„Злосторство и казна" - Ф.М. Достоевски

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Воодушевена од мајсторското дело на генијалниот Достоевски ја отварам оваа тема со цел да го слушнам т.е. прочитам Вашето мислење за оваа маестрална книга. Пишете, според Ваше мислење која е пораката (или пак кои се пораките кои) која го носи ова дело, која сцена од книгата Ви остана најмногу во сеќавање, анализирајте ги ликовите како Вие сте ги сфатиле (дали Раскољников според Вас е еден обичен "криминалец" или е жртва на сопствената теорија за обичните и необичните луѓе, која е улогата на Соња Сејмонова, дали е таа спасител на главниот јунак). Што мислите: дали Раскољников се пронаоѓа во Лазар кој по 4от ден од својата смрт воскреснал. А и самиот Раскољников 4 дена лежел во својата соба и потоа ја запознава Соња. Дали Соња е неговата надеж, мост помеѓу него и Бога? ... Едноставно пишете ги Вашите импресии кои најмногу останале во Вашето сеќавање.

П.С. Се извинувам однапред ако ја немам добро поставена темата. Горе поставените прашања се само дел од оние кои самиот полифониски роман му ги (условно кажано) поставува на секој читател.

еве еден дел од цитатите кои најмногу ми се допаднаа

,,Сиромаштвото не е порок туку вистина"
,, Станете Сонце па тогаш сите ќе ве видат"
,, Секој човек би требало да има некое место каде што ќе може да оди"
,, Tајната на човечкиот живот не е во тоа само да живее, туку и зошто живее"
и др. Ако има некои цитати кои Вам ви се допаднале исто така напишете ги. :helou:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
Tipot roknue nekoja baba i posle dal da priznam , dal da ne priznam na stotici strani a porakata e koga roknuesh baba glej da ja zatvoris vratata nikoj da ne te vidi !:pos2:

Sala na strana poentata e razmisla za moralna dilema na egzistencionalistickiot moderen nacin na bitisuvanje
 
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
не ја сакам книгава... депресивна...
 
D

drle

Гостин
Најдобрата книга која што досега ја имам прочитано. Реална слика од настани кои што можат да се случат во животот на еден човек (не дрн дрн ма...а филозофии без поента). Универзални пораки кои што важат од зачетокот на човечкиот вид и до сега.
 

magii

*
Член од
6 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
10
Злосторство и казна - Достоевски

Не можам никако да ја најдам во библиотеките.Лектира ми е,па ако некој може да ја најде како ebook Ве молам пратете ми линк.Препорачливо е да биде на српски јазик.
Многу ми треба :pipi:
Однапред благодарам :)
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Не не не. Каков линк, каков српски. Ќе си ја земеш фино лепо од книжара-сигурно ја има-и ќе си ја прочиташ на раат. Тоа не е книга која може да ја претрчаш за еден ден, тоа е класика на која мора да и обрнеш внимание!
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас ја имам прочитано цела. Се заглавив во неа, мда имаше и места кај шо читав а не знам шо читам. Колку има објаснувано само тоа соодветствува со периодот во кој е пишувано. Иначе е ремек дело:)
 

bezobrazna

...Paste
Член од
7 август 2008
Мислења
440
Поени од реакции
27
топ книга. може малку надугачко напишана али...
вреди да се прочита у секој случај.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Три пати ја имам прочитано и никад не ми била досадна... После таа книга веќе ништо не ми беше исто во однос на другите книги...Сеа што читам , како од коњ на магаре да сум паднал...

Иначе, јас ја имам на српски, али неам линк...:helou:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Злосторство и казна - една од оние книги кои те тераат да се соживееш вистински со ликот, те тера на мислење и поставување прашања, навлегување во хипотетички ситуации и нивни можни исходи. Еве на какво размислување ме наведе мене, околу оправданоста на одреден злостор.
Едно нешто што ретко може да долови друг автор е она длабинско навлегување во психата на ликот и затоа реков дека може да се соживееш со ликот.
Раскољников е жртва на сопствената теорија, ако може да се каже така. Што знам, како во бунило е во целиот роман, ни самиот нема расчистено со себеси а камоли со светот. А Соња е идеализиран женски лик, нешто како Бог, спасителка, подадена рака за втора шанса.
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Книгава ја имам дома а не сум ја прочитал... но читајќи ги постовиве во темава некако се заинтересирав за книгата. Ми велеа дека е малку здодевна демек главниот лик се плашел од својата гздарица а убивал луѓе и нешто навака натака и јас добив лош впечаток за книгата и воопшто не ја ни погледнав. Но благодарение на вас уште од вечерва ке почнам да ја читам па ке пишам некое мое сфаќање и сопствено толкување на книгата:toe:
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Книгава ја имам дома а не сум ја прочитал... но читајќи ги постовиве во темава некако се заинтересирав за книгата. Ми велеа дека е малку здодевна демек главниот лик се плашел од својата гздарица а убивал луѓе и нешто навака натака и јас добив лош впечаток за книгата и воопшто не ја ни погледнав. Но благодарение на вас уште од вечерва ке почнам да ја читам па ке пишам некое мое сфаќање и сопствено толкување на книгата:toe:
Ај со среќа, и не се откажувај ако до 100- та страна ти е досадна....

Секој почеток е тежок...:wink:
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Фала, еве веќе започнав и не се се откажувам иако малку е почетоков досаден ќе се оправи натака :toe:
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
161
Поени од реакции
9
Kniga sto vredi da se procita, zasto mosne realno gi pokazuva animalniot del od psihata na covekot, sovesta, ljubovta kon Bog i covekot, stravot os neizvesnosta, moralnite i egzistencijalnite prasanja i dr.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom