„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Не сакам да сменам, напротив. Сакам да се форсираат и други професии, неможе сите на компјутер да сме. Неможе сите со титули...експерт во ова, експерт во она.

Мора да се почитуваат и други занати. Физички занати како и работни позиции што секојдевно ги користиме (како тие погоре што ти набројав).

Никој веќе нејќе да работи ништо друго освен компјутерска работа. Не е тоа решение. Убаво е да подржаваш луѓе што сакаат да тераат по тој пат, ама не е убаво да форсираш само и само факултетско образование и академии. Не е тоа решение за држава како нашава. Башка што 80% од факултетите се курташак.
Zamisli site na kompjuter u IT, a nikoj nadvor da gi pasi ovcite, narani svinjite, kopa piperkite itn, ke jadime maticni ploci i graficki za vecera :D
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.519
Поени од реакции
26.010
Малку луѓе и фирми се способни да направат заокрет! Плус инерцијата е страшна работа, ако пак е потикната од системот, оде воз у кукуруз.
Некогаш влакно фали да те одржи или урниса! Проблем е и големината на пазарот, на ваков мал пазар е ризик секоја инвестиција за промена на дејноста, ама кој не сака да ризикува, подобро нека оди да работи за плата кај некого :toe:
Поготово инерцијата од социјализмот, која кај нас е сеуште присутна... Како поинаку да ја разберам желбата на луѓето да работат во државни фирми. Тоа не само што во 90% од случаите го запечатува твојот професионален напредок, туку и те затупува како човек.

Па и немора да значи дека ризикот за инвестицијате е пресуден фактор. Повеќе би рекол немање на визија. Ако на пример ти си геодет, не многу голема инвестиција би ти било купување на дронови и 3D скенирање на теренот на пример. Македонија има за скенирање 27 милијарди метри квадратни :)

Далеку сум јас од релевантен да кажам колку држи вода ова што го кажав, ама сакам да кажам дека секогаш има простор за подобрување во самата бранша. Во спротивно ќе завршиш како blackberry...
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.596
Поени од реакции
11.472
Мене првата плата ми беше 6000 и ја потрошив на стриптиз т.е. на Марина од Украина и ај сеа шетајте...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Работиш за малку пари, или за без пари, на почетокот за да научиш, се уходаш, и слично.
Тоа го имаме од една страна, од друга страна, имаме - работиш за без пари, или за малку пари подолго време. Изговорт им е дека учиш сеуште и се обучуваш.

Кај нас е тенка границата помеѓу овие две и секој треба сам да процени дали станува збор за обука некаква, која не е, или е слабо платена, или пак станува збор веќе за искористување. Ваљда времетраењето на тоа би било знак.

Уште од почеток на девеести кај нас има приватни фирми кои вработуваат постојано нови, кои брзо ги бркаат/или сами си одат и така одреден процент од работата, во секое време, им го завршува некој за без пари.

Енивеј, треба човек да е умен и објективно да процени кога обуката преминува во искористување на трудот.

Така имам веќе пишувано за мој роднина кој работеше во еден огранок на едно министерство, кој огранок соработува со една служба на ООН (поврзано со економија, авторски права...). Татко му (Бог да го прости) успеа да го вработи таму, со договор за дело, па после, со време, да добие решение. Ова беше втора половина девеести. И он таму влезе и почна да работи. За многу кратко време, све научи таму и стана најбољи, што у државна служба не е тешко, бидејќи буквално сите у тој оддел ги боли уво и гледаат што помалку да работат. Не е тоа приватна фирма кај шо се лактаат секакви морони, туку државно кај што мороните гледаат, не да не се лактаат, него да ги нема уопште. Сите тие со партиски врски и тн.
Набрзо, почна со ООН директно да работи, потоа, во одделот он да им кажува на други што треба да работат, него главниот за све нешто го вика, за да го праша и така.
Поминуваат години, избори едни, избори други... Одделот после секои избори се пуни со нови вработени. Овој све им кажува, све ги обучува, дури и му даваат он да каже каде какви компјутери треба.
Ама решение за вработување нема. Само за него. Секои избори доаѓаат нови (одма добиваат решение), па си одат, а за него увек - нема гајле, после следните избори ќе добиеш и ти решение. И така десетина години.

Све дур у муабет со некои од ООН, со кои он комуницира, соработува, ете веќе десет години, не им кажал дека он у ствари е на договор за дело. Овие му рекле really? Па што не кажеш бе, нас ептен ни треба човек ко тебе.
Одма тука од нашиве добива: - Еј, немој сега да си идеш, ептен си ни потребен, сега стварно после овие избори ќе те вработевме. Дај молимте не си иди.

Он можел (и требал, мене ако ме прашаш) да им се насмее и да си отиде, па нека кршат глава тоа партиските полтрони (повеќето од ДУИ, пошто Албанци традиционално го држеле тој оддел), но останал уште некое време и дообучил два-тројца ептен (за да може да фунционира одделот), па после си отишол. (само некој месец после тоа сите тие киднале од таму у приватно да работат, некои у странство)

Еве дестина години, си живее у Швицарска, работи за ООН, има шетано по земји кои никој Македонец никад нема да ги посети (Лаос, Бангладеш, Нова Гвинеја, Гвајана и сл.), а сега веќе не го шетаат. Оженет среќно со научничка, вложуваат у фармација.

Од оваа перспектива, тие десет изгубени години у министерство и не му се изгубени (научил нешто, се поврзал со странство, обучил и научил многумина). А да останел таму, не би личело тоа баш така.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969
Не сакам да сменам, напротив. Сакам да се форсираат и други професии, неможе сите на компјутер да сме. Неможе сите со титули...експерт во ова, експерт во она.

Мора да се почитуваат и други занати. Физички занати како и работни позиции што секојдевно ги користиме (како тие погоре што ти набројав).

Никој веќе нејќе да работи ништо друго освен компјутерска работа. Не е тоа решение. Убаво е да подржаваш луѓе што сакаат да тераат по тој пат, ама не е убаво да форсираш само и само факултетско образование и академии. Не е тоа решение за држава како нашава. Башка што 80% од факултетите се курташак.
Нека форсираат, пак џабе ќе биде. Проблемот е што тие луѓе би биле значително помалку платени тука отколку во било која западна земја, така што освен ако некој не е врзан ради некоја виша сила тука, не верувам дека би имало многу доброволци кои би и го решавале проблемот на Македонија со недостаток на занаетчии.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Уште малку нема да има работа нема да има ни пари, менаџерот на Филип Морис изјавува да се забраната цигарите, која логика е тоа луда логика, сам сака да си ја уништи индустриската гранка. А и логично е да знаете се оди на деиндустријализација, Игри на гладот.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Ако не си изградил портфолио и стекнал вештини на работното место за да можат да те сменат на невидено со некој Петре, до тебе е!
Ниеден газда не ризикува за некои 100-200 евра квалитетен работник.
Постојат и такви, а и доста се.Можда некој имал среќа па се погодил кај другиот редок тип газди.

Тројца луѓе си одат од малку подобра (повисока, поценета како сакате) позиција со стаж, бројки зад нив и привлечени клиенти, поради икс причини - неплатени прекувремени, работа по 12-14 часа дневно, паралелно и замена за други, во викенд двата дена и на повик, и најновото работа од дома (на сопствен компјутер), целото неплатено.

Последици - губење контакт со пријатели, фамилија, живот диригиран од работата, создадени здравствени проблеми (тахикардија, срцеви проблеми, мигрена) најчесто на нервна база и стрес од работа.

Не ќе да е само до вработените!

И кога конечно луѓе од таков калибар ќе се одважат да кренат глас и ќе добијат мислење дека не можат да добијат подобри финансиски и општо работни услови и си одат (некои без план Б, а некои и за 50% повисока плата бидејќи некој ги забележал) каква порака добиваме сите...
и вработуваат на битно место лица со нула искуство најчесто на договор кој не им е продолжен, па уште еден, друг и трет, само да бидат со помали трошоци за плати и да не користат одмор, без разлика каков ефект ќе добијат (заминување на редовни клиенти, грешки и застои во работа итн).

А последици трпат цела фирма, најчесто најблиските соработници, а и најголемите поплаки исто така.Бидејќи тие на врвот најчесто се "глуви".
 
Последно уредено:
Член од
18 јуни 2021
Мислења
248
Поени од реакции
505
Татко му (Бог да го прости) успеа да го вработи таму, со договор за дело, па после, со време, да добие решение.
Незнам што очекуваш да добиеме од приказнава ако започнува со непотизам, паразитство, возможна корупција и генерално балканско/сељачко чаламење, роднината твој е институционален паразит и неговата приказна нема што да не научи ниту инспирира.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Уште малку нема да има работа нема да има ни пари, менаџерот на Филип Морис изјавува да се забраната цигарите, која логика е тоа луда логика, сам сака да си ја уништи индустриската гранка. А и логично е да знаете се оди на деиндустријализација, Игри на гладот.
Филип Морис игра на друга карта. Таква институција има бизнис план за наредни 10 години, немој да мислиш дека не знаат што прават. Играат на карта сензибилност, демек они се грижат за здравјето на луѓето.

Ама произведуваат нов тип на цигари - Iqos. Од 3,000 до 4,000 (кај нас) им е само уредот, цигарата со батеријата, а 150 денари е кутија. Па тука има додатоци и акцесори, кој се продаваат исто така по солени цени. Значи, не само што продолжуваат со продажба на цигари (150 денари кутија) туку и ти зимаат плус 50/60/70ЕУР за уредот кој треба да ја троши таа цигара. До негде, прават нешто добро за пушачите бидејќи не се штетни како цигарата, но сепак повторно заработуваат од пушачите.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871

vikaat stetnite supstanci od cigarite se sozdavaat poradi "gorenjeto" i temperaturata, koga imas klasicna cigara.
vo Svedska uste sega dobar del im odi na "Snus" (nezz so tocno e, nekoja forma na tutun vo pakuvanje slicno na kesicki za caj,
go dzvakaat, i nemaat potreba da izleguvaat nadvor), "Nicotine pouches" - se stavaat pod jazik.
sekako prefrlaat na alternativi, a kako im e esapot/ekonomijata so novite neznam, ne konzumiram nisto od gorenavedenoto :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Незнам што очекуваш да добиеме од приказнава ако започнува со непотизам, паразитство, возможна корупција и генерално балканско/сељачко чаламење, роднината твој е институционален паразит и неговата приказна нема што да не научи ниту инспирира.
Тоа време, а и сега, не можеш на државно, на тие места, да се вработиш без врски. Никако.
Разликата е, што тогаш сеуште функционираа повеќе оние врски со познанства, а сега само партиски.

Така да, таму, без врски, во оваа држава - ни на сон.

Тоа за врските, а во врска со паразитирањето - од самата приказна можеш да заклучиш, дека токму тој не е институционален паразит. Тој ја работел целата работа на одделот, цело време. Тоа никако не е паразитски.
ООН го виделе како работи и затоа го викнале. Не викаат они секоја партиска шуша да им работи. Ако бил паразит, до сега три пати на клоци ќе го избркале. А и нашиве немало да го бараат да остане.

На човек со минимални когнитивни способности ова би му станало јасно, при читање на постот.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Не сакам да сменам, напротив. Сакам да се форсираат и други професии, неможе сите на компјутер да сме. Неможе сите со титули...експерт во ова, експерт во она.

Мора да се почитуваат и други занати. Физички занати како и работни позиции што секојдевно ги користиме (како тие погоре што ти набројав).

Никој веќе нејќе да работи ништо друго освен компјутерска работа. Не е тоа решение. Убаво е да подржаваш луѓе што сакаат да тераат по тој пат, ама не е убаво да форсираш само и само факултетско образование и академии. Не е тоа решение за држава како нашава. Башка што 80% од факултетите се курташак.
Точно така.Има љуѓе на кои дипломата им е одбранбен механизам од работа.Нивната главна реченица им е не работам друго надвор од струката и одма со срцепарателна приказна како поминал на студии.Такви има со над 40 години и уште чекаат од мама и тато кои се ближат кон 80сетката.Ама самите родители имаат дел од кривицата.Ги пораснале со девизата -Учи сине за да не работиш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Млад човек ако тргне со малоумната девиза џабе работи џабе не седи ќе се најде во работен однос кој ќе му носи минималец или нешто над. Или пак да учи занает и да не добива пари. Кој ако не родители ќе го финансира тоа?
Сите што зборуваат за џабе работење или започнале со 9000 живееле кај родители и некако се крпело од први до први. Без кров над глава (а со 9000 па и 14500) нема теорија некој да живее под кирија, да плаќа сметки и давачки.

Малите ентри левел плати не овозможуваат работникот да се оддели од родителите.

Ако како општество сме на ниво да минималец или ентри левел плата не е доволна за физички опстанок на работникот заедно со неможност за останување во работоспособна форма, да престанеме да си играме општество и да се самоукинеме.
Така имаме незамисливи ситуации да три генерации делат ист дом.
400К од населние е сиромашно т.е. живее со помалку од 2,5 долари на ден, според неколку истражувања.

Лично никогаш не сум работел без надокнада. Не сум најден на улица бе, што им е на луѓево, ќе изигрувам роб во 21.век па уште ќе си научел нешто.
Ако газда или надредени не ти се пријатели, роџаци или ретко некој совесен лик, од работата ќе научиш шипак.
Настрана што 90% од работните места се такви во кои ќе научиш голо гомно. Угостителство, текстил, граџевина тоа се главните реални сектори.

Имам работено во неколку западни земји но не можев да останам поради тоа што не ми се црнчеше 30 години за моргиџ за едно станче од 56м2.
Кога бев во сериозна здравствена криза работите се изменија драстично но и тогаш успевав да земам некоја пара на нет, "на црно" она баш аутсорс, слично како Упворк само со директ контакт од лик кој го знаев кога работевме на запад, лик од источна Европа. Работата ми е ептен niche а поради моето искуство и стаж знам дека сум незаменлив па никоаш не ми прави проблеми човекот, неам фиксно време, неам куцање картица...имав среќа што го запознав :)
Знаев дека ситуацијата ќе се поправи на финасиски план откако научив да живеам со животнозагрозувачка ситуација и така и бидна.
Денес заработката е сосема солидна иако никогаш нема да имам пензија :unsure:

Никогаш под никакви услови не би работел за беспари, како што насловот наведува нели. Турцизмот Џабе значи беспари буквално. Никако и никогаш. Имам работено за 8500 денари на времето и денот коа се делеа плати, со каснење од недела две секако, ми се гадеше од сам себе, како да ме силувал некој буквално. изигрував и продавач на каса и утоварач и истоварач и советник за клиенти и бројност на инвентар и роба и трчање по град да му завршувам работи на газдата пошто ете, тој ми давал леб па ако речел оп! јас требало да скокнам, такви муабети се вртеа, мамицата негова ретардирана.
Не ми се верува млади деца скоро дупло помлади од мене немаат мака да работат џабе. Страшно.

А што се чудите за државно што има јагма за работни места. Државата е најголем и најсигурен работодавец во РМ, 200К+ народ работи таму, настрана индиректно кои работат на владини проекти од реален сектор како граџевина, геодетски фирми, проектантски бироа и кои све не. Така реалниот број на вработени под капа на држава е можеби половина од сите вработени во РМ.
Се додека е така, не очекувајте промени.

Живи били кинези кои направија да имаме илузија за "нормален" живот со смартфони за трета категорија земји, кинески лук, гаќи и бела техника. Сеа тоа ќе се расипе брзо али додека трае јак е филингот на нормалност.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Точно така.Има љуѓе на кои дипломата им е одбранбен механизам од работа.Нивната главна реченица им е не работам друго надвор од струката и одма со срцепарателна приказна како поминал на студии.Такви има со над 40 години и уште чекаат од мама и тато кои се ближат кон 80сетката.Ама самите родители имаат дел од кривицата.Ги пораснале со девизата -Учи сине за да не работиш.
Три работи гледам како голем проблем за овие: нефункционирање на образовниот систем и продуцирање на кадри повеќе од потребите (особено во општествени области кои и така ги имаме како превработени во државен сектор), домашното воспитување, мајндсетот наследен од претходниот систем.
Во државава луѓето си имаат врзано во главата дека со стекнувањето на дипломата, по автоматизам стекнуваат „привилегиран статус“ и некој им должи вработување.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Секогаш кога се спомне инвестиција БДП и колку ќе се наполни буџетот, од одредена инвестиција или економска операција, јас секогаш знам дека од тоа за Трпе нема да има ништо.

Него декриминилизација на канабис, да можи Трпе да си сади и вади цвет од две три илјади корења од турнус, без страв да биди кривично гонет, да биде опоменет или казнет паушално парично тука ќе има пари за обичниот човек. Да биди со откуп со се легално, полулегално па и нелегално тоа може да не извади, велат 800 евра килограм 200-300 грама од стебло еееееееееее соништа соништа :icon_lol:.
Автоматски споено мислење:

Мене првата плата ми беше 6000 и ја потрошив на стриптиз т.е. на Марина од Украина и ај сеа шетајте...
И Таманго стоеше на врата и внимателно гледаше ако ја фати некој укринката за цицка да го исфрли надвор :icon_lol:. Бог да му душа прости...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom