„Таксират“ и „Д Фестивал“ во трка за најдобар европски фестивал

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Таксират“ и „Д Фестивал“ во трка за најдобар европски фестивал
15/10/2015 со 1 Коментар

Два македонски фестивали номинирани на најпрестижната фестивалска манифестација. „Таксират“ фестивал седма година по ред влегува во конкуренција на најдобрите фестивали во Европа со номинација за Европските фестивалски награди (Europe Festival Awards), а годинава друштво во трката му прави и дојранскиот „Д ФЕСТИВАЛ“.
„Таксират“ е номиниран во категориjaта за „Најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор“ (Best indoor festival), a „Д Фестивал“ во категоријата за „Најдобар мал фестивал“ односно фестивал чија публика брои до 10.000 посетители дневно. Нашите фестивалски претставници се во борба за наградите во конкуренција со повеќе од 30 фестивали од над 15 земји во Европа, за секоја од категориите.
Во повеќето од категориите, вклучувајќи ја и номинацијата на „Таксират“ и „Д Фестивал“, за наградите одлучува публиката, со онлајн гласање, со што фестивалските фанови имаат можност да покажат колку и каде најмногу уживале.
Гласајте за „Таксират“ и „Д Фестивал“ и освојте по два билети за секој од победничките фестивали! Повикот да ги поддржите „Таксират“ и „Д Фестивал“ во ова натпреварување е упатен и отворен за сите.
Гласањето е отворено од денеска и ќе се спроведува сѐ до 12-ти ноември 2015. Во секоја категорија може да се гласа само за еден фестивал, а со секое гласање влегувате во извлекувањето за „Dream Summer“ наградата, со која среќниот добитник ќе биде награден со по две влезници за победничкиот фестивал од секоја категорија.
Десетте најдобри фестивали според публиката, за секоја категорија, ќе бидат објавени по затворањето на јавното гласање, а победниците на Европските фестивалски награди ќе бидат прогласени на свечената церемонија која ќе се одржи на 13. јануари 2016. година во Гронинген, Холандија, на отворањето на конференцијата „Еуросоник Нордерслаг“ (Eurosonic Noorderslag).
http://pozitiv.mk/таксират-и-д-фестивал-во-трка-за/
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Да не закасни малце со отварањето на темата? Текстов што си го ископирал е од 15 октомври, анкетата е затворена и Таксират и Д Фестивал не се влезени во потесниот избор.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
postni sea deka game of thrones ke se snima u makedonija ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom