„Каде се движи Република Македонија“ - Бугарска тркалезна маса

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.203
БУГАРИЈА ДАДЕ ЖОЛТ КАРТОН ЗА МАКЕДОНИЈА, НИ ПОДГОТВУВА И ЦРВЕН

На тркалезна маса „Каде се движи Република Македонија“ академици, интелектуалци и новинари од Бугарија дебатирале што земјава треба да преземе за да не добие и бугарска блокада на патот кон Европската унија, пренесува њуз.бг
По неколку жолти картони, во фудбалски жаргон, Бугарија на Македонија & подготвува црвен картон. Бугарскиот академик Георги Марков вели дека иако земјава заслужува црвен картон, не сакале да бидат како Грците и ова треба да се сфати како сериозно предупредување дека земјава мора да ги исполни европските стандарди. Ова било истакнато на тркалезната маса „Каде се движи Република Македонија“, пренесува њуз.бг.
„Да престанат со перење на мозоците на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Младите секое утро си зборуваат во огледало - јас сум Македонец, ја мразам Бугарија“, истакна академик Марков.
Тој потсети дека македонската нација е создадена по Втората светска војна по рецепт на Титовата коминтерна и врз антибугарска основа. Тој советува дека на земјава & е потребен само еден споменик, а тоа е на Тито, таткото на македонската нација, како што вели Марков.
Историската лекција на Марков за Македонците продолжува преку совет имињата на Гоце Делчев, браќата Миладинови, Кирил и Методиј да се променат во историските читанки во македонски Бугари.
Според Марков, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје и потсетува дека неговиот дедо тврдел дека ако Бугарија не ја изгубела војната, немало да постои македонска нација. Македонската власт е свесна за документите и за историските вистини, вели Марков. Тој додава дека во Македонија да си Македонец е прашање на професија - многу атрактивна за политичари и за академици.

Љубомир Иванов, поранешен претседател на Атланскиот клуб, вели дека Бугарија треба да го услови влезот на Македонија во Европската унија со две прашања.
„Прво, во македонските учебници по историја да се признае бугарското потекло на Самоил и на другите Бугари и второ, да се прекине дискриминирањето на Бугарите во македонскиот Устав“, дециден е Иванов.

Коста Филипов, поранешен дописник на Бугарската национална телевизија (БНТ), истакнал дека 45 години во земјава нема бугарски весници, а затворено е и дописничкото место на БНТ. Покрај тоа, и единственот обид за отворање книжарница во Скопје во која ќе се продава литература на бугарски јазик пропаднал по само една година.
„Така не се покажува интерес за Бугарите во Македонија“, вели Филипов.
Лидерот на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, искажа благодарност кон бугарките европратеници Евгени Кирилов, Станимир Илчев и Андреј Ковачев, кои водат активна бугарска политика кон Македонија.

http://kapital.com.mk/mk/makedonija/85598/bugarija_dade_zholt_karton_za_makedonija,_ni_podgotvuva_i_crven.aspx
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.383
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:...................................:facepalm::facepalm::facepalm:..............................................:facepalm:..... to infinity and beyond.... затоа што човечката глупост нема граници и за нејзе нема доволен број фејспалми кои можат да се направат.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.203
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:...................................:facepalm::facepalm::facepalm:..............................................:facepalm:..... to infinity and beyond.... затоа што човечката глупост нема граници и за нејзе нема доволен број фејспалми кои можат да се направат.
Не сакам да се отвараат нови теми за Бугарите ама оваа беше со сите ал-старс потези онака како колаж од сите глупости на едно место...Не би коментирал ништо си кажа се што имаа да си кажат. Фала и адиос.
 
Чекај, чекај... ова не е ништо. Сигурна сум ќе дека избацат и некоја друга “генијална“ теза. Човековата глупост е едноставно ненадминлива, таман си помислил дека врвот е достигнат, одеднаш се открива нова димензија.
Они на нас ни дале ПАЗИ ЖОЛТ картон, демек не предупредуваат. Они, предупредуваат!!!!:pos:Кршат човекови права, не признаваат македонско малцинство, на ОМО Илинден мамата им ја расплакаа.... и они сега нас ни даваат жолт картон. Ма нека дадат и еден љиљаков, да ја префрлиме државава на дел од планетата кај што нема никој да не замара.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.264
Поени од реакции
16.325
Добро, не се сетија дека земјотресот пред 2-3 недели беше жолт картон за нив?

Вистина е дека на Балканов живеат доста глупи луѓе, ама во некои земји едноставно се премногу концентрирани.
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
11.064
Поени од реакции
7.134
дај нека мани некој астероид, ова не се трпи повеќе.
да ми кажуваше некој дека бугарите биле толку емотивен народ со оглед на тоа со каква репутација им се жените, немаше да верувам. и по толку години од санстефанска бугарија неможат да ја прежалат. бог да чува:facepalm:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.813
Поени од реакции
25.383
дај нека мани некој астероид, ова не се трпи повеќе.
да ми кажуваше некој дека бугарите биле толку емотивен народ со оглед на тоа со каква репутација им се жените, немаше да верувам. и по толку години од санстефанска бугарија неможат да ја прежалат. бог да чува:facepalm:
Години? Мислиш векови! :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.056
:) Ништо не те плаши Македонијо на овој бели свет !!

поздрав до делегацијата на блгарските социјалисти
со песнава http://www.youtube.com/watch?v=-F6xZXLDmgA
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.989
Oтворисе земјо голтни ги.Со една нога се во еу,а поставуваат услови:pos::pos::pos::pos:Ова комшииве се кој од кој поглупави.Прашање на време е кога и србите ќе треснат некоја зелена.
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
4.452
Поени од реакции
5.303
:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:...................................:facepalm::facepalm::facepalm:..............................................:facepalm:..... to infinity and beyond.... затоа што човечката глупост нема граници и за нејзе нема доволен број фејспалми кои можат да се направат.
 
Беркут

независен експерт
Член од
12 април 2010
Мислења
9.641
Поени од реакции
14.221
Коj от сите?
--- надополнето: 22 јуни 2012 во 21:29 ---

Кога ние го ставим - тролуваме, шириме бугарска пропаганда и така натаму... кога ти или некоj друг го стави - еве може, мора да се информират лугето. Тоа велам jaс.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.203
Кога ние го ставим - тролуваме, шириме бугарска пропаганда и така натаму... кога ти или некоj друг го стави - еве може, мора да се информират лугето. Тоа велам jaс.
Ова е Бугарски или Македонски форум? Биди среќен што имаш право и да коментираш.
 
SinisteR.

осми патник
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.615
Поени од реакции
5.946
земјава мора да ги исполни европските стандарди.
од утре да почниме да измачуваме кучиња и да бркаме вампири за да се доближиме до европските стандарди
 
На врв Bottom