„Несаканото дете“ го присвојуваат Грците!?

Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
„Несаканото дете“ го присвојуваат Грците!?

Александар Настески во истражување на Маркова карпа на Шар Планина „Карпестите слики“ од периодот на праисторијата во Македонија побудуваат растечки интерес во светската археологија. Ова културно - историско наследство од далечното минато е игнорирано од официјалната македонска наука.

Машки и женски фигури, вдлабнати полутопки, змии долги по еден и пол метар, стотици крстови, гравури со претстави на божества, риби и многу други знаци се врежани на карпите во пазувите на Шар Планина, во рамничарските предели во Пелагонија, во месноста „Цоцев камен“ во Кратовско, по долината на реката Бабуна, во селата Град, во Делчевско, и Нежилово, во Велешко, но и на целата територија на Македонија. Овие записи на каменот од длабоката праисторија чекаат трпеливо науката со релевантни истражувачки методи, со анализи, како и со прецизни мерења на времето на нивното настанување, да одгатне, колку е можно поверодостојно: кој, кога и зошто ги врежувал? Карпестата уметност на Македонија е предмет на голем научен интерес на реномирани експерти од светот, во странство на научни конгреси и симпозиуми, додека за неа во самата Македонија владее – молк, длабока скепса во научните кругови.

„Без археолошки контекст - цртежите на каменот не се од интерес за науката“

Драги Митревски, професор по праисториска археологија и методологија на археолошките истражувања од археолошкиот институт на Филозофскиот факултет на државниот Универзитет во Скопје е категоричен:

„Првин, треба да се потврди дека тие цртежи се дело на човечкиот ум, дека се човечко искуство и знаење. Тоа можат да бидат најобични зарези на овчарчиња во карпи, или шарања на пустиножителите, кои оставале на карпите некои пораки. Тоа можат да бидат и природни појави, кои ни личат нам на некакви гравири. Ако ние кажеме дека нешто е цртеж од толку и толку илјади години, треба да бидеме во состојба тоа и да го провериме. Значи, треба да постои археолошки контекст: тоа да биде откриено во такви услови, кои ќе говорат за тоа време, за таа култура. Без контекст, тие појави не се од интерес за науката, затоа што не можат да се потврдат, или да се проверат.“

Д-р Митревски го дообјаснува на следниов начин својот став:

„И пештерското сликарство во Алтамира, во Шпанија, или во Ласко, во Франција - најпознатите во светот, да беа откриени на некоја карпа, изолирана, без контекст, немаше да вредат ниту петпари. Тие се вредни затоа што се поврзани со одредени културни слоеви, со одреден објект – со тие пештери и човечкиот материјал во нив. Од она што е непроверливо, науката нема некоја голема корист. Затоа велам дека не постои такво нешто што се нарекува ‘карпеста уметност’ кај нас, јас не знам за тоа.“

Блажо Боев, професор по петрологија - наука за каменестите структури на Рударско - геолошкиот факултет на државниот Универзитет во Штип се занимава повеќе години со карпестата уметност. Обидувајќи се да разграничи што е дело на човечките раце, а што е резултат на природните процеси, д-р Боев, исто така, ја пројавува научната строгост кон временското датирање на записите врз каменот:

„Одредувањето на староста на мотивите, кои се изработени по карпите, е многу тешка работа денес, да не кажам и невозможна – да се датира директно, директно да се мери времето. Во многу случаи тие интервенции на карпите е многу тешко да се разликуваат: дали станува збор за човечки интервенции, или за природни форми на карпите.“
Знаци и симболи кои треба да се протолкуваат

„Голема силина и голем потенцијал во капиталот на карпестата уметност на Македонија, која ја присвојуваат Грците“

Што велат оние кои што талкаат ентузијастички со години по беспаќата на Македонија и ги истражуваат гравирите на карпите? За најекспонираниот во оваа сфера, доктор Душко Алексовски од Кратово, професор на државниот универзитет во Штип и раководител на Македонскиот центар за карпеста уметност, не постојат никакви дилеми: според него, „карпестата уметност на Македонија е значајно културно - историско наследство воопшто на човечката цивилизација“.

Алексовски дополнува:

„За време на меѓународни конгреси, за време на меѓународни симпозиуми и конференции ние учествуваме секоја година и тоа е меѓународна верификација за она што ние го зборуваме денес за карпестата уметност во нашата земја. Сето тоа во врска со неа е објавено во меѓународни списанија, редактирани од членови на странски академии.“

Д-р Алексовски укажува и на еден момент особено интересен од сегашен аспект:

„За мене круна на нашите истражувања за карпестата уметност во Македонија, кои беа финансирани во одреден период и од УНЕСКО, е тоа што нашите колеги од оваа област во Грција одлучија мене да ме прогласат за – Грк ! Во сите списанија до се‘ она што се објавуваше за оваа проблематика, без моја дозвола, стоеше ‘Грк’, ‘Грција’. Штом некој се бори да ве присвои, тогаш тоа значи дека има голема силина во она што го работите, оти постои голем потенцијал во тој капитал на карпестата уметност во Македонија.“

Александар Настески, академски сликар и истражувач на карпестата уметност од Тетово, вели:

„Во изминатите седум години на нашите истражувања низ целата држава, на Шар Планина откривме најбогати и највредни наоди од праисторијата: во овој случај не се работи за осамени знаци и гравири, туку за комплетни композиции, наративни композиции со претстави на луѓе, животни и други знаци како симболи. Тие се во исто време и ликовни композиции, едни од најстарите такви воопшто во светот на ликовната уметност. Создавачите на овие композиции на карпите имале и многу смисла за анатомијата на човекот.“
Претстава на Големиот дух, кај Маркова карпа, Тетовско

Композицијата на „Адам од Пена“ со шесте други придружни ликови и симболи



Членовите на тетовската неформална група за карпеста уметност, сочинета од група ентузијасти од Тетово и Гостивар, ја издвојуваат како „реткост во светски рамки“ композицијата на една од карпите на Шара, која самите ја нарекле симболично „Адам од Пена“. Станува збор за силуета на машка фигура со должина од 120 сантиметри. Над и околу пиктажот на „Адам“ се наоѓаат уште 6 други елементи – ликови и симболи: крст, како симбол за земјата, превртена пирамида, триаголник, круг, што го симболизира сонцето, и змија долга 150 сантиметри, како заеднички симбол за родноста.

По долготрајно проучување и на научни студии за оваа област, Настески заклучува:

„Кога луѓето веќе започнале да живеат надвор од пештерите, тие си направиле свои светилишта надвор од нив – на отворено. Тоа се нивните ритуални карпи, нивните светилишта. Всушност, луѓето правеле ритуали за опстанок. Длабењата и врежувањата на гравирите и пиктажите врз и во карпите на планината, што траело и со денови, биле не само ритуали на тогашните луѓе за да измолат од природните сили опстанок и родност, за себе и за земјата, туку тоа претставувало и процес на создавање уметнички дела со видна естетика и со оригинален и артикулиран израз на луѓето за нивните обреди и верувања.“

Низа научници во светот аналитично и студиозно ја проучуваат оваа праисториска уметност, без запоставување и потценување како што се случува тоа во Македонија. Магистер Лилјана Шаламанов – Коробар, експерт за старото камено доба и виш кустос во Музејот на Македонија во Скопје, смета дека македонската наука мора, конечно, да се зафати со расветлувањето на тајните од досега негибнатите најдлабоки културни хоризонти на својата праисторија, а во кои е создавана и карпестата уметност. Таа нагласува:

„Во светот науката за карпеста уметност е верификувана и таа се наоѓа во рамки на археологијата. Многубројни се семинарите и конгресите на кои истражувачите сериозно се занимаваат со оваа проблематика. Но, археолошката наука во Македонија е скептична кон ова, на кое што се работи во светот и кое е потврдено.“

Шаламанов – Коробар предупредува: „Постојат соодноси, аналогии, поврзувања со кои истражувачите можат да дојдат до одредени резултати и на тој начин да се верификува навистина потеклото на записите на каменот. Кога е материјалот на отворено, кога се работи за одредени цртежи, знаци, маркирања на отворен простор, каде што има ерозија, врнежи, каде што климата влијае многу, потребни се егзактна наука, физичко – хемиски анализи, кои би го потврдиле тоа. Треба да се создаде сигурна поткрепа. Кога би имале кај нас примена на таквите методи, тогаш би можеле многу полесно да застанеме зад оваа наука за карпестата уметност.“

Трагите на карпите, создавани од човечката рака, се споменици од далечното минато и тие даваат драгоцен материјал за социо – културната антропологија и историјата на уметноста во Македонија, со еднаква вредност како и на таквите наоди во другите делови на Европа, во Африка и Азија. Затоа, експертите стануваат се‘ погласни дека поради ова тие заслужуваат да бидат соодветно проучени и растолкувани.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Жана Ацеска
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5706478,00.html

Прв пат слушам за Маркова карпа на Шар Планина и „Карпестите слики“ , мор информејшн плис....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
06.11.2015, 16:36

ВЕЧНИ СИМБОЛИ ПО КАРПИТЕ НА ШАРА

Александар Настески смета дека голем број од композициите најверојатно се настанати пред десетина или дванаесет илјади години од времето на мезолитот.

Ваквото тврдење го базира на композицијата пиктажи на рибите-пастрмки на реката Пена во композиција со животно - рис што ги лови рибите, претставата за водата, човекот или неговата маска, крстот, триаголникот и недовршените пиктажи

Гојко Ефтоски

По долината на реката Пена, по падините на Шар Планина во тетовскиот крај, а и пошироко во Македонија, на многу локации се наоѓаат карпи од гранитно потекло со многубројни и прекрасни гравури, пиктажи и релјефи. Анализите на нивниот изглед покажуваат дека се работи за триаголни и пирамидални карпи, како и со поинаква форма која одразува специфика и „зборува“ за нешто друго. Токму тоа било причина Александар Настески, академски сликар од Тетово, да ги проучува ликовните елементи за кои подоцна создава колекција на големи слики, со кои на изложби или на друг начин се претставува не само во нашата земја, туку и во странство. Две изложби со инспирации од карпите, ги наречува како „Вечните симболи“ и „Ѕвезди над карпите“.

Петнаесетина години Александар Настески „талка“ по речните долини и падините, се навраќа по два-три пати на исти локалитети и како што тој вели, секогаш наоѓа по нешто ново. „Вистински дружам со моите карпи, со знаците на нив и со моите слики, потоа. И секогаш наоѓам нешто ново, нешто неочекувано, загадочно. Дури и оние карпи за кои мислев дека веќе сум ги обработил, проучил и протолкувал, а потоа и насликав, при наредни посети откривав нешто друго – необично. Според моите досегашни анализи не се осмелувам да кажам дека не станува збор за осамени знаци, туку дека се вистински наративно-ликовни композиции меѓу првите во светот на ликовната уметност воопшто. Тие се уметнички дела со оригинален и артикулиран израз на прастарите генерации, на тогашните луѓе, за нивните обреди и верувања, за смислата на животот и нивното сфаќање за поредокот во светот. И денес, овие дела се толку ’живи’, дури изгледаат и севременски - вечни“, вели Настески.

Овој упорен истражувач смета дека голем број од композициите, веројатно, се настанати пред десетина или дванаесет илјади години од времето на мезолитот. Ваквото тврдење го базира на композицијата пиктажи на рибите-пастрмки на реката Пена во композиција со животно - рис што ги лови рибите, претставата за водата, човекот или неговата маска, крстот, триаголникот и недовршените пиктажи.

Се зборува дека карпите по планините или покрај речните корита во Македонија, се преплавени од необични и загадочни знаци, некакви навидум гребнатинки, стапала на животни и луѓе, гравури, сончеви тркала, крстови, прецизно направени вдлабнатини во каменот. Дел од ваквите форми се творби на самата природа, а голем дел се направени од човечка рака, илјадници години пред нашата ера.

Александар Настески констатира: „Ликовните елементи што се видливи на карпите, покажуваат неверојатно високо ниво за сфаќање на животот, светот воопшто, за симболиката на нештата, за нивната способност да создаваат симболи во тие дамнешни времиња кои опстоиле илјадници години потоа и кои повторно се раѓале во модерна – современа форма, но со вечно значење“.

Александар Настески има уште една порака: „Ова е непроценливо богатство за сите нас и време е да се направи нешто во насока на валоризирање на ова богатство. Тие знаци се тука и се наше историско, културно и религиозно наследство и безмислено е да се затвораат очите пред овој факт. Колку побрзо тоа ќе биде сфатено, толку подобро. Сметам дека уметниците од тие времиња се поистоветувале со природата и чувствувале потреба секогаш одново да го потврдуваат своето учество во животот изразувајќи го своето единство и верба во тоа што некогаш постоело, што постои и ќе постои. Тоа важи и за сегашноста“.

Адам од Пена

Истражувачи на минатото, вљубеници во симболите што ги откриваат на карпите, здружени во неформална група што ја сочинуваат академски сликари, фотографи и од разни други професии, петнаесетина години крстосуваат по Шар Планина, долината на реката Пена, други региони за кои слушнале, се во потрага по сознанија и фактографија за карпестата уметност во нашата земја. Токму овие истражувачи, како реткост во светски рамки ја издвојуваат композицијата на една од карпите по бреговите на Пена, која симболично ја нарекле „Адам од Пена“. Според овие извори, станува збор за машка фигура, со изразена машкост, што се смета за реткост во историјата на уметноста воопшто. „Целата композиција недвосмислено покажува дека се работи за култна ритуална карпа на плодноста, родноста и сексуалноста, изразени на импресивен начин“, сметаат овие ентузијасти. Нивните сознанија се дека над пиктажот и околу него на „Адам од Пена“ се наоѓале уште шест други елементи: ликови и симболи на крст, превртена пирамида, триаголник, круг. Од овие извори уште и мислењето дека трагите по овие карпи се создадени од човечка рака и претставуваат споменици од далечното праисториско минато кои можат да се вбројат во материјал за социо-културната антропологија и историјата на уметноста во Македонија.



На три карпи по долината на Пена или други локалитети на Шар Планина се откриени фигури на змии со големина од речиси два метра, на друга карпа имало повеќе пиктажи на змии, или на две змии кои меѓу себе се допираат со главите. Кај селото Сетоле, пак, на „Маркова карпа“, на една композиција идентификувани се лик на големиот дух-заштитник, кој на место глава има човечки череп со лак и стрела во неговата рака и лик на новороденче со глава на волк и се во неверојатна големина.

Нашиот најголем соговорник за „вечните симболи по карпите“, Александар Настески, заедно со Душко Алексовски, откривач на карпестата уметност во Македонија, како единствени претставници од нашата земја, учествувале на светски симпозиум за праисториската уметност одржан во 1911 година во Капо ди Понте, северна Италија. Овој симпозиум бил одржан под покровителство на УНЕСКО, а го раководел еден од најпознатите светски археолози, универзитетскиот професор Емануел Анати. Притоа, Настески во својот настап посебно се задржал на две ритуални карпи во кањонот на реката Пена. „Првата ја нареков „Адам од Пена“, која се наоѓа во месноста Бањиче. Овде се издига една од најголемите карпи во поширокиот реон и на Шара, наречена Илјадница. Во самата карпа постои мала пештера каде што можат да се видат знаци на животот, траги од оган, многубројни куполи и рецки по ѕидовите. Терасестиот дел од местото, реката, рибите и раковите во неа, шумата, животните, срните и елените, биле идеално место за живеалиште во времето на мезолитот. Втората карпа се наоѓа пет метри погоре. Можно е овие две карпи некогаш да биле на суво, но од многубројните поплави, најмногу во мазолитскиот период, се свлекле речиси до самата река. И оваа, втората карпа е со гранитен состав, што се потврдува со се' уште добро видливи гравири, пиктажи и релјефи. Во централниот долен дел на карпата е претставено едно од најпознатите животни на Шар Планина - рисот кој лови риба“. На симпозиумот, во својот настап Настески дава и други детали особено за двете карпи на Пена, оценувајќи дека „претставува наше историско, културно и религиозно наследство. Безмислено е пред овој факт да се затвораат очите“.

На 25. симпозиум „Валкамоника“, тематски одреден како „Уметноста како извор на историјата“, одржан две години подоцна, тетовскиот сликар и истражувач Александар Настески настапува со видувања и доживувања за „Маркова карпа“ кај селото Сетоле. „На оваа карпа пронајдов пет фасцинантни релјефи. Во средината на платото има плиток релјеф со изглед на човечки череп, кого го нареков „Големиот дух – заштитник“. На десната страна има високо крената рака со лак, а лево висок релјеф на вулвата. Од долната страна наидов на длабок релјеф на новороденче, со глава на волк. Сите релјефи се со натприродна големина, што би требало да го симболизира големото, божественото, страшното, но и силното и заштитничкото“.

Настески е на мислење дека ритуалната композиција е настаната во неолитот – раниот неолит. Тој тоа го објаснува со „големата љубов спрема новороденчињата, за нивниот живот и здравје“. Смета дека ваквите и слични ритуални карпести композиции претставуваат огромно богатство кое треба да се проучи и заштити, како богатство кое припаѓа на целиот свет. Така била и оценката од учесниците на симпозиумот.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=0AD64094DFFA6E4D9619A49D1BC81605
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom