Добро прочитајте го текстот пред да расудувате, не е е така се бело како што некој сака да ни го сервира. Во последниот извештај Дуинг бизнис, Македонија е рангирана на високото 22 место, како топ-реформатор. Во последниот Глобален извештај за конкурентност на Светскиот економски форум од Давос пак, Македонија е рангирана на лошото 79-то место од 142 земји поради тоа што државните институции, инфраструктурата, пазарот на труд и финансискиот пазар не се во функција на бизнисот и ја прават економијата неконкурентна. Значи, не ќе е дека цветаат рози во бизнисот во Македонија, како што сака да прикаже Владата и да се фали дури и со рекламирање на Дуинг бизнис. Зошто не го рекламира и Глобалниот извештај за конкурентност? Затоа што не ѝ одговара!
Ама работата не е до фалењето. Ако убаво го прочитаат Дуинг бизнис во Владата, ќе видат дека во него пишува да не се чита издвоено од други извештаи (и се посочува на Глобалниот извештај за конкурентност), затоа што ќе даде погрешна слика за една земја. Светската банка предупредува дека разгледувањето на извештајот Дуинг бизнис одвоено може да даде неочекувани резултати. Некои економии може да бидат рангирани неочекувано високо, а некои многу ниско, иако имаат голем економски раст и привлекле многу странски инвестиции. За да се добие поширока слика за бизнис-климата и за конкурентноста на економијата, потребно е тој да се разгледува во корелација со Извештајот за конкурентност од Давос и Извештајот за условите за бизнис на ОЕЦД. Ама во Владата не сакаат да го споменуваат извештајот од Давос!
А споредбата на двата извештаи ја дава клучната слика за македонската бизнис-клима. Да, има реформи и нови закони, како што вели Дуинг бизнис, ама на хартија. Во реалноста институциите се неефикасни и корумпирани, нема патишта, железница и воздушен сообраќај, нема конкуренција на пазарот, не е ефикасна антимонополската управа, укажува Глобалниот извештај за конкурентност. Тој укажува дека најпроблематични фактори за водење бизнис во Македонија се пристапот до финансии, јавната администрација, работната сила, корупцијата и нестабилноста на политиките.
Ова го кажале македонски бизнисмени во анкетата што им била правена од претставници на Светскиот економски форум од Давос. Во извештајот од Давос Македонија е полошо рангирана од Словенија (45), Црна Гора (49), Бугарија (71) и од Хрватска (77).
Во Дуинг бизнис пак, Македонија е пред сите земји од регионот. Бележи напредок од 22 места според леснотијата за пристап до кредити, напредок од 86 места за процедурата за добивање градежна дозвола, напредок од 61 место за решавање на стечајните постапки, напредок од 18 места за регистрирање имот.
КАКО СЕ ПРАВАТ ИЗВЕШТИТЕ?
Но, што е суштината? Рангирањето на Македонија на Дуинг бизнис е направено врз основа на информации добиени од министерства, НБМ, државни агенции, адвокати, консултанти, кои најчесто известуваат за законски измени и за нови закони кои се донесени претходната година. Во ниту еден извештај на Дуинг бизнис, со кој Владата сака да се фали, не е анкетиран ниту еден бизнисмен, ниту пак, Стопанската комора, која ги обединува најголемите компании во земјава. Можеби затоа Дуинг бизнис дава сосема различна слика од таа што ја дава извештајот од Давос.
Рангирањето на земјите во Глобалниот извештај за конкурентност е направено врз основа на одговори на бизнисмени. Во Македонија се анкетирани 115 бизнисмени од компании од клучните сектори во економијата: земјоделство, преработувачка и непреработувачка индустрија и услуги. Потоа одговорите се обработуваат со статистички методи.
КЛУЧНИ ЗАБЕЛЕШКИ
Светскиот економски форум заклучува дека македонската економија е неконкурентна. За да биде економијата просперитетна и конкурентна, државните институции треба да обезбедуваат здрава и фер правна рамка, инфраструктурата да биде во функција на раст и развој на бизнисот. Тоа не е случај во Македонија.
Оценката за земјава е 4,1 на скалата од 1 до 7, при што 1 означува најлоша можа ситуација. За три години (2009-2011 година) оценката е подобрена незначително, од 3,9 на 4,1, а позицијата од 84-то на 79-то. Македонија има најлоша оценка за институции и инфраструктура (3,7), за иновации (2,8), технолошки напредок (3,7) и за чувствителност на бизнисот (3,5). Најдобра има за макроекономската стабилност (5,3). Институциите се лошо оценети поради тоа што бизнисмените немаат доверба во политичарите, судството не е независно, постои фаворизирање при одлучувањето во владините институции и прекумерно јавно трошење.
Македонија е на 133-то место од 142 земји поради лошата инфраструктура (железница, патишта и воздушен сообраќај). Високото образование не чини поради неквалитетни школи за менаџмент. На пазарот не постои локална конкурентност, антимонополската управа не е ефикасна и преовладува странската сопственост. Според достапноста до финансиски услуги Македонија е рангирана дури на 127 место.
Дуинг бизнис пак, се фокусира на мерење на регулативата за работењето на компаниите. Претпоставката е дека колку законите се полесни, толку бизнисот подобро ќе работи, односно повеќе ќе инвестира и ќе отвора нови работни места.
Според Дуинг бизнис, Македонија изминатата година ја олеснила регулативата за водење бизнис, усогласувајќи ја со законите на Европската унија. Светската банка ја посочува Македонија како пример дека регионалната интеграција може да биде поттик за измени и олеснување на законите кои го регулираат бизнисот. Експертите на Светска банка отворено ја фалат Владата, бидејќи дала политичка поддршка од највисоко ниво за донесувањето на реформските закони. Подобрување на регулативата за вадењето градежни дозволи, полесното и поевтино регистрирање имот, формирањето на Кредитното биро се клучните реформи кои ѝ го донесоа скокот на Македонија за 12 места погоре на листата со земји во кои е најлесно да се води бизнис.
Нека не ви го перат мозокот некои кои појма немаат и само го лажат и им го перат мозочето на нашиот глуп и напатен Македонски надор.
Дуинг бизнис никој не го гледа инвеститот и готово се одлучува да инвестира, претходно прави студии инстражување и гледа реално на ситуацијата, а морам да би признам дека ситуацијата и не е баш сјајна во Македонија.
--- надополнето: Oct 29, 2011 11:08 PM ---
Makedonija moze da stane edna od najrazvienite zemji vo svetot samo da ne ja kocat nekoi koi ne sakaat da im bide zazemeno mestoto odnosno se plasat od nas kako konkurencija
Морам да те разочарам меѓутоа Македонија никогаш нема да биде една од најразвиените земји во светот јас сакам повеќе од тебе да биде тоа така но нажалост никогаш нема да го дочекаме тој момент.