„Браќа Манаки“, Најголемиот филмски фестивал на Балканот, Битола, Македонија

Член од
13 август 2009
Мислења
9.531
Поени од реакции
5.764
Најеминентниот фестивал за филм на овие простори, се отвора оваа недела во Битола, на 16ти октомври и тоа ексклузивно, со најновиот филм на Милчо Манчевски, „Мајки“. Покрај кината во Сао Паоло и Њујорк, во кои забележа огромна гледаност и се очекува токму овој филм да биде кандидат за Оскар, за филм од неанглиско подрчје... Битолската, Македонската и Европската публика, ќе има шанса да го гледаат, ексклузивно на отварањето на „Браќа Манаки“.... Реновирана кино сала, со фантастичен звук и перформанси, ја прават салата во Битола, една од најдобрите на Балканот...

Покрај, овој, во план се вкупно 95 филмови кои ќе се прикажат на овогодинешното издание на „Браќа Манаки“. Се очекуваат и огромен број на гости, пред се директори на фотографии, од филмови како "The Expendables", "The Hunted", 'Wicker Park" и многу други светски познати лица од светот на филмот.... Се шпекулира со три главни лица кои ке бидат присутни на манифестацијата, но се држат во строга тајност, но се знае дека ќе бидат ликови од „Холивуд“...

Она кое „Браќа Манаки“ можат да ви го понудат се врвни филмови, одлична изведба на филмското платно и пред се, уживање во двете кино сали во Битола, се она кое Битола ја прават центар на Европа во наредната недела дена...


Уживајте....

едит: Тука ке можете да ја прочитате и целата програма, од ден за ден....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Дерил Хана - специјална гостинка на 31. ИФФК „Браќа Манаки“





Холивудската актерка Дерил Хана е специјална гостинка на годинашниот 31. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што ќе почне в сабота во Битола. Веста за доаѓањето на ѕвездата од вториот дел на филмот „Убиј го Бил“ денеска на завршната прес-конференција во Скопје ја соопшти директорката на фестивалот Лабина Митевска.

Хана ќе добие Специјална награда „Камера 300“ за исклучителен придонес во светскиот филм. Во Битола ќе биде само два дена, зашто поради обврски треба да се врати во Лос Анџелес. Во нејзина чест в недела ќе биде прикажан филмот „Убиј го Бил 2“, а претходно познатата актерка ќе има едночасовна средба со новинарите во Битола.

Митевска рече дека актерката не се двоумела за понудата да дојде во Македонија и оти единствен проблем било да се усогласат датумите, поради нејзиниот актерски ангажман.
- Не размислуваше многу, прифати веднаш. Беше лесно да се убеди. Таа беше горда што и ја даваме наградата, рече Митевска.

Првата улога на педесетгодишната актерка е во филмот „Фурија“ во 1978 година, а оттогаш таа настапила во над 50 филмски наслови, меѓу кои и „Истребувач“, „Роксана“, „Возбуда“, „Волстрит“, „Челични магнолии“, „Црвенобрадиот“...

На прес-конференцијата беше соопштен и составот на жирито кое ќе одлучи кои од 12-те филмови во главната програма на годинашниот фестивал ќе ги добие наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300. Со жирито ќе претседава оскаровецот, директор на фотографија Вилмош Жигмонд, кој е годинашен лауреат на „Златната макера 300“ за животно дело. Членови на жирито се британскиот режисер Павел Павликовски, директорката на фестивал во Австрија Кристин Долхофер, француската ликовна уметница Доминик Фури, аргентинската кинематограферка Наташа Браер и македонскиот режисер Дарко Митревски.

------
Дерил Хана навистина заслужи...браво
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Не може, туку веќе е македонски кандидат за Оскар за филм од неанглиско подрачје.

Иначе мене ме интересира новиот филм на Вуди Ален 'You will meet a dark tall stranger', тој ќе го затвори Браќа Манаки. :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Лабина се посра у гаќи !
(Вака да ви кажам како волонтер у Манаки) :)
Организација срање - Скопска!
Фала :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Арно е се крепи (барем вака во јавноста) фестивалов.

Штета што нема да присуствувам. Работни обврски во СК.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Ако го глеаш од таа страна како посетител фестивалов оваа година ќе биди најдобар до сега :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Апел до сите членови на форумот и сите кои го посетуваат форумот:

Престанете да ги гледате Холивудските Филмови во кои нема ни капка уметност, филмови направени само за пари, проширете ги своите гледишта за филмската уметност, сите филмови не се од Америка, сите квалитетни филмови не се на Англиски јазик. Ако за филмот нема екипа од 1000 членови и популарни актери не значи дека не е добар. Дојдете и посетете го Манаки направете мала паралела од спектаклите кои ги нерекуваат филмови и вистинската уметност која се нарекува филм. За сите оние кои се инволвирани во оваа уметност особено на оние од балканот на браќата Манаки гледаат со почит ние не знаеме да ги почитуваме, единствениот фестивал кој е во нивна чест не сакаме да го посетиме бидејќи подобро било да се седи во кафуле и да се пие кафе 2 сати отколку да се оди и да се гледа некој Европски филм.
За оние кои се од другите градови како можат на некоја си ЦЕЦА да одат со полни возови и со полни автобуси за нешто што е врвот на сељачаната а не сакаат да дојат и да гледаат некој квалитетен филм, малку поразличен од останатите. Дај да се свестиме и да сфатиме дека со присуство на фестивалот добро си правиме пред се на нас самите, добро правиме за целокупната филмска култура во Македонија, добро правиме и за целиот културен живот во нашата држава (ако постои).

ПОСЕТЕТЕ ГО ФЕСТИВАЛОТ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СТЕ ОД БИТОЛА ИЛИ ОД ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom