„Умри машки“ по болниците

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
На количка се туркаат пациентите од интерните клиники што требаше да се снимаат на хируршките клиники
Како е да си болен на плус 40?
Ужасно е да си болен на скопскиве горештини и да чекаш за преглед во задушливите чекалници по болниците или клиниките. Уште полошо е да си хоспитализиран во соба без клима-уред или, пак, да те туркаат во количка на вжештениот искршен асфалт од една клиника во друга.

Нема еднакви услови за сите пациенти и вработени во болниците и во клиниките. Некаде има, некаде нема климатизација. Некаде уредите за ладење работат добро, а некаде се полурасипани или воопшто не работат. Тешко им е и на пациентите, но и на сестрите и на лекарите, кои, како што велат, оперираат мокри до гола кожа.

Во зградата на интерните клиники е очајно жешко и задушливо по чекалниците. Таму здравствените книшки на пациентите, освен за податоци, им служат и за ладење со нив. Се жалат и пациентите што се згрижени во овој објект.

- Бев хоспитализиран на Клиниката за уво, нос и грло. Во собата немаше климатизација, а за да изладат редовно ни ги оставаа отворени вратите, па се правеше провев. Така, јас, иако опериран, постојано станував да ги затворам вратите. Ама имаше и бетер од мене - вели П.Б. од Скопје.

На 40 Целзиусови степени вчера на количка се туркаа пациентите од интерните клиники што требаше да се снимаат на хируршките клиники. Болните, покриени до рамена, ги носеа препотени болничари. Некои, нервозни од жегата, штом ќе излезеа од зградата, веднаш палеа цигара.

По горештините се измачуваат и децата.

- Во чекалницата на Детската клиника, на одделот за хематологија, нема климатизација, а не отвораат ни прозорец. Врие од испотени родители, расплакани деца што не можат да го поднесат жешкото, смрди и на пот, тежи од нервоза. Има премалку столчиња за седење, па шетаме со децата в раце по ходници за да ги смириме. Неколку пати се обидов да ги дезинфицирам рацете на апаратот за дезинфекција, ама немаше течност внатре - вели Жарко В., родител на 2-годишно дете.

Не е полесно ниту за болните и за медицинскиот персонал на хируршките клиники. Во големата зграда има централна вентилација, меѓутоа таа не работи секаде. А и онаму каде што работи, пациентите и лекарите се жалат дека не лади доволно. Слична е состојбата, велат, и со хируршките сали. Некаде има ладење, некаде нема.

- Тукушто излегов од операција и можам да ви кажам дека сум жива вода. Оперирав во неклиматизирана сала. Кај нас е така, во некоја сала има, во некоја нема климатизација. Уредите требаше одамна да се направат, не знам што се случи со тоа. Ама и да ги направиле, не работат како што треба. На хирургија изгледа сите се потиме, освен на Детска хирургија, каде што сé е климатизирано. Кај нас е како во филмот „Умри машки“, сакате прв дел, сакате вториот, сакате трет или четврти дел. И за дел од пациентите е тешко, оти нема здраво ладење во секоја соба - ја опишува состојбата проф. д-р Зоран Караџов од Клиниката за абдоминална хирургија.

Тешко се издржува, се жалат пациенти, и на Клиниката за инфективни болести.

- Во собата во која лежевме со уште еден пациент поради труење имаше клима-уред, ама не го вклучуваа. Не знам зошто. Проблем беше што не се отвораа и прозорците, зашто беа расипани, па не само што беше задушливо туку и лошо мирисаше. Смрдеше и од тоалетот без вентилација. Сепак, лекарите или сестрите не се виновни за овие услови оти и ним им е тешко. Јас сум презадоволен од грижата, но не и од условите - вели пациентот З.В.

Во болничките соби што се климатизирани настануваат проблеми оти пациентите не можат да се договорат колку им е топло.

- Ние имаме посебен систем за ладење, си поставивме наши клима-уреди. Во некои соби има проблем оти пациентите не можат да се договорат за климата. Некому му студи, некому му е топло - вели проф. д-р Александар Чапаровски, директор на Клиниката за неврохирургија, која е во зградата на хируршки клиники.

На некои клиники, по прашањето на жегата, пациентите се во поголема предност пред персоналот. Така на Клиниката за неврологија собите за пациентите се климатизирани, ама мака имаат лекарите во амбулантите.

- Од лани имаме клима, нашите пациенти се специфични и поставивме во сите соби. Ако некаде се расипе, веднаш викаме мајстори. Има клима и во чекалниците, ама нема кај лекарите. Па, се снаоѓаме, отвораме врата за да влезе постуден воздух - вели проф. д-р Вера Петрова, директорка на оваа установа.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71311910288&id=9&prilog=0&setIzdanie=22329
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
ДА, за жал се соочуваме со овој проблем редовно во летниот период....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кога викам јас крш дека се болнициве, пола од парите за спомениците да завршеа тука ќе имавме А класа градби, ама не, слушнале луѓето на Сител дека имало донации, топ било.

:tapp:

ГолемиотБрат, не е само ова, и материјали фалат по болниците, недостигаат средства за хигиена а за инструменти да не правам муабет.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Кога викам јас крш дека се болнициве, пола од парите за спомениците да завршеа тука ќе имавме А класа градби, ама не, слушнале луѓето на Сител дека имало донации, топ било.

:tapp:

ГолемиотБрат, не е само ова, и материјали фалат по болниците, недостигаат средства за хигиена а за инструменти да не правам муабет.
Имало донации,како немало ама мечка со мравки не се најадува.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
Kaко може да лажете дека болниците ни се катастрофа!?
Уа, предавници.
Вие не сте патриоти.
Вие сте платеници на сорос и сдсм.
Уааааа.

п.с И спомениците се најубави на цел свет, така да си знаете.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
не бе, ви се чини. Арно е, нека градат бисти...што ќе му на ваков народ возила за брза помош, клими, кревети...па и противпожарни возила.

Предлагам и Ајфелова Кула. Ни треба за историја, за туристи...и колосот од Родос (наводно кипот Александар бил, а и така таму им недостасува, први ќе бидеме) и вигвами...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вчера местеа клими во Козле, местото каде што се сместени десетици дечиња со белодробни заболувања е „оган“. Клими ставија само на интензивниот оддел за другите немало пари за клими.
Македонија е социјална држава пуштете Сител ќе видите дека и камерите одат со Брзата помош, со полицијата, итн. Раскажуваат колку беспрекорна ни е Македонија.
Повторен апел до надлежните: НЕ СМЕ РЕТАРДИРАНИ!
 
S

smexy

Гостин
Фали уште конечно да се вметне законон за трансплатација на органи,и да почнат да се шуњаат мајки терези по болниците :vozbud:
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Страшно!
Тешко на тој што мора да “шета“ по болници сеа.
Некој погоре спомна споменици и во право е. Еден споменик-Цела Државна болница со клима уреди ке ја направеа.
Па види сеа.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Лекарите велат дека не можат да се клонираат за да стигнат секаде
„Нова Македонија“ по дежурните лекарски служби
Колапси, мозочни и срцеви удари, повреди од сообраќајки и од тепачки, скршеници, стомачни инфекции, труења се најчестите маки поради кои пациентите ги посетуваат дежурните лекари. И кога надвор е ноќ, кај дежурните лекари знае да биде како напладне. Ненајавени, ги посетувавме неколку ноќи, сосема доволно за да видиме со што сé се соочуваат - и лекарите и пациентите.

Ноќните прошетки низ скопските клиники и болници исфрлаат на површина многу од слабите точки и недостатоци на јавниот здравствен систем. Ноќе може и да ве извади од кожа некоја дрска сестри, иако нема метеж да чекате за да ви донесат количка, да ве смири неочекувано љубезен лекар, но може да треба и да се расправате за трпението на сестрата да ве почека за упат, иако тоа е законски. Јаготка на шлагот може да биде бесплатно возење на отворено со дупната глава во расклатена количка. Во секоја установа ве очекува различен однос, во зависност од тоа кој дежура, колку е професионален и колку е нервозен.

До клиниките и болниците што работат ургентна медицина редовно фрчат комбињата на Итната медицинска помош. Тие се почести откако се вжештија температурите. Но пациентите доаѓаат и сами. Вчера до 1 часот по полноќ на Клиниката за кардиологија стигнале петнаесетина болни.

- Ако имаат време од службата за итна медицинска помош се јавуваат да ни кажат каков пациент носат, ако не, кога ќе го видиме комбето, трчаме да помогнеме. Ова денес не е нешто драматично. Вистина, неколку дена е исклучително топло, но градот е подиспразнет. Дојдете кога ќе почне да се менува температурата - вели една од дежурните медицински сестри, љубезна и кон нас и кон пациентите, иако влетавме ненајавени.

На симнувањето од Кардиологија, пред нас застанува ново возило на Итна помош. Пациент со мозочен удар за Неврологија. Дежурните веднаш потрчаа да го внесат и стабилизираат, а лекарите од 194 почекаа да видат дали уште ќе бидат потребни.

- Доаѓаме од единицата „Јане Сандански“. Од 15 часот досега ова ни е 15-та интервенција - вели дежурниот лекар.

Итна помош заминува откако е одлучено болничарите од клиниката да го однесат болниот во зградата отспротива за да му биде направена снимка со компјутерски томограф. На болничка количка го истуркаа до Ургентниот центар, сместен во зградата на Хирургија.

- Ау, како го носат човеков. Што ако врнеше, зарем чадори ќе држеа над него - коментира еден од чекачите пред Ургентен.

Во оваа установа лекарите и сестрите не се расположени за разговор, оти велат не биле овластени за давање информации. Додуша имаа и многу работа. Еден шиеше рана, друг гледаше снимки. И тоа во доста непријатна атмосфера, додека женски глас врескаше од болка во некоја од ординациите.

- Треба да ги затвораат вратите, вака уште повеќе се вознемируваме - вели девојче со повредена рака што чека преглед.

Работата се зголемува откако стигна кумановско комбе на Брза помош.
- Туууу, една вечер да ве немаше - коментира една од сестрите.

Кумановските лекари донесоа болен со тешки искршеници на нозете. Само што го симнаа од комбето стигнува и друго. Повторно болен со искршеници, заедно се возеле на мотор. Вториот пациент не можеа веднаш да го симнат од комбето. Во центарот, коментира болничарот, имало само една количка со сите тркалца на неа што можеле да ја искористат. Другата била без едно тркалце.

Количките се често спорен момент по болниците. Болен со стомачни болки, температура, пролив и повраќање прво беше примен на Клиниката за токсикологија, која е ургентен центар за интерните клиники. Кога лекарот го прегледа, а сестрата му вгради игла за инфузија, болниот се онесвести и веднаш беше испратен до Клиниката за инфективни болести. Бидејќи беше ургентен, само го задолжија да донесе упат, книшка и сини картони. Тие документи требаше да ги однесе и на Клиничка биохемија, каде што беше однесена крв за испитување. Така болничарот го истурка пациентот до возилото на роднините, а тие го пренесоа на Инфективна. Велат таков бил редот. Па, додека едниот роднина возеше, другиот ја држеше инфузијата. Кога стигнаа до Инфективна, едниот истрча да побара количка за да го внесат пациентот. Ја најдоа дури за пет минути, па болниот, конечно, снеможен стигна до ординацијата.

Но во амбулантата немаше лекар. Ги пречека само сестра, очигледно многу нервозна.

- Значи, ако пациентот биде примен во болница, ќе ве почекаме да донесете упат и документи, ако не, ќе си платите приватно - нареди сестрата.

- Помогнете му, ќе ви ги донесеме утре сите документи - реагираат роднините.
- Не ли ме разбирате - подвикнува сестрата.

- Ако пациентот биде примен во болница, ќе ве почекаме да донесете упат и документи, а ако не, ќе си платите приватно. Тоа е затоа што кај нас стигнува од друга клиника - веќе сериозно вика сестрата.
- Има ли овде лекар? Ги знам правилата! Не смеете да вратите итен пациент. Прво нека го прегледаат, потоа викајте - се придружи на кавгата и роднината.

Дежурниот лекар беше во соседната соба, прегледуваше дете со морбили, кое не престануваше да плаче. Сестрата изгледа не можеше да се разбере и со неговите родители, па и таму ги решаваше работите на висок тон.
Лекарот пристигнува со забелешка дека не може да се клонира. Пациентот со труење е примен во болница и сместен на одделението за стомачни инфекции. Таму, персоналот со сосема спротивен однос од оној во амбулантите. Го успокоија, го стабилизираа со лекови и за кратко време го прегледаа неколку пати.
Љубопитни за тоа кој беше во право за правилата околу носењето упат, се распрашавме во Фондот за здравство.

- За ургентен пациент може да се донесат документи и отпосле, без разлика дали стигнал веднаш во некоја клиника или дошол од една во друга - објаснуваат од Фондот.

Многу итни болни има и во клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, поранешна Градска болница. Во неа во неколкуте наврати персоналот беше пријатен, а лекарите смирено реагираа со пациентите. Таков однос имаа и во поранешна воена болница, која кубури со персонал.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71611857265&id=9&prilog=0&setIzdanie=22332
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.632
Поени од реакции
3.506
Успешен тригодишен мандат. Вака Бујар Османи го оцени периодот поминат како министер за здравство. За најголема придобивка го смета враќањето на оптимизмот кај граѓаните дека работите можат да бидат добри и во здравствениот сектор.

Жали што како прв лекар во државата не го донесе пакетот на здравствени услуги, реформа во која не успеаја и неговите претходници.
За време на неговото министерување се случи најголемата инвестиција во здравството вредна 150 милиони евра која вклучува нова медицинска опрема и реконсртукција на здравствените установи. Стратегија за климатски промени, за безбедно мајчинство, воведување на нови задолжителни вакцини и нови законски решенија се само дел од активностите што се препишуваат на контото на Османи.
....промените во здравството во одреден дел изгледаа како сизифова работа. Но тоа не беше демотивирачки за мене и мојот тим. Напротив, секој ден носеше одредени предизвици. Многу од реализираните проекти за жал наидуваа и на потешкотии од причина што, многу од нив требале да бидат реализирани многу порано. Но успеавме да го вратиме оптимизмот но и овој сектор да биде еден од пореспектабилните во Владата, вели Бујар Османи министер за здравство во заминување.
...ако одиме п отаа логика за образование секогаш треба да биде наставник или за земјоделие земјоделец. И досега биле лекари па многу не успеале. Не мислам дека тоа е пресудно, туку треба добар менаџер кој ќе знае да ги спроведува политиките и да менаџира со здравствениот систем, вели Османи.

По Филипче, Тофовски, Милошевски, Даниловски, Оровчанец, Димов и сега Османи сите лекари по професија, за прв пат здравството ќе го води човек што нема допирна точка со медицината.
Османи без конкретен одговор дали по напуштањето на министерската фотелја ќе продолжи во политиката или ќе се врати на неговата љубов – абдоменалната хирургија.
...лекарската професија е тоа што најмногу го сакам, но околностите овој период ќе покажат како ке биде, вели Османи.
Покрај тимот со кој работел, ги пофали и новинарите кои со критиките но и пофалбите му помогнале во спроведувањето на реформите. Смирен и секогаш со подготвен одговор, ќе остане запаметен како министер кој има најдолг стаж во овој сектор, без ниту една интерпелација или сериозни напади од фелата.

Каков фејл. :ROFLMAO:
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Како болниците може да ви го загорчат животот?


25.07.2011 | Здравје

Во американските болници, секоја година 98.000 луѓе умираат поради медицински грешки. На колку несреќници во болниците кај нас им се случува ова - не постои официјална бројка. На што да внимавате пред да заминете во болница?

Старо правило е секогаш да барате второ мислење - ова важи и за вашата дијагноза. Пред да ве примат во болница, добро би било да ве дијагностицираат барем двајца различни доктори. Доколку второто мислење потврдува дека оперативниот зафат ви е потребен, превземете уште неколку чекори и избегнете заминувањето во болница уште толку да ви го загорчи животот.
Американска студија покажа дека еден од седум пациенти морал подолго да остане во болница, доживеал повреда, му требала итна помош или умрел исклучиво поради грешка предизвикана од модецинскиот персонал.
Како да избегнете истото да ви се случи и вас?
1. Доколку е возможно, одберете подобра болница
Од инфекции добиени во болниците годишно умираат 31.000 луѓе само во САД. „Ова е речиси еднакво на бројот на починати од рак на дојка“, предупредува доктор Питер Провоност, автор на книгата Safe Patients, Smart Hospitals.
2. Испитајте колку искуство има вашиот доктор.
Колку повеќе операции има направено, толку се поголеми шансите за успех.
3. Никако во петок и за викенди
Петоците, викендите и празниците не се идеално време за операција. Посебно лошо е да се договори операција во петок, бидејќи персоналот е веројатно исцрпен и има помала концентрација.
Преку викенди е уште полошо. На пример, лицата кои поради мозочен удaр морале да се оперираат преку викенд, имаат 16% поголеми шанси да умрат, покажала студијата на Универзитетот од Торонто. Која е причината? Помалку персонал, подолго се чека за тестови, а докторите често ги викаат да дојдат од дома.
Влијание има и периодот од денот - инсистирајте да ве оперираат претпладне, доколку е можно што поблиску до почетокот на смената.

4. Не одете сами
Пациентот е често загрижен, под стрес или под влиајние на седативи, па исклучително важно е во ваше име да говори некој ваш близок.Тие можат да прашаат нешто на што на самиот пациент не може да му текне. Освен тоа, некој кој ве сака и посетува, може да го следи текот на лечењето и да ги забележи евентуалните грешки кои инаку би можеле да поминат незабележано.
5. Внимавајте на два извори на инфекции
Лифтот е место кое го допираат сите, а ретко ги мијат рацете. Доколку го користите лифтот, ставете марамче во рака, па потоа притиснете го копчето. Облеката на докторот е исто така можен извор на инфекција. Докторите се постојано во контакт со разноразни пациенти, а едно истражување покажало дека 20 од 40 лекарски униформи се контаминирани со опасни бактерии. Иста е и ситуацијата со 17 од 84 стетоскопи.
6. Спречете опасен пад
До 30% од падовите резултираат со сериозни повреди. Во болниците, тие најчесто се случуваат на пат до тоалетот. Доколку не се чувствувате баш сигурно на нозе - повикајте некој да ви помогне.
7. Доколку нешто прашувате, бидете љубезни и насмеани
Океј, знаеме дека ова звучи како невозможна мисија. Посебно во нашите болници. Но, колку и да не ви е до насмевки, љубезноста ќе го поттикне персоналот да ви подари малку поголемо внимание. Бидете пријателски настроени.
8. Бегајте од млади доктори на пракса
Новата студија објавена во Journal of General Internal Medicine покажува дека во американските болници кои организираат обука на млади доктори, смртноста е зголемена за 10% во јули. Доктор Дејвид Филипс, автор на студијата и професор по психологија на Универзитетот Калифорнија шпекулира дека „јулскиот ефект“ е последица на тоа што токму во овој месец повеќето специјализанти почнуваат со обука.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Греота

Секоја капка крв се проверува, но тоа изгледа не важи за Скопје
Петок, 17 Февруари 2012 19:07
Сеуште не можеме да поверуваме дека осумгодишниот Кире Јованов, фатил Хепатитис Б , во клиниката за деца и онкологија во Скопје.
Оваа болест се пренесува интравенозно и преку сексуален чин.токму затоа збунувачки е тоа како оваа здравствена институција не провелира претходно, ниту пак се посомневала во крвните препарати што евентуално му се давани на Кире Јованов.Според стандардите на здравствениот систем во Македонија нужно се прави контрола на исправноста на крвта што ја донирале граѓаните.Постапката ја објасни Д-р Данче Витларова раководител ан одделените за трансфузиологија при клиничката болница во Штип, таа вели по секоја крводарителска акција секоја капка донирана крв се тестира дали граѓанинот е болен од Хепатитис Б и Ц, од Сида или пак Сифилис.Ако се констатира дека нечија крв ги има носителите на болеста се повикува на разговор.Оваа постапка се применува во секоја болница во Македонија, најверојатно тоа не важи за болницата каде е сместен Кире Јованов

Има ли виновници
По загребското дијагностицирање сега никој од клиниката во Скопје, не сака да ја преземе одговорноста. Си ги мијат рацете, па болеста од мајкаму додека била бремена со него и такви ступдини објаснувања. Тоа било пред 8 години, како тоа по осум години сега ако не беа лекарите од Загреб ќе се знаеше дека Кире боледува од Хепатит Б. Има уште едно оправдување дека македонскиве лекари знаеле дека тој има жолтица, но се фокусирале на лекување на ракот на лимфните жлезди. Мижи да ти баам. Сите изговори се во истрел во празно, сите граѓани знаат кој е кабаетлија. И сега, кога проти кабаетлијата треба да се преземат мерки, надлежните молчат, прогласувајќи се и себе си за виновници за недоговорноста во здравствениот систем на Македонија, кој е тешко болен од пропусти, незнаење , невнимателност, понижување, и слични индивидуално колективистички вируси.

Наместо на операција во Загреб, малиот Кире вратен во Скопје поради жолтица
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.232
Поени од реакции
7.039
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Проблем е што инфекциите се случуваат пречесто, барем за оние инфицираните. Еден пациент доби хепатит ц, некој подтип...го доби или од забар или од тубата при една операција (две последни интервенции единствено можни за добивање ваков тип жолтица) па мораше да се снаоѓа со лекови од Србија за да го спаси црниот дроб и себеси. Другите болнички инфекции, сепси исто се пречеста појава во болниците

Болнички извори тврдат дека хируршките простории најчесто се стерелизираат според застарен принцип со УВ- лампи, кои не го заштитуваат целиот простор и не ги уништуваат сите бактерии. Според нив инструментите за операција или пак за други интервенции се стерилизираат во автоклави, апарати што се исфрлени пред 25 години.
Додека друг пациент примаше албумин и плазма, на радиологија и можда половина други клиники снема струја. Немаат ниту генератор барем за светлина барем за ставање инјекции. А барем на такви клиники нема место за одложување на терапија.
Не да се крш условите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom