„Канал 5“ купи три бугарски сапуници

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.288
Поени од реакции
1.628
Значи според тебе треба да ја изолираме телевизијата од било какви странски програми за да не си го нарушиме идентитетот? Па ако нашиот идентитет е толку кревок и слаб што би се изменил од неколку серии тогаш за греота сме... Тоа дека Сител не уништи со про-српската политика е факт и ден денес има луѓе кои се прават поголеми Срби од самите Срби ама не мислам дека поради бугарските серии кај нас ќе се појави бугараштво од причина со про-Српската политика го има натерано Македонецот да го мрази Бугаринот по секоја цена а тоа не може да се смени преку ноќ. Мое гледиште е дека треба да бидеме резервирани кон двете нации и земји без да фаворизираме една или друга страна. И двете ни имаат многу згрешено и само внимателно треба со нив.
Според мене треба да вложуваме во наши серии и докуемнтарци и филмови ;) Можеш тоа да го сфатиш? Немаме ние актери и сценарио да снимаме драми или теми за вистински случки? А се гледа канл 5 до кого е блиска и се гледа дека овие серии имаат политичка заднина исто како што тоа го прави и сител.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Според мене треба да вложуваме во наши серии и докуемнтарци и филмови ;) Можеш тоа да го сфатиш? Немаме ние актери и сценарио да снимаме драми или теми за вистински случки? А се гледа канл 5 до кого е блиска и се гледа дека овие серии имаат политичка заднина исто како што тоа го прави и сител.
Е ајде да вложуваме во наши серии и документарци ама од таквите ко Ѕинго и Стојменов тешко дека ќе мрднеме од оваа точка..
 
Член од
9 октомври 2010
Мислења
82
Поени од реакции
6
seriite se prekrasni, gi obozavam, pocnav da gledam staklen dom
drugite serii sum gi gledal nesto od You Tube i mi se bendisat, i ke gi gledam
 

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.102
Поени од реакции
63
стаклен дом и столичани в повече ги гледам од почетокот. првиот веке е со 3 сезона и е хит серијал во БГ. Има многу интересни ликови како Ставрев жена му Вања, уникатнен актер кој го играе ликот на Христо, Чарли и така натака... историјата е за богатите и средно ситуираните семејства, воопшто не е сапунка од типот Забранена Љубов, има далавери, пораки и доста загатливи моменти во сите сезони. Столичани в повече е комедија која има само 1 сезон за сега но е хит затоа што е составена од најголемите комедијанти во БГ и е интересно затоа што све што се случува во филмот, помеѓу соседите е типично балканска “да му умре на комшијата козата“ приказна и се препознава менталитетот балкански кој си е и кај нас и затоа е интересен. Името на серијалот е иронија затоа што во софија е модерно веке секое кварталче близу до неа станува лека полека официјален Квартал на софија иако можеби си е село, а Селото Извор каде се одвива дејството е над 50км оддалечено од СФ и сељаните таму се подготвуваат за во софија и европа... а бе смешки... доста добро иронизирано општеството кое и кај нас не е поразлично... уживајте
--- надополнето: Aug 7, 2011 1:15 PM ---
пс: заврши првиот сезон и на најскапо платениот нов серијал Под Прикрите кој е криминалистичен и многу возбудлив. Постојано те држат напрегнат да не знаеш што ќе се случи... се разбира во сите 3 серијала има ретко моменти на лигавост но е доста осмислено. Димитар Митовски е продуцент и режисер и на под пркиритие и стаклен дом и сум доста задоволна од сценаристите.... епа гледајте и кажете јас со нетрпение чекам да дојде септември октомври да почнат новите сезони
 
Член од
25 мај 2011
Мислења
321
Поени од реакции
52
Кога викаш серии мислиш на епизоди или сезони?!
епизоди
--- надополнето: Aug 8, 2011 9:52 AM ---
Според мене треба да вложуваме во наши серии и докуемнтарци и филмови ;) Можеш тоа да го сфатиш? Немаме ние актери и сценарио да снимаме драми или теми за вистински случки? А се гледа канл 5 до кого е блиска и се гледа дека овие серии имаат политичка заднина исто како што тоа го прави и сител.
Тоа е правилно, но телевизија треба да дава нешто. И по 3 серијата да правитена година не може само нив да се види.

Не се плаши за политика. Политиката е забранета во школите и во забавнифилмови и емисии во Бугарија и политика нема.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.340
,,Staklen dom,, e kvalitetetna seria na svetsko nivo i nadevam se veke zritelite sa go razbrali
 

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.126
Поени од реакции
5.871
Недела на Канал 5 во 20:00 часот ќе го даваат Бугарскиот филм со македонска копродукција „Мисија Лондон“
 
Член од
2 ноември 2009
Мислења
126
Поени од реакции
49
.......... А се гледа канл 5 до кого е блиска и се гледа дека овие серии имаат политичка заднина исто како што тоа го прави и сител.
Не разбирам зошто луѓето не реагираа кога пред некоја година на нашите телевизии вриеше од Хрватски и Српски сапуници.Дај да ја пробиеме бариерата која владее на нашиот медиен простор.Се што доаѓа од Бугарија е ова или она.Дајте прилика да видиме или уживаме во она што значи Бугарска кинематографија каква и да е...Ако не видиме никогаш и нема да знаеме
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.876
Според мене треба да вложуваме во наши серии и докуемнтарци и филмови ;) Можеш тоа да го сфатиш? Немаме ние актери и сценарио да снимаме драми или теми за вистински случки? А се гледа канл 5 до кого е блиска и се гледа дека овие серии имаат политичка заднина исто како што тоа го прави и сител.
Зоте пак тресеш зелени? Уште ти го пуштаат од дома компјутерот?
На Канал 5 дават македонска серија не е нешто посебно но ја даваат сега и тоа повторно односно репризно, даваа и хрватска серија, мислам дека одеше и српска и турски даваат и бугарски дури и сите екс ју филмови ги даваат.
Едно време ги даваа Фрејзер и Монк. Програмски ништо посебно не се поразлични нити од Сител нити од А1 додека ја имаше.
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
5
Македонец режисер во бугарската серија „Стаклен дом“



„Продуцентите од ’Камера‘ и ’Сија‘, веројатно, беа заинтригирани од мојата креативност и пристап, оценија дека во ваков проект, како што е ’Стаклен дом‘, би можел совршено да се вклопам и да дадам поинаква нота од стереотипите и пристапот што е виден до моментот“, вели Зоран Петровски, еден од режисерите на бугарската серија

Јасминка Павловска

Скопјанецот Зоран Петровски е едно од повеќето пријатни изненадувања што ги приреди бугарската ТВ-серија „Стаклен дом“. Освен што македонскиот етер се отвори за бугарската ТВ-продукција, сознанието дека 29-годишниот Зоран Петровски од Македонија е дел од режисерската екипа на оваа серија, се доживува како своевидно откритие. Зоран пред десетина години одлучува да замине на студии во Софија, каде што ги изучува вештините на филмската уметност. „За жал, во тоа време кај нас немаше можност да се изучува филмската уметност, па одлучив, како и многумина други, тоа да го сторам надвор од Македонија. Сепак, изборот беше за Софија од неколку причини: првенствено квалитетот на студиската програма и можностите за паралелно практично усовршување за време на студиите и по нивното завршување. Исто така, големиот број странски продукции што ја избираа и се' уште ја избираат Софија, односно Бугарија како локација за снимање холивудски блокбастери, секако, беше дополнителна причина да ја препознаам оваа соседна држава како вистинско место за студии од областа на филмот“, вели Зоран Петровски.



Серијата „Стаклен дом“ што се емитува на Канал 5, по само неколку епизоди предизвика своевиден (позитивен) културен шок во Македонија за бугарската телевизиска продукција. Како од Македонија се најдовте во режисерската екипа на оваа серија?

Последниве десетина години мојот живот навистина сериозно му го посветив на професионалниот развој преку студиите на Националната академија за филм и театар во Софија и работата како режисер на голем број проекти за рекламни видеа за мобилни оператори, банки и осигурителни компании... Со еден збор, водечките компании присутни на бугарскиот пазар. Сите овие работи ми отворија многу врати и ми дадоа можност да запознаам многу луѓе од мојата бранша. Продуцентите од „Камера“ и „Сија“, веројатно, беа заинтригирани од мојата креативноста и пристап, па оценија дека би можел совршено да се вклопам во проект, како што е „Стаклен дом“ и да дадам поинаква нота од стереотипите и пристапот што до моментов е виден. За мене, од самиот почеток па се' до моментов, секако, тоа беше огромен предизвик, но воедно и обврска, како дел од големата екипа професионалци ангажирани во проектот „Стаклен дом“, да работам посветено за на крај навистина да се добие играна серија, која, според многумина, е на врвно продуцентско ниво.

За млад режисер, како што сум јас, е голема чест да му се додели проект со толку голем буџет и значење. Но, колку и да звучи нескромно, можам да кажам дека успеав да ја оправдам довербата и да бидам повикан од истите продуценти да режирам и друга серија, која во моментов се емитува со името „Под прикритие“ („Undercover“) и е на исто високо ниво како хит-серијата „Стаклен дом“.

Сепак, важно е во животот да си во вистинскиот момент на вистинското место и, нормално, среќата да ти проработи барем малку, за да се најдеш во проект како „Стаклен дом“.



Кој е Вашиот дел од работата во серијата?

Мојот дел во серијата е режијата или што би се рекло - директорот на целиот колектив. Иако за многумина тоа е најзвучниот и најпрестижниот дел за секое филмско остварување (што не велам дека не е) повторно би кажал дека во тој дел е и најголемата обврска за замисленото и подготвеното од сценаристите да биде пренесено во финалниот продукт на најдобар можен начин. Со оглед на тоа дека станува збор за пристап на работа многу поблизок и можеби идентичен со оној на кој се снимаат големите холивудски филмови, што се забележува со гледањето на самата серија, улогата и способноста на режисерот е двојно поголема затоа што важноста на деталите и финесите во поставувањето на кадарот и комуникацијата со целата екипа, пред и зад камерата мора да е на високо ниво. Мора да се работи со голема доза на концентрација, иако работниот ден знае да е подолг од 24 часа. Секако, оставањето сопствен белег како режисер на серијата е дополнителен предизвик. Накратко, така би го опишал мојот дел од работата во серијата.



Логично се наметнува прашањето за Вашата професионална биографија? Кој сте и што работите?

Како што спомнав во почетокот, работата како режисер на рекламни видеа е најголемиот дел од мојата биографија. Секако, во биографијата би ги спомнал и неколкуте музички спотови, кои за мене беа интересен и корисен дел во развојот на стилот и способностите потребни за комплетно подготвен режисер кој ќе ги познава и работел на речиси сите елементи на продукцијата, како дел од практичната надградба на она што за време на студиите го научив. Сепак, рекламните видеа како форма повеќе ги засакав за разлика од музичките видеа, можеби, затоа што во нив една цела сторија треба да биде раскажана креативно и таа да биде разбрана од гледалиштето за навистина краток интервал, кој во просек е 15-30 секунди. Тоа за мене е вистински тест дали и колку сум умешен и подготвен за оваа работа. Од проектите што сум ги работел, би ги наброил рекламите за најголемиот мобилен оператор во Бугарија, кој е дел од групацијата „Водафон“, Уни кредит банка, Фокс лајф, Министерство за здравство, Спортинг Бет и многу други. Со почетокот на работата на проектот „Стаклен дом“, а паралелно со тоа и на втората хит-серија на која работам, навистина ме обзема работата и магијата на снимањето играни серии и големи филмски проекти. Но, сепак, успевам да најдам време и за рекламните проекти што ми помагаат во развојот на креативноста. Единственото што во моментов ми недостасува, тоа е слободното време. Но, со добра организација и мотив од најблиските, денот може да се продолжи и 30 часа, ха,ха. Би спомнал дека поголем број од проектите што сум ги работел во мојата кариера се наменети за бугарскиот и за западноевропскиот пазар, но ме радува фактот дека и во мојата родна земја ќе има можност публиката да види дел од мојата работа и со нетрпение очекувам да видам како ќе ја оцени и дали серијата ќе успее да ја добие популарноста што ја ужива во Бугарија, со рејтинг поголем и од вечерното издание на вестите, нешто досега невидено на балканските простори.



Повторно за серијата! Кога почна да се снима? Какво е темпото на работа? За колку епизоди (сезони) станува збор? Како е работено сценариото?

Снимањето на „Стаклен дом“ почна во почетокот на 2010 година и оттогаш досега се снимени речиси три сезони. Темпото на работа е навистина тешко и брзо. Впрочем, за девет дена се снима еден долгометражен филм од 90 минути. Тоа значи дека на ден се снимаат 10 минути од еден филм, што е навистина сериозно време. Локациите на кои се снима, обично, се нови за секоја епизода и има само неколку постојани локации: тоа се оние, како што се, на пример, домовите и работните места на главните ликови. Работниот процес е на многу високо ниво, што е навистина неопходно за да се добие ваков финален продукт. Изработката на сценариото е од група сценаристи, кои секојдневно ги следат сите актуелности и ги вклучуваат во самиот развој на серијата. Можеби тоа е една од причините за популарноста на серијата. За подготовка на една епизода целиот тим е задолжен да работи 10 дена, се подготвува книгата на снимање, се избираат локациите, се прави избор на гардероба за конкретната епизода за целиот актерски состав, се подготвуваат шминката, реквизитите, итн.

Периодот во кој се одвива снимањето е со продолженост од девет дена и по сето тоа резервирани се девет дена за монтажа на серијата. Значи, за целосно да се подготви една епизода од 90 минути потребно е екипа од околу 60 луѓе да работат на неа цел еден месец деноноќно. Така накратко би го опишал работењето на серијата во интервали и диманика. Навистина би кажал дека иако е макотрпно за мене и за целата екипа, сепак, се' е исклучително забавно. Најзабавниот момент ни е секој четврток, бидејќи тогаш сите се собираме во еден од многубројните ноќни клубови во Софија и ја прославуваме успешно одработената недела. Како што е ред, нели!



Очигледно е дека станува збор за скапа и модерна продукција во „Стаклен дом“. Со оглед дека во Македонија не сме биле во тек со развојот на бугарската телевизиска продукција, дали оваа серија претставува нов квалитет во ТВ-производството и за Бугарија?

Би се согласил дека станува збор за скапа и модерна продукција. Тоа, според мене, е нивото што треба да се постави и за во иднина да не се дозволи работа на продукции со понизок квалитет. Оваа серија и за бугарскиот пазар е прва со високо ниво на квалитет - и тоа според начинот на кој се работи, како и техниката што се користи за реализација на серијата. Би истакнал дека снимањето се одвива со врвна камера на производителот „Арри“, која се користи во многу големи светски продукции. Би нагласил дека секоја сцена се снима со една камера, кадар по кадар, за разлика од нискобуџетните шпански серии, каде што се снима студиски, со 4 камери. Секој кадар така е поставен и подготвен при снимањето на „Стаклен дом“, затоа што точно така бил замислен, уште пред да се почне со снимањето. Овие два елемента сметам дека се основните за врвното ниво и квалитетот во кои се работи оваа играна серија. Нивото кое„ Стаклен дом“ го постави во Бугарија, се постави како репер и навистина обесхрабри многу продуценти да работат со ниско ниво на подготовка на играни серии. Но, за среќа, поттикна некои други продуценти да го следат и да го усовршат поставеното ниво. Па, веќе се произведуваат нови хит-серии со повисок стандард, по појавата на „Стаклен дом“. Се надевам дека и тие ќе бидат емитувани и во Македонија. Како доказ би навел дека и квалитетот на продукцијата „Стаклен дом“, успеа да ја однесе серијата и надвор од границите на Бугарија. Освен во Македонија, серијата се емитува во повеќе од пет држави, како што се Србија, Хрватска, Грција, Романија, па дури и во Турција, која во изминативе години е позната по хиперпродукцијата на играни серии. За Македонија, секако, е новост што за првпат играна продукција од Бугарија се емитува на телевизија. Според мене, тоа е за поздравување и доказ дека во иднината, за разлика од минатото, треба да се гледа без предрасуди и да се конкурира на секој пазар со квалитет на производот и со професионализам.



Кои се главните ѕвезди во серијата? Дали се тоа од порано познати актери во Бугарија, или...?

Актерите што ги толкуваат главните улоги во серијата се навистина избрани исклучително успешно и претставуваат спој на докажаното и врвното актерство (во поглед на имињата) и новото,енергичното и иновативното, кое допрва доаѓа, а тоа се младите актери, избрани на кастинг специјално за оваа серија. Во актерскиот состав се среќаваат имиња на авторитети како Стефан Данаилов (Димитар Касабов), за кој е интересно да се спомне дека е пратеник во Парламентот на Бугарија. Другите ѕвезди на серијата се Калин Врачански (Камен Касабов), Асен Балтечки (Чарли), Елена Петрова (Борјана) и многу други. Сите тие се дел од елитата на театарот и филмот во Бугарија, кои успешно работеле и во голем број светски продукции. Повторно би го напомнал и моментот на вклучуање на млади актери, кои се' уште се студенти на Националната академија. Но, со улогите што ги толкуваат и начинот на кој се справуваат со нив се врвни професионалци, за кои навистина може да се каже дека ги очекува светла иднина на филмското платно. Интересен е фактот дека во епизодна улога во „Стаклен дом“ се појавува и амбасадорот на САД во Бугарија. Дел од епизодите каде што тој се појавува, снимени се во неговиот кабинет, односно во Амбасадата на САД во Софија.



Какви се одѕивите во Бугарија за ефектот што го предизвика „Стаклен дом“ во Македонија?

Се' уште е рано да се зборува за вистинскиот ефект на „Стаклен дом“ во Македонија и одѕивите што ќе пристигнат во Бугарија. Но, секако, ме радува тоа што позитивно и со поздравување се прифаќа целиот проект, а за мене како дел од режисерите и екипата кој го подготвуваме „Стаклен дом“, навистина е голема сатисфакција дека во делот од државите каде што се емитува серијата - е и Македонија.



Би работеле ли некоја серија во македонска продукција?

Се разбира! Тоа, верувам е желба на секој Македонец кој работи во странство - еден ден да работи како дел од врвен филмски проект во македонска продукција. Се надевам дека за тоа ќе се обезбедат услови во многу скоро време и критериумите на публиката во Македонија ќе наложат во иднина сериската играна програма да биде на високо ниво, онакво каков што го добиваат сите гледачи во развиените светски држави. Тоа, според мене е момент кој треба да се случи и работите да започнат да се движат во тој правец. Јас, секако, го следам сето тоа и подготвен сум да дадам максимален придонес да се случи тоа.
Зоран Петровски
Утрински весник
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.288
Поени од реакции
1.628
Зоте пак тресеш зелени? Уште ти го пуштаат од дома компјутерот?
На Канал 5 дават македонска серија не е нешто посебно но ја даваат сега и тоа повторно односно репризно, даваа и хрватска серија, мислам дека одеше и српска и турски даваат и бугарски дури и сите екс ју филмови ги даваат.
Едно време ги даваа Фрејзер и Монк. Програмски ништо посебно не се поразлични нити од Сител нити од А1 додека ја имаше.
У бугарија даваат македонски серии? Гоце Делчев да ги прашаш што бил по националност што ќе ти речат?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.876
У бугарија даваат македонски серии? Гоце Делчев да ги прашаш што бил по националност што ќе ти речат?
Зоте не треси зелени барем еднаш во животот твој напатен.
Во САД даваат македонски серии? Во Хрватска, во Србија, Турција, Германија, Австрија, Италија, Франција, Русија, Индија, Шпанија, Аргентина, Мексико, Бразил? Од сите овие земји кај нас се емитуваат серии.
Упс нашите не ни прават серии од ваков тип оти и тие што ги има 3-4 не ги бива, затоа не забегувај.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Зоте ај не гледај телевизија некој период, одмори од се па после пушти ја повторно серијата со ладна глава и искоментирај ја дали ти се допаѓа и што е тоа што ти се допаѓа а што не, ти сигурно ниту една епизода не си изгледал а тролаш неверојатно многу. Нема да се побугарчиш, не грижи се, и по завршувањето на епизодата ќе останеш Македонец - син на Воинот на коњ со 14 крако сонце:) хахаха
 
Член од
25 мај 2011
Мислења
321
Поени од реакции
52
Јас гледав една серија на канал 5 - преводот не е лош, иако на моменти е само главен и се прескокнуваат некои делови но смисла се задржува. Сериите се многу кратки кај вас, а кај нас имаше една серија на 7 дена само понеделникот, но 3 часа (или нешто слично, но беше долга).. Направи ми впечаток дека "шопи" и други слични работи се преведуваат различно. Исто така имињата на бугарските владетели (серијата со галеријата) се преведуваат како коњаник и свештенник. И звучи малку смешно - таа била омажена за коњаник или свештенник, но од благороднически род.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom