rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
На 35. Интернационалниот филмски фестивал во Торонто утревечер македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера.
Филмот е ставен во програмата „Специјални презентации“ и ќе има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември.
„Мајки“ е направен во македонско-француско-бугарска копродукција. Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен. Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска. Дистрибутер на „Мајки“ е „Манаки филм“.
„Мајки“ на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски.“ Додека мотото на неговиот нов филм е: „Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина.“
- Но „Мајки“ најверојатно нема да биде достапен во кино салите за македонската публика.
Еве што изјави Милчо:
,,За жал, како што сега стојат работите, ми се чини дека „Мајки“ нема да има ниту филмска премиера, ниту прикажување во Македонија. Не сакаме да соучествуваме во прикривањето на геноцидот извршен врз кино мрежата во Македонија. Мислам дека треба да се знае и да обрне внимание на овој проблем. Во Скопје пред 30 години имаше 16, а сега има кино ипол. И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот. За нас е голема одлука „Мајки“ да не го играме во Македонија, зашто сакаме да посочиме на фактот дека таму кино мрежата е уништена и физички и со тоа кои луѓе ја водат."