„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
18 јуни 2021
Мислења
267
Поени од реакции
564
Многу генерализации и многу робовски муабети што ми дава за впечаток дека во Македонија сеуште, нажалост, под работа се подразбира горе долу амалско/гастербајтерско 'рмбање.

Се зависи од тоа колку се вреднувани твоите квалификации и твоето искуство на пазарот на трудот, пазарот ја диктира вредноста на твојата работа спрема побарувачката, да работиш за помалку од тоа колку што диктира пазарот треба да си глуп, а да седиш дома зошто сметаш дека твојата работа повеќе вреди од понуденото тогаш си или глуп или во дилузија (или двете).

Самото прашање е нонсенсично уствари, освен ако како некоја опција држите некои патолошко/паразитски стратегии како живеење на грб на родители или некои гастербајтерско-социјално-помошни џеболебарења инаку работиш горе долу за колку што вредност доприносуваш.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
За споредба во Германија за 3 месеци + данокот ќе заштедам 4500€, а во Македонија за 20к месечно идат 3900€ годишно и од нив ни пола неможеш да заштедиш ако не те гледаат мама и тато.
Не знам што си нашол за работа, ама ако вратиш 3к треба да си среќен. Имав член од семејството што беше 2 пати, плус многу од другарите, и сите донесоа чисти од 2к до 3к евра.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Ако некој реши да вложи во вештини и за тој период се посвети на тоа јас не верувам дека е тоа за џабе. Пред да почнам да се бавам со тоа што се бавам сега, работев во поголема фирма во угостителски сектор. Имав милион задолженија кои варираа од набавка на залихи за оброци на вработените првин кои беа прилично голема бројка (а на фирмата примарна дејност не и беше угостителство), па книжење на секој оброк на локација на која на работникот му бил доделен и се тоа за доручек, ручек, вечера. Плус објектот за кој бев задолжен постојано имаше дефекти и со тоа секој ден ебавање, па организирање веселби, прослави и свадби, па со странки и инспекции од грујово време среќавање секој ден. Мислам дека буквално не си одев дома, можеа да ми наместат кревет таму да спијам. Плата ми беше 18.000 :icon_lol: и ако мораше да одам на викенди на работа за прослави/свадби + 1200 ми даваа. И пошто немавме и луѓе односно беа ангажирани и за други работи, ја учествував и во местење на маси, па и на шанк стоев. Иако беше динамична и забавна работа мислам дека една од најпаметните работи беше што напуштив таму и решив да се посветам на ова што го правам сега, па и паузирав со работа од 1.5 до 2 години. Претходно, некој може ќе мисли дека сум брил мрзлив, али не можев да најдам работа, мислам имав пратено 200 сивиња и тоа за ептен ниски позиции, а имав завршено факултет и стигав само до пракса или ќе ме викнеа на интервју и толку. Една од најглупите работи што ги имав направено е запишувањето на факултететот што го упишав. Да ме земеше некој мајстор за коли калфа тие години ехеее.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Не знам што си нашол за работа, ама ако вратиш 3к треба да си среќен. Имав член од семејството што беше 2 пати, плус многу од другарите, и сите донесоа чисти од 2к до 3к евра.
McDonalds

Еве ти чиста пресметка

Прв Месец
166 сати*10.33 сатница=1714 евра
250 евра смештај
150 евра јадење
200 данок(ова го враќаш другата година)
1114 евра чисти
Втор и трет месец имам минимум 170 сати сигурно

170*10.33=1756
600 евра ти земаат исто
1156 евра+1156 третиот месец=2300+1114 прв месец=3462

На крајот имаш 5 дена платен одмор надоместок

87€*5 дена=435 евра

3462+435=3900+500 евра данок кој го враќаш после крајот на оваа година=4397€
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
McDonalds

Еве ти чиста пресметка

Прв Месец
166 сати*10.33 сатница=1714 евра
250 евра смештај
150 евра јадење
200 данок(ова го враќаш другата година)
1114 евра чисти
Втор и трет месец имам минимум 170 сати сигурно

170*10.33=1756
600 евра ти земаат исто
1156 евра+1156 третиот месец=2300+1114 прв месец=3462

На крајот имаш 5 дена платен одмор надоместок

87€*5 дена=435 евра

3462+435=3900+500 евра данок кој го враќаш после крајот на оваа година=4397€
Ефтин смештај си нашол, во Франкфурт им беше 390 по човек, плаќаа по 100тина евра за месечна карта и ретко кој месец имаа над 160 часа.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Ефтин смештај си нашол, во Франкфурт им беше 390 по човек, плаќаа по 100тина евра за месечна карта и ретко кој месец имаа над 160 часа.
Во мал град сум ептен и одам со точак на работа, а и за јадење овој месец ни 50 евра неам потрошено. Имам 166 сати и тоа од 8ми јули почнав да работам.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.546
Ефтин смештај си нашол, во Франкфурт им беше 390 по човек, плаќаа по 100тина евра за месечна карта и ретко кој месец имаа над 160 часа.
350е не е скап смештај, а за картата мислам дека се плаќа од фирмата, барем така било каде што сум бил јас. На овие места се е до штедењето, ја знам и луѓе што се вратиле и без пари затоа што ги лаже парата, е као што кажа Дел Бој погоре со плата од некој 2к веќе си топ, само пак треба да се има контрола како што пишав на почетокот на темата, заеби го системот а не да имаш некои 45-50 години и да зависиш од тоа уште да одиш на работа и да не смееш месец дена да си без работа, слободата е најбитна. Штедењето во младоста ќе те направи слободен човек во годините кога ќе си веќе изеден од системот, дури и да не успееш барем си пробал. Не целам кон тоа дека ако не направиш нешто приватно и си над останатите или пак тоа е некој престиж. Жив пример ми е тато, човекот 20 години беше сам свој газда, работеше многу потешка работа, се мачеше многу повеќе но беше многу посреќен од денес кога веќе неколку години работи по приватни фабрики иако не е ни на ладно, работи по 8 часа итн. Не може да се спореди со мозокот на останатата работничка класа, ваљда и за тоа смени 10+ работни места за 7 години.

Секој кој оди во странство, поточно секој работник, нека го има на мисла ова, искористете шанса и штедете ги парите за во иднина, не дозволувајте системот да ве искористи вас.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.602
Поени од реакции
5.108
Хахаха, озбилно споредуваш Русија и мкд за енергетски ресурси?
Човек, увезуваме струја, лани рипна цената на берза затоа ја поскапеа и тука (+ процент за лоповите, Рек, Мепсо, Есм се гнездо за пукање на партиски кадри и рамковни шипtари).
Ако отидат платите нагоре, ќе отидат и услугите, така и ги дигна iq33, дигна вештачки минимална плата и се отиде нагоре (цени во кафичи, маркети и тн).
Во таа Белгија што ја спомнуваш киријата ти е од 1000 евра-1500 евра за стан кој што кај нас се издава 200-250 евра. Еден бербер што тука е 2.5 евра таму е 30 евра.
Платите и стандардот тука може да се дигнат само и само ако влезе странски капитал, да се намали администрација и џаболебари, да се намали лоповлук.
Не ми го сфати изглеа постот. Викам имаме источно европски стандард а ЕУ цени на се. Почнувајќи од основните ете енергетски ресурси па се до како што пишав "марки" на храна, пијалаци, облека, патики, и сл.
Затоа сме многу посиромашни и од источно европските земји кои служат за потсмев на западот (ЕУ и САД). А ние сме побетер и од нив.
Е сеа ако не ви чини што зајко или грујо или кој и да бил што ги качил "вештачки" платите ко што викаш ти, тоа е веќе др проблем :D
Дај боже еден паметен од политичариве да испадне и минималец 500€ да напраи, бар нешто ќар за обичниот работник и граѓанин од државава да види.
А за киријата што инсистираш, пресметај и тука колку ти е 200-250€ за стан на 300-350€ плата...
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Не ми го сфати изглеа постот. Викам имаме источно европски стандард а ЕУ цени на се. Почнувајќи од основните ете енергетски ресурси па се до како што пишав "марки" на храна, пијалаци, облека, патики, и сл.
Затоа сме многу посиромашни и од источно европските земји кои служат за потсмев на западот (ЕУ и САД). А ние сме побетер и од нив.
Е сеа ако не ви чини што зајко или грујо или кој и да бил што ги качил "вештачки" платите ко што викаш ти, тоа е веќе др проблем :D
Дај боже еден паметен од политичариве да испадне и минималец 500€ да напраи, бар нешто ќар за обичниот работник и граѓанин од државава да види.
А за киријата што инсистираш, пресметај и тука колку ти е 200-250€ за стан на 300-350€ плата...
Во мојто село викаме "циган со бел газ", е такви сме тука.
Се согласуваме дека платите се мали, али може да ги зголемиш само и само со тоа што ти пишав погоре. Може да направат и 1000 евра минимална, ама ќе имаш хиперинфлација на се и исто ќе ти вредат колку 300 сега.
350е не е скап смештај, а за картата мислам дека се плаќа од фирмата, барем така било каде што сум бил јас. На овие места се е до штедењето, ја знам и луѓе што се вратиле и без пари затоа што ги лаже парата, е као што кажа Дел Бој погоре со плата од некој 2к веќе си топ, само пак треба да се има контрола како што пишав на почетокот на темата, заеби го системот а не да имаш некои 45-50 години и да зависиш од тоа уште да одиш на работа и да не смееш месец дена да си без работа, слободата е најбитна. Штедењето во младоста ќе те направи слободен човек во годините кога ќе си веќе изеден од системот, дури и да не успееш барем си пробал. Не целам кон тоа дека ако не направиш нешто приватно и си над останатите или пак тоа е некој престиж. Жив пример ми е тато, човекот 20 години беше сам свој газда, работеше многу потешка работа, се мачеше многу повеќе но беше многу посреќен од денес кога веќе неколку години работи по приватни фабрики иако не е ни на ладно, работи по 8 часа итн. Не може да се спореди со мозокот на останатата работничка класа, ваљда и за тоа смени 10+ работни места за 7 години.

Секој кој оди во странство, поточно секој работник, нека го има на мисла ова, искористете шанса и штедете ги парите за во иднина, не дозволувајте системот да ве искористи вас.
Не им плаќаше фирмата (бургер кинг и мекдоналдс).
Во врска со остатокот, повозрасните генерации на овие простори се научени да штедат, ретко имаш купи ден помини. Помалите тешко, дури и овие околу 30, пробуваат да го живеат америчкиот конзумеризам и си тоа страдаат нивните, или ќе спичкаат се што ќе фатат во рака. Шетање, коли, брендирана облека и сл. не се тераат ни со плати од по 500 евра, ама стариве се кабает што трпат и му даваат.
 
D

dobramuzika

Гостин
јас работам за 300 евра од понеделник до петок, кога почнав зимав 150 евра, буквално, минатиот месец за грешка која не ја направив јас, ме казнија 1600 денари, во меѓувреме дадов сиви на друго место и ме викнаа на интервју, за брзо ќе почнам да работам таму и ќе зимам помеѓу 350 и 400 евра плата, зависи, а и да си напоменам дека ми понудија работа од дома, која е платена 450 до 500 евра, но, одиме полека нагоре, некоја година тука ќе си се пробам па што биде нека биде.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
Оваа математика е без ниедно искачање, без ниедно јадење надвор од маркет, без ниедна автобуска карта за шетање до некој друг град. Идеална е математиката, ама кога зборите за заштеди, не ги ставајте во заблуда луѓето, ќе се излажат дека се прават брдо пари у германија со мекдоналдс. Просекот на заштедени пари за три месеци (од 30 души што сум прашал) е околу 2400-2700 евра. Со 4500 евра можеш да се вратиш, ако живееш и помизерно од најсиромашниот во МК. Секоја чест на жртвата, но ова не е реалната слика :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.298
Поени од реакции
7.257
Ова е тема од доста субјективна природа.
Сеа некој ќе рече „па како тоа?„ „како можи седењето дома на грбот на родителите да е подобра опција„.

Од моето лично работно искуство низ последните 5-6 години сфатив дека понекогаш е подобро да се цениш малку повеќе и да не дозволиш некои аналфабети и дегенерици постепено да ти рушат дигнитет за мизерни пари.
Сметам дека човек кој е свесен за своите способности понекогаш треба да размисли малку подобро дали треба да се спушти толку долу.

Не ми е намерата да етикетирам и омаловажувам одредени групи на луѓе или професии, но сакам да направам еден поглед кон животот на малку подолг рок. Доколку почнеш како минималец големи се шансите да стекнеш некоја комфор зона со малку одговорности креирана од самото опкружување и да завлечеш малку повеќе на тоа место. Или па да најдеш повторно нова иста таква доколку не ти се бендиса првото работно место. Ќе си речеш „па секако решив да работам за минималец, дај да најдам брзо нова иста таква работа„ но годините поминуваат.

Работев со тешки неписмењаци, луѓе оперирани од многу вредности и доста често се ставав во ситуација темелно да си ја преиспитам одлуката која ја донесов.
А ја донесов од истите причини како што беше наведено погоре - „ај да не фураме паразитски живот„

Затоа и реков субјективна тема, секој си ја знае ситуацијата и знае што треба и што мора да прави.
Но познавам многу примери на луѓе кои после завршено образование го држат ставот да не бараат било каква работа и да си ја чекаат шансата, и за случајност или не - на поголемиот дел од примерите кои ги познавам се испостави дека им беше исправна одлуката. А многу квалификувани кои почнале од долу сѐ уште нураат таму долу.
Велиш многумина што ги познаваш си ја чекале шансата и така си сидиле пу цил ден у стугиоут цинт'р на скупје и оп некој работодател им понудил менаџерска позиција пошто вештината седење и чекање ја испраксале до највисоко ниво.

Добра поента!
Автоматски споено мислење:

Баш така.
Еден период викав да има еден колективен "спартански" договор, никој, ниеден поединец у државава да не прифати плата испод 20.000 Мкд, тоа беше пред некои 10 години кога инфлацијата и следствено цените за живот беа послаби од денес за скоро 40/50%, што значи денес никој да не би прифатил никаква плата во ниеден случај испод 30.000 Мкд.
Ама, има паметњаковци што рушат цена и за 150 евра сака да црнчат ради некое си искуство ( да јакото искуство да си продавач у КАМ или шивачка у незнам ти кај).
Плус некој ќе се истакне, па мора да јадам да прехранувам Х. Па да бе брат иди у село од кај што си дошол, и чувај добиток, сади зеленчуци, ќе се живееш уште пораат сам за себе никој да не те дупи за мизерна плата, и позадраво од колку живот со стрес у Град кај што со таа плата ќе плачеш само и ќе крпиш едвај крај со крај.
Али тоа ти е, проста раја... у запад, кај што нашиве се надгледуваат стално, протестираат сите работници за минималец саатница од 12€ место 11,50€. Ама тука било, дај шта даш. Епа еве ви, терајте у мизерија.
Демек ако не се нафаќа никој да работи во КАМ за тие пари, работодателот ќе мора да ја качи платата на 30 000 денари според тебе?

Абе кај се ова луѓево мрзливи се гледа дека се и прости и после друг им е виновен за срањата во кои тонат!

На запад и позицијата "продавач" се укинува и веќе има во повеќето маркети можност сам да си ги скенираш продуктите и да си платиш.

Мораш да се квалификуваш за да работиш нешто. Ако е за позиција продавач, таксист итн. Тие ќе исчезнат за 30 години.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.344
Во мал град сум ептен и одам со точак на работа, а и за јадење овој месец ни 50 евра неам потрошено. Имам 166 сати и тоа од 8ми јули почнав да работам.
За јадење 50 евра месечно? Дури и Мекдоналс да ти дава еден оброк дневно, пак е ова премалку за храна. Алал вера како успеваш, мене 150 ми е минимумот дури и 200 некојпат.

За саати летно време не е ич проблем Мекдоналдс. Сталните работници им се по одмори, обемот на работата е премногу голем сеа кога се е отворено, така да можеш и 200+ да правиш месечно без проблем.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.042
Поени од реакции
6.651
Оваа математика е без ниедно искачање, без ниедно јадење надвор од маркет, без ниедна автобуска карта за шетање до некој друг град. Идеална е математиката, ама кога зборите за заштеди, не ги ставајте во заблуда луѓето, ќе се излажат дека се прават брдо пари у германија со мекдоналдс. Просекот на заштедени пари за три месеци (од 30 души што сум прашал) е околу 2400-2700 евра. Со 4500 евра можеш да се вратиш, ако живееш и помизерно од најсиромашниот во МК. Секоја чест на жртвата, но ова не е реалната слика :)
ако видиш дека тоа е минималец во германија, а во севернаја со минималец си секој месец во минус, а домувањето, сметките и ред други работи ти се платени од домашните - 2700 евра се брдо пара за три месеци или над 10 000 евра годишно
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Оваа математика е без ниедно искачање, без ниедно јадење надвор од маркет, без ниедна автобуска карта за шетање до некој друг град. Идеална е математиката, ама кога зборите за заштеди, не ги ставајте во заблуда луѓето, ќе се излажат дека се прават брдо пари у германија со мекдоналдс. Просекот на заштедени пари за три месеци (од 30 души што сум прашал) е околу 2400-2700 евра. Со 4500 евра можеш да се вратиш, ако живееш и помизерно од најсиромашниот во МК. Секоја чест на жртвата, но ова не е реалната слика :)
Јас сум последен за тоа да би живеел мизерно за да вратам пари. Едноставно цимерите се 3та смена и секогаш носат еден куп за јадење од тоа што ќе остане во кујната, ионака само пици јадам и нема шанса да се оставам да штедам, а да најадам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom