„Опел“ подготвува електронски автомобил за градско возење

Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Опел“ подготвува електронски автомобил за градско возење
01.03.2010

Германскиот автомобилски концерн „Опел“ најави создавање на електронски автомобил, чија специјалност ќе биде управување во градски услови.

Ова за весникот „Билд ам Сонтаг“ го соопшти претседателот на „Џенерал моторс“ за Европа, Ник Рајли.

„Сметаме дека еден ваков автомобил има голем потенцијал во многу растечки градови ширум светот“, изјави Рајли.

Новиот модел на „Опел“, ќе биде помал од „Корсата“, а се очекува да се појави на пазарот за три години.

„Опел“, кој е засегнат од пад на продажбата, планира да инвестира 11 милијарди евра во наредните три години, претежно во модели со еколошко чиста технологија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=120431
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Е ова може да испадни потег на деценијата за Опел.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Нема ништо од тоа. Струјата е поскапа од бензинот, а за производство на струја е потребна нафта. Во Америка имаше перење мозоци последниве две години за коли на ел. енергија, но сватија дека е неизводливо (барем засега).

Општеството се базира на нафта, сходно секое решение кое изискува нова инфраструктура ќе биде многу поскапо и нема да биде успешно.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Се додека не ги направат достапни автомобилите на соларна енергија (оние кои работат како што треба) ќе гледаме вакви глупости*, исто така целосно неисплативи се и автомобили на погон на водород а дури и на вода (помислете на цела немаштија уште водата да добие астрономска цена како нафтата), водородот од причина што при негово добивање ќе има исто така големи трошоци.

*читајте го Мисирков над мене ако не ви е јасно зошто пишав - глупости

п.с утнат е подфорумот
 
Не би рекол. Нафтата можеби уште е незаменлива но нејзиното време полека, но сигурно истекува.

За тоа дека струјата е поскапа од бензинот не би бил толку сигурен. Ако беше така тогаш воопшто немаше да се мачат да произведуваат таков автомобил. Струјата е 5-10 пати поефтина од нафтата за потрошувачка на автомобили.

За производство на струја воопшто не е потребна нафта. Сите знаеме дека нафтата е за автомобилите и + некои генератори, т.е. резервни генератори, но дека се произведува струја од нафта не би рекол.

Дали е изводливо?
Изводливо е и тоа како. Трошоците за движење на ел. автомобил низ град се далеку помали и е далеку поефикасен отколку тие на бензин.
 
Ај пресметај трошоци за напојување на 2 милијарди електрични автомобили, и се така натаму...
 
T

Tetro

Гостин
fail, и местото на темата
fail, за Opel, ѓи почитувам, ама погрешен потег у погрешно време, соларната е решение за опстанок на автомобилската индустрија.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Ај пресметај трошоци за напојување на 2 милијарди електрични автомобили, и се така натаму...
WOW, 2 милијарди?! Па толку коли на бензин нема...

Инаку само со соларна енергија може да се обезбеди сета таа енергија. Без нуклеарни реактори и термоцентрали.

А да не заборавам дека во 2016 е во план лансирање на сателит кој ќе обезбедува ел. енергија за 250 000 домаќинства.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не би рекол. Нафтата можеби уште е незаменлива но нејзиното време полека, но сигурно истекува.
Но додека истече, а сепак има нови наоѓалишта, останува основата на општеството кое е структуирано по таков терк да троши нафта.

За тоа дека струјата е поскапа од бензинот не би бил толку сигурен. Ако беше така тогаш воопшто немаше да се мачат да произведуваат таков автомобил. Струјата е 5-10 пати поефтина од нафтата за потрошувачка на автомобили.
Биди сигурен, според моите анализи, бидејќи професионално се занимавам со проблемот, во просек осум пати е поскапо напојувањето на еден автомобил со струја.

Плус НЕМА ИНФРАСТРУКТУРА за такво нешто, а да се изгради се потребни огромни суми. Дури и да има, нема решение за батериите. Колку долго трае една ел. батерија и какви ограничувања има на движењето??? Како (и колку долго ќе напоиш) еден автомобил на автопат ако ти снема енергија??? Тоа се практични проблем за кој (засега) нема решение. Можеби за 30 год., но сега - не.

Дали е изводливо? Изводливо е и тоа како. Трошоците за движење на ел. автомобил низ град се далеку помали и е далеку поефикасен отколку тие на бензин.
Изводливо е речии се’, но која е цената?! Да беше практично изводливо, досега ќе имаше коли на ел. енергија и водород. GM протна една пред година дена, прескапа е и напојувањето е поскапо од трошење бензин.

Плус, се прави додатна поделба на автомобили за “низ град’’ и некои други. Факт е дека паѓа учинокот на возилото со “алтернативните’’ решенија па мора да се прави избор како тој (за низ град или не) или да мораш да употребиш нешто во колата, а не нешто друго, итн.

Затоа по големата пропаганда на ТВ сега нигде ги нема...
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Електронски автомобил? Неписмени новинари.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Но додека истече, а сепак има нови наоѓалишта, останува основата на општеството кое е структуирано по таков терк да троши нафта.
Се согласувам до некаде. Се уште се користи нафта масовно, но полека почнуваат да се наоѓаат алтернативни решенија, како што е користењето на алкохол (етанол) како погон добиен од растенијата. Ова гориво секојдневно добива на популарност.

Биди сигурен, според моите анализи, бидејќи професионално се занимавам со проблемот, во просек осум пати е поскапо напојувањето на еден автомобил со струја.

Плус НЕМА ИНФРАСТРУКТУРА за такво нешто, а да се изгради се потребни огромни суми. Дури и да има, нема решение за батериите. Колку долго трае една ел. батерија и какви ограничувања има на движењето??? Како (и колку долго ќе напоиш) еден автомобил на автопат ако ти снема енергија??? Тоа се практични проблем за кој (засега) нема решение. Можеби за 30 год., но сега - не.
Види, да беше осум пати поскапо немаше воопшто да инвестираат во такви автомобили. Јас не се согласувам со ова. Инфратсруктура можеби сеуште нема, но за градско возење на таков автомобил скоро и не е потребна. Доволно е да ги наполниш батериите на автомобилот дома. :)
За вториот болд, сега има решение, а тоа се хибридните автомобили, но како што вели изворот, тој автомобил ќе биде главно наменет за градско возење.

Можеби за 30 год., но сега - не.
Секако дека ќе помини време додека ел. автомобили не ги заменат денешните. Јас би рекол дури и повеќе од 30 години.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Се додека не ги направат достапни автомобилите на соларна енергија (оние кои работат како што треба) ќе гледаме вакви глупости*, исто така целосно неисплативи се и автомобили на погон на водород а дури и на вода (помислете на цела немаштија уште водата да добие астрономска цена како нафтата), водородот од причина што при негово добивање ќе има исто така големи трошоци.

*читајте го Мисирков над мене ако не ви е јасно зошто пишав - глупости

п.с утнат е подфорумот
А ноќе?Автомобили на ел. енергија би биле изводливи кога би се нашло начин да се контролира енергијата која се создава при фузија и да се претвара во електрична.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Доволно е да ги наполниш батериите на автомобилот дома.
Proveri gi smetkite za vakvo napojuvanje doma, napravi prosek, pa potoa da razgovarame, inaku muabetot nema smisol.

Ti kazhuvam od iskustvo, bidejki sum pravel takvi studii, deka ova ne proagja dodeka ne se reshi problemot na bateriite (i magnetite).

I denes Amerikanskata vjska ima baterii koi imaat dozhivoten vek, no signalot e slab. I denes ia batrii koi mozhat da dadat minimum za edno vozilo da se dvzhi odreden broj kilometri, no sepak cenata e prvisoka plus nema dovolno energija (zatoa se "za gradska vozhnja").
 
Kajgana Shop

На врв Bottom