„Македонски манифест“ за прекин на преговорите со Грција

Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
Веднаш да прекинат преговорите за името

Со прогласот именуван како „Македонски манифест до домашната и до меѓународната јавност, по повод засилениот притисок врз Република Македонија да го промени уставното име“, педесетина македонски интелектуалци, поети, писатели и други јавни личности денеска ќе побараат Владата да не распишува референдум, бидејќи никој немал право да го смени името, и преговорите што се водат под покровителство на ОН да се прекинат веднаш

ИНИЦИЈАТИВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ
Додека се очекува дали ќе има некаков исход од разговорите за името што се водат под покровителство на Обединетите нации, од што ќе зависи и напредокот на Македонија во евроинтеграциите во јуни, педесетина македонски интелектуалци, поети, писатели и други јавни личности одлучија преку манифест да бараат прекин на, како што велат, притисоците врз земјава. Во прогласот именуван како „Македонски манифест до домашната и до меѓународната јавност, по повод засилениот притисок врз Република Македонија да го промени уставното име“, кој ќе биде промовиран денеска, меѓу другото се бара Владата да не распишува референдум, бидејќи никој немал право да го смени името, и преговорите што се водат под покровителство на ОН да се прекинат веднаш. Еден од иницијаторите, поетот Ефтим Клетников, вели дека одлучиле да ја поведат иницијативата сега, бидејќи во овој период притисокот врз Македонија бил драматичен.
- Притиснати сме од сите страни и има една идеја за геноцид врз нашиот идентитет. Тоа се форсира од Грција, а нејзина поддршка, за жал, се Соединетите Американски Држави и Европската Унија - вели Клетников.

На прашањето кој е излезот за земјава ако се знае дека без решен спор за името нема шанси за напредок во европските интеграции и членство во НАТО, поетот одговора дека Македонија имала само една иднина.
- Единствената иднина е чувањето на идентитетот, а не ЕУ и НАТО - вели Клетников.
Уметникот Александар Русјаков, кој е еден од потписниците на манифестот, вели дека има неколку начини за излез од сегашната состојба.
- Нашиот план е единствен. Прекинување на бесмислените преговори, кои не водат никаде, затоа што Грција веќе дваесет години ни дава до знаење дека нема да се мрдне од своето ерга омнес. Веднаш потоа да се поведе иницијатива за враќање на уставното име на државата во ООН што ѝ беше нелегално оспорено во 1993 година и покрај сите акти од Бадентеровата комисија до последнава пресуда на судот во Хаг, кои се во наша корист - вели Русјаков.
Исклучиво граѓанска иницијатива
И двајцата соговорници тврдат дека немаат никакви контакти со македонската влада. Клетников вели дека тие се целосно против евентуалниот референдум што би го распишала Владата ако се дојде до некакво решение. Русјаков, пак, објаснува дека ова е исклучиво граѓанска иницијатива, но дека се свесни дека во дел од јавноста ќе биде протолкувано дека се под владино влијание.
- Не стравуваме, ама свесни сме дека најверојатно ќе се случи тоа. Ете, јас тоа добро го имам почувствувано на своја кожа пишувајќи за вашиот весник. И не ми пречат етикетите. Борбата за Македонија е света работа, квалификациите се минливи. Нам ни е јасно кои се нашата борба и цел. Кој не сака да ни се приклучи, тоа си е негова работа - вели Русјаков.
На манифестот, како што информираат од иницијативниот одбор, досега се потпишале писателот Венко Андоновски, уметниците Симон Шемов, Павле Кузмановски и Петар Попчев, поетот Михаил Ренџов и други.
Дијаспората има повеќе слични иницијативи
Инаку, ова не е прва иницијатива за заштита на името. Пред три години Македонскиот ПЕН-центар на меѓународна конференција усвои резолуцијата за заштита на македонското име, култура и идентитет.
Декларацијата беше потпишана од сите учесници на конференцијата што доаѓаа од четири континенти.
Пред неколку години и Македонците од Австралија и од Канада преку иницијатива побараа прекин на преговорите за името, а пред неколку месеци Обединетата македонска дијаспора ја повтори својата позиција дека се против разговорите за името и дека сакаат прекинување на процесот што се води во Обединетите нации, со објаснување дека Грција и онака не сакала да се постигне решение на спорот.
Но ваквите барања останаа само на организаторите, кои и ги промовираат, и досега не наидоа на помасовна поддршка од граѓаните. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52913845122&id=9&prilog=0&setIzdanie=22890
--- надополнето: 29 мај 2013 во 16:29 ---
Итен прекин на преговорите за спорот со името со Грција и барање за прием во Обединетите нации под името Република Македонија, бараат група интелектуалци од Македонија. Со промената на името, сметаат тие, ќе се обезличи државата и ќе укине македонскиот народ.
- Притисокот за промена на името може да се квалификува како најнов вид геноцид, по физичкиот, јазичкиот и религискиот сегмент, што е модерна измислица на САД и на ЕУ, базирана на нелегалните барања на Грција, се вели во Македонскиот манифест кој дпосега го потпишаа 50-тина интелектуалци, уметници, професори, правници, a чија содржина денеска беше презентирана на прес-конференција.

Во него се додава дека со барање за промена на името на Македонија на повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците.
- Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште, се вели во Манифестот.
Иницијативниот одбор на Македонскиот манифест смета дека секој граѓанин во Македонија треба да знае дека промената на името не е обична работа, туку дека неговата цел е бришење на Македонците како посебен народ. Географската определница пред името Македонија за севкупна употреба, на што инсистира Грција, велат, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, културата, традицијата и јазикот.
- Легитимни се и неспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ’рбетот и губење на достоинството. Нема цена која може да го натера народот да потклекне и да се самоукине. Македонците се исклучиво трпелив и толерантен народ, ама за се има свои граници, се истакнува во Македонскиот манифест.
Во него иницијаторите порачуваат дека Македонците први го носеле, и го носат името Македонија, оти само тие низ вековите го сочувале, и никој нема право да им го оспори или одземе.
Од Иницијативниот одбор истакнуваат и дека се против референдумско изјаснување на граѓаните за ова прашање. Вакво клучно и судбинско прашање не се става на референдум. Името не ни е добиено да референдум, за така да се решава. Тоа е идентитеско прашање, истакнуваат од Иницијативниот одбор.
Манифестот ќе можат да го потпишат сите граѓани во Македонија и да му порачаат на светот дека на оваа територија живеат Македонци, кои не се согласуваат со промената на името и оти нема да потклекнат на притисоците. Со сите собрани потписи Македонскиот манифест ќе биде испратен до државните институции, амбасади, Брисел, ОН...
Во иницијативниот одбор на Македонскиот манифест се поетот Ефтим Клетников, композиторот и диригент Запро Запров, историчарот Стефан Влахов Мицов, универзитетскиот професор Слободан Пренџов, писателот Александар Русјаков и композиторот Стојан Стојков,... /МИА

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=8394
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Непотребен документ..

но ај.. можда нешто ќе произлезе од тоа.. ки знај...
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Јас сум против. Клетников напукал 100 години и тој ќе се грижит за нашата иднина. Јас мојата иднина ја гледам како човек кој може слободно да се шета низ Европа, а и пошироко.
А државата дали ќе се викала Македонија, ФИРОМ, Вардарија и сл. мене ништо не ми менвит.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.309
Поени од реакции
15.470
Македон,тоа што ти го кажуваш пред 100-200 години го правеле некои македонци кои ја смениле верата,па сега знаеме што тие прават(Фиат Ц,велија...).Ние во Кичево изборите ги изгубивме баш од внуци и правнуци на тие луѓе што ја смениле верата.

Поентата е иста-за малку подобар живот ја продаваш душата на ѓаволот(име,вера,нација...).Многу подобар живот се лажиш дека ќе добиеш ако смениме било што.Едноставно ќе не превеслаат преку река жедни
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Јас сум против. Клетников напукал 100 години и тој ќе се грижит за нашата иднина. Јас мојата иднина ја гледам како човек кој може слободно да се шета низ Европа, а и пошироко.
А државата дали ќе се викала Македонија, ФИРОМ, Вардарија и сл. мене ништо не ми менвит.
Тогаш и ти така ќе се викаш.Не ти пречи тоа?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Корупцја, мафија, крадење владеат со Македонија. Е арно ама ак влезиме во ЕУ сето то немат да го имат.
Нема нема. Поштењачини ќе станат сите.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.309
Поени од реакции
15.470
Не Македон,во Кичево изгубивме од торбешите(македонски муслимани).Македонците гласавме 99,99%.По 1-2 по населба само неизлезе.Ни Грујо ни Бранко неможат да донесат плус луѓе,едноставно толку не има.Јас што знам торбеши им беше дадено све што побараа(вработувања,пари,функции,локации за дуќани) и пак ни го свртеа грбот.

Но во секој случај напуштање на преговорите е лошо заради имиџот.Ќе не предтсват како лошите во очите на светот.Одвај чекаат тоа да го направат.

Се шушка од поодамна дека сите земји од западен балкан ќе вчезат во ЕУ заедно,за да нема блокади и вета(Србија на Косово,Хрватска на Србија,Црна Гпра на Србија,грција на Македонија) и тоа некаде 2019-2021 година.Треба само да се истрпу до тогаш.Значи ние сме генерацијата за жртвување(кој ни е крив...) за да нашите следни генерации(деца) живеат подобро
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Знаевте дека Атина е единствената метропола во светов каде што НЕМА ЏАМИЈА ... кога браќава ќе изградат тамо џамија тогаш ние ќе сме Македонија :)
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Не Македон,во Кичево изгубивме од торбешите(македонски муслимани).Македонците гласавме 99,99%.По 1-2 по населба само неизлезе.Ни Грујо ни Бранко неможат да донесат плус луѓе,едноставно толку не има.Јас што знам торбеши им беше дадено све што побараа(вработувања,пари,функции,локации за дуќани) и пак ни го свртеа грбот.

Но во секој случај напуштање на преговорите е лошо заради имиџот.Ќе не предтсват како лошите во очите на светот.Одвај чекаат тоа да го направат.

Се шушка од поодамна дека сите земји од западен балкан ќе вчезат во ЕУ заедно,за да нема блокади и вета(Србија на Косово,Хрватска на Србија,Црна Гпра на Србија,грција на Македонија) и тоа некаде 2019-2021 година.Треба само да се истрпу до тогаш.Значи ние сме генерацијата за жртвување(кој ни е крив...) за да нашите следни генерации(деца) живеат подобро
Имаш лајк за последниот параграф. Тоа се прави за син ми/ќерка ми да живеат подобро од мене.

Не за носењето плус луѓе туку за тоа шо се смена територијалната определба. Бранко (Бучко) ја смена, а Грујо не ја врати назад ко шо вети пред да дојт на власт.
 
P

PewDiePie

Гостин
Јас сум против. Клетников напукал 100 години и тој ќе се грижит за нашата иднина. Јас мојата иднина ја гледам како човек кој може слободно да се шета низ Европа, а и пошироко.
А државата дали ќе се викала Македонија, ФИРОМ, Вардарија и сл. мене ништо не ми менвит.
Јузер нејм-македон
:facepalm:
:pos:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.309
Поени од реакции
15.470
влеговме во офтопик,ама само да дообјаснам.законот за територијална поделба на општините можи да се смени само и со 50% од гласовите на малцинствата.џабе е да гласаат само македонските пратеници.

тоа значи дека и внуците на Грујо и Бранко нема да можат да го сменат законот
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
916
Поени од реакции
2.563
Браво! :гик: Конечно на некому му текна вакво нешто во оваа држава! (y)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Нека се исчисти шлајмот од Западна Македонија, тоа треба да е приоритет! Укинување на рамковниот договор! ПОПИС, како што треба!
Какво име, какви бакрачи, не ни треба Европа!
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
macedon89: Значи ако те викаме копук нема ништо да ти смени? Важно е ти како се осеќаш. И каде живееш ти последниве 5 години за да знаеш каква е состојбата во Македонија? Ја се кладам дека си од дијаспората.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom