„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
@Imperatorot дискутираш област за која немаш воопшто информации што навистина се случува и се случуваше.

@fennel е со еснафска и убава струка НО во погрешна држава, тука оваа професија е третирана на ниво на амал, а во голем дел од западните земји со оваа професија се во највисоките плати (во Австралија пример сениорските плати се движат од 120-200к, зависи во која гранка и држава ќе бидеш, во мајнинг за џуниор ти е 80к, а тим лидови и слично од 150-200к годишно (за споредба во ИТ само data science и евентуално апла сениори го достигнуваат овој левел)). Во превод, теренските ангажмани се повеќе платени со оглед на тоа што работиш на секакви услови, имаш огромна одговорност (проектите се во милиони/милијарди) плус во голем број случаи и одделен од семејството по неколку денови (кај remote проекти спиеш на градилиште, се враќаш дома само 2-3 дена во 2 недели).

Тука направија срање со законот за легализација и се отворија еден куп фирми (во глобала штанцачи на елаборати), па јадеа леб и со законот за приватизација и со политиката на господинот Груевски (единствен период кога живна градежен сектор во државава) и сега со политиките на шарените куртони и шиптарскaтa коалиција не успеваат да извадат ни за основни трошоци.

Еден куп од луѓето почнаа да си бараат чаре во други индустрии, а на градежен ако пред 3 години имаше 100 студенти на овој отсек, сега ќе има по 30 (и тие се премногу).

Инаку што е потрагично имаш и еден куп лиценци и овластувања кои треба да ги земеш и полагаш + да плаќаш за истите секоја година, згора на се сменија копилињата закон и само човек со 300 кредити во таа област (читај магистер) може да извади овластување (па 80% продолжуваат на мастер и арчат уште 2 години од животот и неколку илјади евра), а истовремено ги оставија постојните овластувања и на луѓе кои се со Виша.
 
M

Macedon1um

Гостин
Тука направија срање со законот за легализација и се отворија еден куп фирми (во глобала штанцачи на елаборати)
Ако ја немаше таа конкуренција може да им го замислам ценовникот, и вака дерат на суво за минимална работа 100+ европски на физичко лице

Нотари на стероиди се геодетите :D
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Еден куп од луѓето почнаа да си бараат чаре во други индустрии, а на градежен ако пред 3 години имаше 100 студенти на овој отсек, сега ќе има по 30 (и тие се премногу).
Последниве години, се отворија доста нови академии и школи некакви за курсеви, кој лесно „продаваат“ ИТ пакети со бомбастични наслови за плати, вработувања, иднина итн итн итн. По медиуми се рекламираат како нивните студенти успеале у животот, па рекламираат колку е лесно да станеш програмер, маркетер, инфлуенсер лол...

Веќе умре она староно, кога се барало занает и се продавало образование. Сеа све ни е сведено на компјутерска работа. Сите сакаме од дома да седиме и да праиме кеш (и јас спаѓам тука јбг). Сите нови генерации, па и некои што не успеале во животот у нивна струка (од 30 до 40), го гледаат трендот и сите сакаат да се некакви инженери на ПЦ.

За се ова криво ни е образованието и оние што не се замараат да спроведат други насоки во врска со овој тренд. Ако ги учат вака, ќе нема кој да ни работи на бензиска, ќе нема кој да биде келнер, пекар, скараџија, ќе нема кој да работи у магацин. Испод част ќе им биде зошто сите ќе бидат со некаква диплома (дали факултетска, дали од академија).
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ако ја немаше таа конкуренција може да им го замислам ценовникот, и вака дерат на суво за минимална работа 100+ европски на физичко лице

Нотари на стероиди се геодетите :D
Објасни минимална работа? Која?
Макар што не сум веќе у тоа друштво, ама од 100 евра на геодетот му остануваат некои 2000+ денари, некогаш ни толку.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Ако ја немаше таа конкуренција може да им го замислам ценовникот, и вака дерат на суво за минимална работа 100+ европски на физичко лице

Нотари на стероиди се геодетите :D
Ај провери колку кошта да ти направат проект за објектот што ќе го градиш и врати се да разговараме дали те „колат геодетите“ или архитекти/градежници.

П.С провери колку кошта годишно МАКПОС, колку коштаат лиценци за AutoCad/Microstation, колку коштаат инструментите што се користат и ќе правиме муабет :)
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
8.902
Последниве години, се отворија доста нови академии и школи некакви за курсеви, кој лесно „продаваат“ ИТ пакети со бомбастични наслови за плати, вработувања, иднина итн итн итн. По медиуми се рекламираат како нивните студенти успеале у животот, па рекламираат колку е лесно да станеш програмер, маркетер, инфлуенсер лол...

Веќе умре она староно, кога се барало занает и се продавало образование. Сеа све ни е сведено на компјутерска работа. Сите сакаме од дома да седиме и да праиме кеш (и јас спаѓам тука јбг). Сите нови генерации, па и некои што не успеале во животот у нивна струка (од 30 до 40), го гледаат трендот и сите сакаат да се некакви инженери на ПЦ.

За се ова криво ни е образованието и оние што не се замараат да спроведат други насоки во врска со овој тренд. Ако ги учат вака, ќе нема кој да ни работи на бензиска, ќе нема кој да биде келнер, пекар, скараџија, ќе нема кој да работи у магацин. Испод част ќе им биде зошто сите ќе бидат со некаква диплома (дали факултетска, дали од академија).
bolno i 100% tocno.
mislam okolu mojata generacija nekade (2009ta) pocna trendot na nad 90% od maturanti zapisuvanje na fakulteti.
otprilika togas pocnaa i disperziranite studii, univerzitet Stip i slicno.
mozda samo po sebe, bilo dobra ideja, ama efektite se katastrofalni.

jas zavrsiv masinski Skopje, nemam eden den raboteno sprema opis na profilot (konstruiranje/proektiranje hidraulicni masini),
toa sto mozev da najdam vo mkd bese nekoa relativno bliska pozicija, kade baraat masinski inzener, a koja komotno moze da ja
vrsi sekoj so strucno sredno.

ako e nekoja uteha, trendovite na vrednuvanje profesii ne se samo kaj nas, tuku se globalni.
pamtam likovi od cel svet na studii vo Lisabon, plakjaa 10000+ evra godisno na master studii za oil & gas.
nikoj nikogas nema da gi vrati tie pari, oil & gas zamina vo istorija.
megju iljadnici drugi, golem problem kaj nas e inertnosta, i na individua i na industrija kon promeni,
a toa e pogubno vo svet koj e dvizen od tehnoloski promeni.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Пазарот си го прави своето. Ако некој плаќаше за работа у магацин, луѓе ќе работеа у магацин. Меѓутоа со моменталните плати во ит секторот нормално е луѓе тоа да сакаат да го работат.
Автоматски споено мислење:

Види, тоа е реалноста што многу не ја гледаат. Тежината на факултетот или кој колку многу учел не значи дека некој по дефиниција заслужува висока плата. Платата и дали лесно некој ќе најде работа зависи единствено од понудата и побарувачката на пазарот, односно дали пазарот има потреба од твоите вештини.
Да, меѓутоа он има потреба од такви вештини, инаку не би вработувал инжинери.
Во ниеден случај не треба некој со факс да зима иста плата со почетник во областа која студирал, зашто он не е почетник туку завршил 4 години во таа област.
Али да се сложувам, понуда и побарувачка е. Затоа сеа има 30 луѓе на градежен а утре ќе има 0. Па ќе видиме што ќе праат со тој кадар.
Автоматски споено мислење:

@fennel не ми фуфка, не сум у таа струка. Ако сум бил, и ако твојата е меѓу најдобрите фирми со тие услови, ќе сменев струка. Не иде човек со глава у ѕид да иде :D
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058
Последниве години, се отворија доста нови академии и школи некакви за курсеви, кој лесно „продаваат“ ИТ пакети со бомбастични наслови за плати, вработувања, иднина итн итн итн. По медиуми се рекламираат како нивните студенти успеале у животот, па рекламираат колку е лесно да станеш програмер, маркетер, инфлуенсер лол...

Веќе умре она староно, кога се барало занает и се продавало образование. Сеа све ни е сведено на компјутерска работа. Сите сакаме од дома да седиме и да праиме кеш (и јас спаѓам тука јбг). Сите нови генерации, па и некои што не успеале во животот у нивна струка (од 30 до 40), го гледаат трендот и сите сакаат да се некакви инженери на ПЦ.

За се ова криво ни е образованието и оние што не се замараат да спроведат други насоки во врска со овој тренд. Ако ги учат вака, ќе нема кој да ни работи на бензиска, ќе нема кој да биде келнер, пекар, скараџија, ќе нема кој да работи у магацин. Испод част ќе им биде зошто сите ќе бидат со некаква диплома (дали факултетска, дали од академија).
1627298861340.png

Глобален тренд е. И зошто побогу би го спречил? Иднината е A.I.

p.s.

Со работењето од дома сум попродуктивен од било која канцелариска/теренска работа која сум ја работел. Бар во мојов случај, имам помалку пречки кои ми го одземаат фокусот.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Со работењето од дома сум попродуктивен од било која канцелариска/теренска работа која сум ја работел. Бар во мојов случај, имам помалку пречки кои ми го одземаат фокусот.
Не сакам да сменам, напротив. Сакам да се форсираат и други професии, неможе сите на компјутер да сме. Неможе сите со титули...експерт во ова, експерт во она.

Мора да се почитуваат и други занати. Физички занати како и работни позиции што секојдевно ги користиме (како тие погоре што ти набројав).

Никој веќе нејќе да работи ништо друго освен компјутерска работа. Не е тоа решение. Убаво е да подржаваш луѓе што сакаат да тераат по тој пат, ама не е убаво да форсираш само и само факултетско образование и академии. Не е тоа решение за држава како нашава. Башка што 80% од факултетите се курташак.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Првата плата ми беше точно 15.250 пред 6 години и како дипломиран економист работев исклучиво трета смена во кол центар, на автоматски дајлер што не ти дава ни 10 секунди пауза и нудев врати и прозорци во Канада каде што најдоброто нешто беше некој да не ти крене воопшто телефон за да не мора да те пцујат и да одмориш малку.

Сега земам скоро 4 пати повеќе од тоа работејќи немерливо подостојна и полесна работа во нормално време.
Не е да црнчиш секаде по секоја цена, но подобро нешто да се случува отколку да седиш дома и да те гази времето. Треба сепак да знаеш кога треба да смениш работа, да гледаш подобри прилики и да собираш искуство за да добиеш шанса да дојдеш до подобро платените работи.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Не сакам да сменам, напротив. Сакам да се форсираат и други професии, неможе сите на компјутер да сме. Неможе сите со титули...експерт во ова, експерт во она.

Мора да се почитуваат и други занати. Физички занати како и работни позиции што секојдевно ги користиме (како тие погоре што ти набројав).

Никој веќе нејќе да работи ништо друго освен компјутерска работа. Не е тоа решение. Убаво е да подржаваш луѓе што сакаат да тераат по тој пат, ама не е убаво да форсираш само и само факултетско образование и академии. Не е тоа решение за држава како нашава. Башка што 80% од факултетите се курташак.
Проблемот мислам дека не е толку до форсирање на академии колку што е екстремно слабиот филтер за време на образовниот процес.
Добро е да форсираш ИТ ако сакаш да привлечеш странски капитал во државата, ама да бидеме реални, луѓе кои имаат капацитет да работат во овој свет се помалку и од 20%.
Мене не ми се допаѓа муабетот: „секој може да биде што ќе посака“. НЕ! Може да бидеш она за кое што имаш предиспозиции, во превод за академски работи онолку колку што си интелигентен.
Ако му ја доловиш реалноста уште во средна школа (и на детето и на родителите (овие се поголем проблем, не сакаат да признаат дека имаат глупи деца)), тогаш нема секој втор да сака да биде „административец“.
Би рекол дека дури и во основно треба да е воведен филтерот и ако немаш добар успех да не може да се запишеш во подобро средно школо, а ако таму немаш успех да не можеш да отидеш ни на факултет.

Е овој проблем нема да се реши, бидејќи станува збор за многу доходовен бизнис за оние кои се во врв на образовниот и политичкиот живот, т.е: државните универзитети би имале малку студенти и недоволно финансии за своите вработени, приватните факултети би требало да се затворат во најголем дел (нивното постоење се базира на продажба на диплома), голем дел од „професорите“ ќе треба да си бараат друга работа и тн.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Па не би рекол дека треба нешто посебна интелегенција за 99 посто од работите денес. Другар од средно, беше таков дудук математика(а и се останато) што класната ги викна неговите на разговор кога слушна дека земал математика за матура и дека ќе иде на електро. Се смеевме дека нема никад да заврши. Али инает човек, запна, заврши, лупа 1 бон плата сеа. Пробај да му објасниш дека за него било боље да е столар :D
Клучно е како млад да му ја запнеш и убаво да си ги поставиш работите. На 40 сите знаат што требале да напраат, ама назад нема.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173
@Imperatorot дискутираш област за која немаш воопшто информации што навистина се случува и се случуваше.

@fennel е со еснафска и убава струка НО во погрешна држава, тука оваа професија е третирана на ниво на амал, а во голем дел од западните земји со оваа професија се во највисоките плати (во Австралија пример сениорските плати се движат од 120-200к, зависи во која гранка и држава ќе бидеш, во мајнинг за џуниор ти е 80к, а тим лидови и слично од 150-200к годишно (за споредба во ИТ само data science и евентуално апла сениори го достигнуваат овој левел)). Во превод, теренските ангажмани се повеќе платени со оглед на тоа што работиш на секакви услови, имаш огромна одговорност (проектите се во милиони/милијарди) плус во голем број случаи и одделен од семејството по неколку денови (кај remote проекти спиеш на градилиште, се враќаш дома само 2-3 дена во 2 недели).

Тука направија срање со законот за легализација и се отворија еден куп фирми (во глобала штанцачи на елаборати), па јадеа леб и со законот за приватизација и со политиката на господинот Груевски (единствен период кога живна градежен сектор во државава) и сега со политиките на шарените куртони и шиптарскaтa коалиција не успеваат да извадат ни за основни трошоци.

Еден куп од луѓето почнаа да си бараат чаре во други индустрии, а на градежен ако пред 3 години имаше 100 студенти на овој отсек, сега ќе има по 30 (и тие се премногу).

Инаку што е потрагично имаш и еден куп лиценци и овластувања кои треба да ги земеш и полагаш + да плаќаш за истите секоја година, згора на се сменија копилињата закон и само човек со 300 кредити во таа област (читај магистер) може да извади овластување (па 80% продолжуваат на мастер и арчат уште 2 години од животот и неколку илјади евра), а истовремено ги оставија постојните овластувања и на луѓе кои се со Виша.
Нема врска областа, јас само сакав да кажам или имаш услови да го платиш некого достојно, а ако не ти се исплати немаш право да го осудуваш зашто не се нафатил.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Нема врска областа, јас само сакав да кажам или имаш услови да го платиш некого достојно, а ако не ти се исплати немаш право да го осудуваш зашто не се нафатил.
Договор за работа се прави помеѓу две возрасни и полнолетни особи, што значи дека на условите се имаат согласено и двете страни, ако не се договорат секој си тера по својот пат.
Автоматски споено мислење:

Па не би рекол дека треба нешто посебна интелегенција за 99 посто од работите денес. Другар од средно, беше таков дудук математика(а и се останато) што класната ги викна неговите на разговор кога слушна дека земал математика за матура и дека ќе иде на електро. Се смеевме дека нема никад да заврши. Али инает човек, запна, заврши, лупа 1 бон плата сеа. Пробај да му објасниш дека за него било боље да е столар :D
Клучно е како млад да му ја запнеш и убаво да си ги поставиш работите. На 40 сите знаат што требале да напраат, ама назад нема.
Едно е мрза, друго е глуп.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom