Тие се свесни дека она што го прават не е легално е сега вистинското прашање е дали ја добиваат вистинската казна кога ќе ги уапсат? Тие ќе ви речат не, затоа што еден педофил е полесно третиран од законот за разлика од нив.

Која е штетата? Дел од нив самите признаваат дека има работи кои кај оваа група не им се допаѓаат како што е одавањето на лични податоци на луѓе кои ни криви ни должни се нашле во вкрстен оган.

Дали на светот му е потребен Anonymous? Запрашајте се следново: зарем ќе добиеја толкава поддршка од светот, ако не му беа потребни?

Погледнете го трејлерот:

Погледнете го целиот документарец:
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Едно време хипиците беа против владите и пробуваа да им наштетат, но не успеаа многу. Не велам дека не се уште, ама сега е ера на компјутерите и нормално било каква револуција во светски рамки би почнала тука. На интернет. Воено не можат да се загрозат сите тие влади, со толкави армии и оружја. Ќе го изгледам документарецот па ќе додадам коментар. За мене оваа тема е многу привлечна и сум љубопитен.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Го гледав пред неколку денови и му го препорачам на секој кој барем малку го интересира тоа или сакаат повеќе да се запознаат.

Е сега, што се однесува до самите Anonymous, многу луѓе грешка го разбираат нивното постоење, идеја и за што всушност тие се залагаат. Од тука и следи дека има еден куп копиљаци, script kiddies, што немаат ни појма што всушност се Anonymous и праат срање работи во нивно име. Доволен пример се нашите „Анонимни“, сепак... „Anyone can claim to do anything in the name of Anonymous. For obvious reasons we do not support everything every Anon does“. Така да, штом нешто не е објавено од некој од официјалните профили на Anonymous, ништо од тоа дека е нивно део.

Кај нас искрено ни е потребен активизам IRL, барем во моментот. Но, како што тргнала работава во скоро време ќе треба да се дејствува и на веб, пошто нашиве политичари толку се информирани и некој да предложи „секој што ќе напише над 100 збора во пост на кајгана да лежи 3 месеци затвор“, ќе го изгласаат!
 
D

Daedalus

Гостин
Од тоа јас што знам и од тоа што ми кажуваат другарчињата што спијат на 4чан уште одамна, Анонимус немаат специфична поента и не се некој Робин Худ кој ги штити обесправените. Го гледав документарецот, супер си е, само според тоа јас што го знам, освен добрите каузи кои ги имаат анонимните хакери на интернет, секој кој е анонимен на интернетот е анон. Понекогаш каузите на некои специфични анонимуси може да бидат не толку позитивни. Имаше некои примери со Џастин Бибер и слично кадешто без некоја благородна кауза аноните правеа глупости. Овие од Македонија, исто си се Анонимус со специфична кауза која може да е во склад или да не е со другите анонимни на интернетот. Ако се собереме 10 души и ја хакнеме страната на ДУИ или слично, ние сме Анонимуси исто. Поентата на Анонимус е да се одгласи гласот на тие кои немаат вистинска моќ да ги менуваат работите официјално и тоа го прават поинаку (хакови или анонимни протести). Не постои кауза која може да ги дефинира Аноните.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.338
Поени од реакции
6.257
Ја искрено верувам дека дечките се само дел од оружјето на големите сили и дека после одреден период ќе почнат да работат во нивна корист.
Зарем мислите дека некј туку така ќе се дрзне и ќе напаѓа компјутери од каде сака и кога сака, без никој да го знае тоа? Шпионските служби на САД - Циа и Фби одма ќе го најдат и ќе го средат... Ново време доаѓа, ера на целосна компјутеризација на се, мислите дека тоа што доаѓа не е предвидено од белата куќа пред 20 години?
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Па само преку интернет можеш да направиш нешто .. на улица да изиграваш херои ќотек ке изедеш.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.665
Поени од реакции
11.693
Ја искрено верувам дека дечките се само дел од оружјето на големите сили и дека после одреден период ќе почнат да работат во нивна корист.
Зарем мислите дека некј туку така ќе се дрзне и ќе напаѓа компјутери од каде сака и кога сака, без никој да го знае тоа? Шпионските служби на САД - Циа и Фби одма ќе го најдат и ќе го средат... Ново време доаѓа, ера на целосна компјутеризација на се, мислите дека тоа што доаѓа не е предвидено од белата куќа пред 20 години?
Има логика ова. Не се толку наивни да дозволат народите сами да се организираат. Им креираш бунтовничка организација, ги шмукнуваш бунтовните по природа во неа и си играш курташак после како и колку сакаш..."непријателот" по блиску до тебе се држи инаку ќе ти забега :)
 
S

stefi

Гостин
Интересно, особено тој делот за Египет...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom