„Форбс“ и „Дуинг бизнис“ рангирања за Македонија

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ова на годишно ниво инвестиции.. па није могуче..кога сме имале 3.7 милијарди годишни инвестиции, а Косово 21 мил. :unsure:
Цитро ЦИА тоа пријателе,не се комунистите. Кликни на линкчето
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Република Македонија е трет топ реформатор во светот оваа години, Браво!! нека се зголемуваат инвестициите а ке дојде и до тоа, не може наеднаш
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.195
Па еве последниве години се подобрува бизнисклимата но не може да очекуваме одма утре да влезат милијарди од инвестици пошто тоа за фирмите е долготраен процес.
Дали сме сега трети, пети или десетти, тоа не е битно. Битно е дека правецот е точен. Е сега има и други критериуми за инвестирајне, не само бизнис климата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Ова е уште еден доказ дека во поглед на намалување на регулативите, едноставност на процедурата и добрата даночна политика сме на вистински правец. Кога ја фалам владата ја фалам најмногу за ова. Реално оваа област е и единствената во која може директно да се влијае. Сепак нивото на странски инвестиции најмногу зависи од големината на пазарот, ресурсите на државата, образовната структура на работоспособното население. За жал, тука не стоиме баш најдобро, а и не сме Косово, па да не форсираат политичките фактори.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да звучам малку прониклив како Лурц одлучив да проверам нешто.

Stock of direct foreign investment - at home:

Бугарија
$ 51,450,000,000

Грција

$ 44,400,000,000

Хрватска

$ 32,820,000,000

Србија

$ 22,420,000,000

Косово

$ 21,200,000,000

Македонија

$ 3,739,000,000

https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2198rank.html

Зошто? Зошто сме со најдобра бизнис клима во регионов, а имаме за 6 пати помалку инвестиции од земјите во регионот?(6 пати е кажано со еуфимизам од патриотски причини)

П.С Се моли членот Дардиана да ме поштеди за примерот на косовската растежна економија.
И многу побитно е да се види и нешто друго - извозот на државите. Този показател е многу битен за да се види колко конкурентен е бизнесот. Заштото не е потребно само да отвориш бизнес, а и да можеш да го развиваш,а и да имаш клиенти и ако е можно тези клиенти да са надвор.

Грциja
$20.96 billion (2010 est.)
$21.34 billion (2009 est.)


Бугариja
$20.64 billion (2010 est.)
$16.41 billion (2009 est.)


Хрватска
$12.15 billion (2010 est.)
$10.74 billion (2009 est.)


Србиja
$9.809 billion (2010 est.)
$8.368 billion (2009 est.)


Македониja
$3.332 billion (2010 est.)
$2.686 billion (2009 est.)


Албаниja
$1.548 billion (2010 est.)
$1.048 billion (2009 est.)


https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2078.html#60
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ова е уште еден доказ дека во поглед на намалување на регулативите, едноставност на процедурата и добрата даночна политика сме на вистински правец. Кога ја фалам владата ја фалам најмногу за ова. Реално оваа област е и единствената во која може директно да се влијае. Сепак нивото на странски инвестиции најмногу зависи од големината на пазарот, ресурсите на државата, образовната структура на работоспособното население. За жал, тука не стоиме баш најдобро, а и не сме Косово, па да не форсираат политичките фактори.
Ќе ја замолам Владата да го прочита постов на дечково.Благодарам однапред
П.С Затварајте тема

:cuc:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Потполно во право си, кога главните на овие рејтинг агенции беа на сослушување во Конгресот тие тоа го кажуваа дека изразување на нивното мислење, по незнам кој Амандман од Уставот.
Така да ова е само изразување на мислење на Дуинг Бизнис
Тоа беше за финансиската криза од пред некоја година. Леман Брадерс пред да пропаднат имаа најдобар рејтинг, ден пред да биде прогласен банкрот, ден!

Јас не верувам на никој, не верувам ни дека Македонија заслужува таков лош рејтинг, јас да имам пари засега би купил без размислување државни обврзници, но многу би се подразмислил дали би отворил бизнис тука....
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Повод за денешната прес конференција е вчерашното делумно соопштување на информациите од страна на Владата за извештајот Doing Business.
Да биде јасно, СДСМ го почитува извештајот на Светската банка и го поздравува напредокот на Македонија во четирите области: градежни дозволи, регистрација на имот, информациски систем за кредити и брзина на решавање на стечај. Но, на јавноста сакаме да и го предочиме она што вчера го сокри Ставревски.
Ставревски не кажа со кого земјава се натпреварувала за третото место. Знаете? Со Сао Томе и Принципе. Кои земји се пред нас? Мароко и Молдавија. Кои други земји се во топ 10? Зеленогорските острови, Сиера Леоне, Бурунди, Соломонските острови и Колумбија. Македонските кошаркари играа со Русија за трето место, а пред нас беа Шпанија и Франција. Не е исто!
Doing Business се фокусира само на 11 области со цел да ја измери регулативата која е важна за водењето на бизнис. Извештајот не ги мери сите аспекти на бизнис окружувањето кои се важни за фирмите или инвеститорите. На пример, извештајот не ја зема предвид партизацијата на институциите, корупцијата и квалитетот на инфраструктурата.
Доц. Д-р Драган Тевдовски
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.536
Поени од реакции
22.195
Доц. Д-р Драган Тевдовски
Почитуваниот доцент да знеаше да го читат цел извештај ќе откриеше, дека има една листа која го мери напредокот на една земја во последната година и една со севкупна ранглиста.
Во првиот случај Македонија многу јасно конкурира со земји кој не се толку развиени, пошто развиените земји како Германија, САД итн. немаат потреба од толку големи реформи пошто веќе имаат добра бизнисклима. Сепак третото место кажува доста добро дека реформите се бележуваат и надвор.
За вториот случај, Македонија за наоѓа на 22. место во севкупната листа и остава зад себе доста држави кој се економски поразвиени од Македонија како на пример членови на ЕУ.

Од г. Доц. Др. како научник, оценуваќи поред академските титули кој ги носи и кој ги користи да дава тежина на својте мислејна, очекувам неутрална проценка а не тенденциозна изјава, која користи за дневнополитички цели.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Доц. Д-р Драган Тевдовски
И сега ако на ова некој одговори со прикачување на линкот од пресот на ВМРО-ДПМНЕ, па после следува плукање до бескрај и темава за 15 минути ќе добие 60 нови страници. За жал во анализата на Тевдовски сем плукање нема ништо друго. А од ова со кои земји сме се натпреварувале нема ништо поглупо. Се натпреварувавме со цел свет.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Да звучам малку прониклив како Лурц одлучив да проверам нешто.

Stock of direct foreign investment - at home:

Бугарија
$ 51,450,000,000

Грција

$ 44,400,000,000

Хрватска

$ 32,820,000,000

Србија

$ 22,420,000,000

Косово

$ 21,200,000,000

Македонија

$ 3,739,000,000

https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/rankorder/2198rank.html

Зошто? Зошто сме со најдобра бизнис клима во регионов, а имаме за 6 пати помалку инвестиции од земјите во регионот?(6 пати е кажано со еуфимизам од патриотски причини)

П.С Се моли членот Дардиана да ме поштеди за примерот на косовската растежна економија.
па добро, со оглед на број на жители..разбираш? нормално дека сите сакаме повеќе, ама рака на срце, и ова не е лошо.
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Ke e dobro poveketo od makedoncite da ne bidete tolko crnogledi. Izveshtieto e moshne dobro za MK. Biznesklimata se podobruvai toa e message za svetot. Regulativite, danocite se namaluvat i toa e dobra indikacia za biznesot i oznachuva deka MK e na verniot pravec. Efektot ke doide vo narednive godini ako svetot ne odi UPM. Se raduvam za Mk, toa definitivno e golem chekor napred. Pozdravi!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
И сега ако на ова некој одговори со прикачување на линкот од пресот на ВМРО-ДПМНЕ, па после следува плукање до бескрај и темава за 15 минути ќе добие 60 нови страници. За жал во анализата на Тевдовски сем плукање нема ништо друго. А од ова со кои земји сме се натпреварувале нема ништо поглупо. Се натпреварувавме со цел свет.
Кога ќе почнете да разликувате плукање од искажување мислење ќе има простор за дискусии, до тогаш...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.290
Поени од реакции
26.169
Кога ќе почнете да разликувате плукање од искажување мислење ќе има простор за дискусии, до тогаш...
Баш така, несоодветни споредби, кои се и лаги, дека сме биле во конкуренција на Мароко, Молдавија, Сиера Леоне... не е дискусија туку само плукање. Македонија беше во конкуренција на цел свет и го освои третото место по напредок и е 22 во светот според областите што ги анализира Светската Банка. Јас не видов дека некој се пофали дека заради извештајов ќе имаме 100 милијарди евра странски инвестиции, па да реагира вака Тевдовски. Што е ова ако не плукање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom