„Твоја“ партија

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.856
Или ќе бидат државни или на олигарсите или странски, но јасно е дека без пари и реклама нема гласови. Искрено гледајќи дека на премиерот му наредуваат како на мало дете што може, а што не, не гледам скандал во тоа дека новите партии се финансирани од странство. Не дека не ми пречи, но не сметам дека од старт би биле помалку поволна опција заради тоа, со оглед на тоа дека 100% од партиите се командувани.
Инаку научна фантастика е да влезе било кој од ,,Левица" и ,,Твоја" со оглед на Донтовиот систем. Евентуално во скопската, каде луѓето помалку бркаат работно место преку партија. Во другите единици да собереш 10К гласови е тешко, со оглед на тоа дека гласачите се или СДС или ДПНЕ.
Па не би рекол дека само финансиите се во игра, логистиката има огромна улога особено во делот на компромитации и разно разни пити гомнарки кажано во УДБашки жаргон.

Многу ликови кои беа надежни за општата јавност стихијно се повлекоа, пасивизираа или маргинализираа на МКД политичка сцена, да не одам поединечно сега кои.

Врежано ни е во гените нас странското влијание, особено на соседните земји, за разлика од пред 100г тоа сега е посуптилно и во денешно време нема потреба од агресвните методи кои се користеле во минатото. Горе долу пак србомани, гркомани, бугарофили, балисти...нажалост.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.856
Да ја живнеме малку темата, Тортевски и Најчевска како ударници на Твоја партија...

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
47.262
Да ја живнеме малку темата, Тортевски и Најчевска како ударници на Твоја партија...

Многу ме интересира по кои прашања се разишле со СДС овие двајца ударници. Дали кај начинот на менувањето на уставот(самото менување никогаш не им беше проблем) дали кај криминалот, дали кај корумпираноста. Дали прејудицираат во јавните настапи со вина во Рекет, како што своевремено знаеја да прејудицираат кај минатата власт или сега тоа им е невкусно. Ја напаѓаат власта или само одредени ликови од власта кои им пречат.

Ја на пример, се што сум чул од Тортевски се критики по некои апстрактни прашања, како екологија и загадување, владеење на право и правна држава и такви некои удари во празно, нормално тука се цупка да не се посочи лик и конкретна политика, а ни оддалеку ништо агресивно каков што знаел да биде.

Дали е можно, ова да е алетернатива на Левица повеќе него што е на ВМРО и СДС. Оваа партија така генерички се изроди од никаде, без некоја агресивна кампања, без некоја јака критика, човек да помисли дека таргет повеќе им се разочараните кои би гравитирале накај Левица или кон негласање, него кој членството на власта на која сакаат да и бидат алтернатива.
 
Премногу завиена форма за да едноставно кажеш без ракавици: дали Твоја одработува за власта?

Одговорот е: исто колку што Левица одработува за опозицијата.

Без ракавици, реално од Твоја имаат шанса да влезат Најчевска и/или Тортевски а од Левица Апасиев+1 и можеби во 5ка Мојсоска, тоа е се. И сите овие да влезат, не можат да променат ништо, меѓутоа може да поттикнат многу, и на крај краева било кој од гореспоменатите да влезе во Собрание би ми било многу драго за разлика од 95% од тие кои ќе бидат на листите на Курто и Мурто.

Сето тоа шо си спомнал е релевантно, сите пратеници на ДПМНЕ дремеа како мисири кога пред нивни очи се случуваше тоа шо се случуваше? И? Мрдна некој со прст? Не, се туфкаа сите по малку и тоа беше се.
Да не се навраќаме сеа на хашки случаи, двојазичност и Талат Џафери...да бидеме објективни, без продавање топла вода.

Одамна кога пишував дека се исти курац и дека само трета опција има шанси да пркнеме, имаа кампања дека имало разлика и дека не се исти, па тогаш беше не го ситни отпорот, а еве сега како ирончно е нема друг избор за спас на нешто, освен ДПМНЕ. Истите приказни...

Ако некој сака искрено промени, нека излезе да гласа и нека поддржи било која трета опција, тоа е мојот став, немам намера да посочам која опција...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Најдобар начин да се запусти и обезвредни Твоја, Ваша и било чија партија е да се вклучи Најчевска во нејзиното раководство. Всушност, само зачленување или изразени симпатии од страна на ова лице кон некоја партија е знак за сериозно преиспитување и соодветна загриженост на оние што ја водат.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.215
Поени од реакции
20.967
Оваа е таа Најчевска што хистеришаше дека се употребувала прекумерна сила од страна на полицијата во Диво Насеље? Што до пред да направат партија, релативизираше и бранеше гомненици од актуелнава власт? Што не гледаше никакво прекршување на закони и устави кога се бришеше газ со Уставот?
 
Сите шанси се да е таа. Прва е за хистеришење, бранење малцинства и нивни права, кога треба да се посере македонскиот народ прва ќе клекне да изврши дефекација. Теткава има милиони бисери низ годиниве што поминаа.

Само како пример, можеби и несоодветен: еднаш го бранеше правото на абортус (што, според мене, начелно е О.К.), ама ми се стемни кога рече дека тука нема ништо посебно, т.е. дека таа имала најмалку два (еден секако не спомна). Редовен професор, таканаречен интелектуалец, ќе си помислиш дека некогаш слушнала нешто за контрацепција...
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
47.262
Премногу завиена форма за да едноставно кажеш без ракавици: дали Твоја одработува за власта?

Одговорот е: исто колку што Левица одработува за опозицијата.
Нема ништо завиено, факт е тоа дека двете партии се мини вмро и мини сдс. Би поддржал да се гласаат вакви опции единствено како симболичен гест дека вмро и сдс се веќе офуцани опции, недостојни за избор.
Тажното е што тој крик ќе заврши баш на нивно конто.

Ако некој сака искрено промени, нека излезе да гласа и нека поддржи било која трета опција, тоа е мојот став, немам намера да посочам која опција...
Има помангупски начини, пример во Србија што беше тој Бели будалетинката, кај нас на пример, би можело масовно да се гласа некој опскурен лик како Амди или да одлепиме сите за Мендух Тачи и слично, ама да, тоа е изборот, за мене Апасиев е поприфатлив, иако и кај него има карактеристики и растројства што ги имаат Најчевска и Тортевски.
На скала на одвратност он ми е 6.5, Торте ми е 9, Најчевска 12 фаќа.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.856
Нема ништо завиено, факт е тоа дека двете партии се мини вмро и мини сдс. Би поддржал да се гласаат вакви опции единствено како симболичен гест дека вмро и сдс се веќе офуцани опции, недостојни за избор.
Тажното е што тој крик ќе заврши баш на нивно конто.
Колку и да се независни во одреден момент по одредена точка ќе се согласат со некоја од партиите на власт или опозиција, значи сепак е политика ова, меѓутоа многу е битно тоа да го прават во склоп со своите декларирани идеологии или ете ветувања, да не биде како досега апла купи-ден-помини...

Има помангупски начини, пример во Србија што беше тој Бели будалетинката, кај нас на пример, би можело масовно да се гласа некој опскурен лик како Амди или да одлепиме сите за Мендух Тачи и слично, ама да, тоа е изборот, за мене Апасиев е поприфатлив, иако и кај него има карактеристики и растројства што ги имаат Најчевска и Тортевски.
На скала на одвратност он ми е 6.5, Торте ми е 9, Најчевска 12 фаќа.
Аман бе, сите одвратни, гарант Господинот Груевски не ти одвратен, уше помалку ти делува лабилно :icon_lol:

Ако не, чаре да го вратиме, од аеродром со јутонг двокатен бус до порта Македонија, пратња конвој коли на бугарски таблици со по две знамиња, едно ВМРО другото сонцето од Вергина, Цеца да пее пред Собрание да ја загрее толпата :pos:

Тамам?

Него малку надвор од темата, не знам како се очекува да пркне нешто автентично како политичка алтернатива, ако еве апла се глеа сега дека СДСМ во договор со ДПМНЕ и координирано однадвор потпишаа и направија се после 2016г, во вакви рамки е скоро па невозможно за пробив на автетнична политичка структура која би водела независна политика.
Нема шанси да поверувам дека сегашното раководство на ДПМНЕ го набрка Мијалков и компанија, поентата е да се дистанцираат во јавноста тие кобајаги предавници, да не губи цела политичка структура, не им одговара нив а ниту на нашите „пријатели“ нешто шо веќе имаат под контрола да се маргинализира. Уште се влечат истите конци, и во партијата, а и врз тие кои ја контролираат ДПМНЕ преку дотичните ликови, а тоа се нашите „пријатели“.

Вака и волкот сит и овците на број.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.445
Поени од реакции
47.262
Аман бе, сите одвратни, гарант Господинот Груевски не ти одвратен, уше помалку ти делува лабилно :icon_lol:

Ако не, чаре да го вратиме, од аеродром со јутонг двокатен бус до порта Македонија, пратња конвој коли на бугарски таблици со по две знамиња, едно ВМРО другото сонцето од Вергина, Цеца да пее пред Собрание да ја загрее толпата :pos:

Тамам?

Опушти се, нека затретепери душата и не ги запирај солзите што неминовно ќе надојдат додека гледаш и се присеќаш (правиш реминисценции како што вика честитиот даскал) на едни времиња кога државата доминиташе на Дуинг Бизнис и Иво Ивановски ни кажуваше дека имаме најбрз интернет во Европа.

После реминисценциите, смири се и запрашај се како реагираа Тортевски и Најчевска кога Груевски не напушти, дали беше жестоко како што беше жестоко како кога им го загорчуваше животот. Јас од такви прекалени борци очекував многу гнев да се истури искрено да ти кажам. Најчевска како Јан Палах очекував да се потпали, да се собере старото друштво од пред СЈО во 18 и да не се растури тој собир додека не летне главата дали на Заев дали на Спасовски, сепак они должеа правда пред Тортевски и Најчевска, така..

Али оно кур, покакаа малку на фб и ја прифатија верзијата дека Груевски избега облечен како жена во гепек од Пасат и продолжија во манирот вежи коња где ти газда каже, додека газда не им направи прокси партија за да полажат уште некого.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.167
Поени од реакции
8.465
Читам нешто Твоја Партија, ај си викам што, кој, како ? Кога таму ја гледам гнидана најческа, дај бе не забавајте, таа може да биде само на листа за во конц логор.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тортевски важи (и е) врвен правник и интелектуалец. Секогаш сум го ценел како таков.
НО....
Врвен правник, а ниту збор да не каже дека СЈО е неуставно формирана институција, или како и многу други... „неуставна е, ама мора да има“. Ова е трескање од подот со сета правничка стручност. И уште плус да работи за таква институција.
А, Најчевска е репер за одвратност кај нас, многу и да сакаат да гласаат, би размислиле заради неа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom