„Браќата Карамазови“ - Достоевски

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Значи...ете ме мене и во оваа тема :)
Овој пат со тема за култното дело Браќа Карамазови од еден од најголемите писатели на сите времиња - шмек писателот Фјодор Михајлович Достоевски!
Не знам дали има ваква тема досега на форумов..мислам дека не! Ако има...Виктор нека избрише :)
Ајде кој има време малце да подискутираме за ова дело.
Ова е четврти роман на Достоевски со мотивот на злосторството и казната, но е прв по сложеноста на тематската структура и по бројот на пораките.
Мислам стварно страшно дело кадешто е опфатен секој сегмент на човековиот живот!
Романов се доживува како психолошки-криминалистички, идеолошки-религиозен-филозовски како и мелодрамско-хуманистички!
Што најмногу ви се допадна во ова дело?
Кој лик ви беше фаворит?
Што порака извлековте?
Епа ајде...нек биде со шмек темава! :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Се плашам да коментирам за делото оти знам дека нема да кажам сè што сакам.

Имав есеј на таа тема за испит и речиси повеќе од 3 месеци и со колеги и со професори се работеше на длабинска анализа на сите постапки на ликовите и делото ми е влезено „под кожа“. :)

Тешко е да кажам што најмногу ми се допаѓа затоа што немаше нешто што не ми се допадна. :) Ако говориме за браќата сите тројца го имаат она „карамазовско“ во себе, дури и Аљоша - во моментите кога треба да се оддаде на молитва и да ги сконцентрира мислите тој не може да одолее на искушението да го прочита писмото од девојката што е заљубена во него. Карамазовштината кај Иван и Дмитриј е и повеќе од очигледна. Таткото е ѕвер, децата мали ѕверчиња.

Омилен лик немам меѓутоа ја оправдав постапката на Дмитриј затоа што големи фрустрации се собрани кај него уште од мал и ако психолошки го разгледуваме тоа сигурно кој и да е друг на негово место би го сторил истото.
Смердјаков пак е гледан како исцелител и избавител на сите други ликови заради таткоубиството, ако тој не го стореше тоа, сигурно ќе го стореше некој друг, па со неговата постапка спасени се останатите. Иако навидум болен, будала и несовесен кај него најмногу се отсликува карамазовското, тој е речиси слика на татко му. И кај него постои фрустрација, тој се обидува да им биде допадлив на сите, неговата мајка Лизавета Смрдлива постојано била парталава и нечиста, тој напротив како плод на таа фрустрација постојано ги четка чевлите, облекува чисти и модерни алишта и некако потсвесно сака да докаже дека не е како мајка си.
Исто така впечатлив е ликот на малиот Коља кој со 2-3 прочитани книги се обидува да ја докаже својата интелектуалност над Аљоша, малиот на моменти воодушевува со своето „знаење“ а потоа сфаќаме дека тоа е една обична гордост и желба да се нахрани егото.

Што се однесува до пораката... Излишно ми е да велам дека научив нешто од ова дело затоа што го научив животот од него, работите што ми се случуваа во периодот кога го читав некако лично ме поврзаа со тоа и сметам дека преку него и сплет на околности ја најдов вистината за животот, вистината за себеси.

Шмеќеру (ако ја немаш прочитано) ти ја препорачувам и „Идиот“ после ова, за нијанса потешка, повторно испреплетена со вечните прашања и нешто што е како лектира во руската книжевност.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Да, поимот карамазовство е посебно гледање на писателот за двојната личност на човекот, на човечката поделеност на свесен и потсвесен дел на битието. Трагичноста на човековото битие потекнува од човековата немоќ да го надвладее стихијниот, инстинктивниот дел од својата природа.
Карамазовските црти на таткото Фјодор ги имаат сите браќа! Дмитриј, Иван и Смердјаков се лошите карамазовци додека единствена светла точка а и мој омилен лик е Аљоша Карамазов. Аљоша е единствениот позитивен лик во делото. Срцето и душата на романот!
Јас не само Дмитриј туку скоро сите браќа ги оправдувам за убиството! Кога најмногу им била потребна родителска љубов како деца тие не ја добивале од Фјодор! Дури нели на една ситуација и самиот Иван ќе каже во судницата "Зарем има некој што не ја посакуваше татковата смрт?"
Смердјаков бил уствари високоинтелигентна личност без разлика на неговата дегенерација у изглед пренесена генетски од неговиот татко и мајката-идиотка Лисавета!
Една од главните пораки во самото дело Достоевски го потенцира на тоа дека човековата природа е таква тајна и загатка што човек би морал да го мине сиот живот во нејзино решавање и дека тоа не би бил залуден труд.
Вокерка...баш сега читам анализи за Идиот и го обработувам ликот на кнезот Мишкин :)
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Браќа Карамазови е едно од најдобрите дела воопшто напишани досега ... прв пат ја прочитав пред околу 16-17 години но некои делови не ми беа баш јасни па затоа ја препрочитав пред некои 5-6 години ... ме мрзи сега да ја анализирам и објаснувам бидејќи дејствието е прекомплексно да се објасни во еден пост :) ... има една глава во романот ( мислам дека се вика Големиот инквизитор ) во која Иван ( кој е атеист ) има халуцинација дека разговара со ѓаволот , кој што му раскажува една имагинарна случка која се случува во времето на инквизицијата негде во Шпанија ми се чини каде што големиот инквизитор е всушност ѓаволот , и каде што во толпата народ среде градот доаѓа Исус , но големиот инквизитор ( ѓаволот во случајов ) , наредува Исус да се затвори итн.:) ... кој ја читал книгата ќе се сети за кој дел мислам :) , тоа ми еден од најјаките делови во романот ( не дека остатокот на романот не исто така феноменален ) ... иначе што се однесува до Фјодор Михајлович Достоевски , според мене е еден од највпечатливите автори во светската книжевност ... никој како него не може да направи толку добар психолошки портрет на личностите во делата кои ги напишал , а исто така е еден од најдобрите познавачи на руската душа ... ги имам прочитано и Идиот , Злосторство и казна , Записи од мртвиот дом , Бедни луѓе ( мислам така е преводот на насловот ) , и во сите овие дела совршено се опишани психолошките профили на личностите ... за секој кој сака да дознае нешто повеќе за рускиот човек ја препорачувам Записи од мртвиот дом ... тоа е автобиографски роман за животот на затворениците во еден затвор во Сибир ( веројатно знаете дека Достоевски бил неколку години во затвор поради учество во револуционерна организација ) .
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Во Браќата Карамазови најмногу ме импресионира вклопот на фустрациите и конфликтите на мотиви со одбранбените механизми, може затоа што баш и тогаш тоа го учев. Неверојатен конфликт на одбивање и привлекување е кога Дмитриј ги носи парите во кошулата цело време.
Инаку, најдобар дел од книгата е трудот на Иван "Инквизиторот" кој може да се чита и оделно од книгата.
Освен Карамазови многу ми се допадна Катерина Ивановна како е анализирана. Само Достоевски може така убаво да изнализира ликови и да ги вклопи еден со друг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom