„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

„Џабе работи-џабе не седи“ vs „Не излегувам од дома за ХХХХ денари“

  • Џабе работи-џабе не седи

    Гласови: 57 57,6%
  • Не излегувам од дома за ХХХХ денари

    Гласови: 41 41,4%
  • Немам мислење

    Гласови: 10 10,1%

  • Вкупно гласачи
    99
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
Здраво дечки,
Long time listener, first time caller сум на форумов, ама небитно, ме интересира вашето мислење на оваа тема, горенаведените се доста доминатни различни мислења кај младите и старите, но ме интересира вашето мислење.
Дали да се романтизира работење за мали пари и собирање искуство, или истото да се прескокне и да се чека шанса (ако има таква) да се иде директно на повисоки пари, па макар и се седело без работа со години.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
238
Поени од реакции
538
Освен ако немаш во план врски, фамилија итн... зошто некој би ти дал повисоки пари ако немаш никакви вештини? И што се за тебе повисоки пари?
Да, добра поента, не ставив пари, да речеме, ако се водиме дека просечна плата е 350-400 еур, се над да го водиме повисоки пари.
А вештини, нели, не збориме за некои ретки вештини, туку, дали секој заслужува еднакво и/или повеќе од тоа што наведов како сума, или штом нема никакво искуство, и, според тоа, вештини, дали 150 еур е ок.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968

Минимална плата ко што знам е 15.000. Така што ако освен не треба да враќаш пари назад, не верувам дека 150 евра е ок освен ако не мислиш за пракси или такво нешто. Така што ако немаш искуство и ретки вештини :), не гледам кој е проблемот да почнеш со тоа што си го навел, пошто во таква ситуација ќе имаш проблеми да најдеш работа, а не да пребираш по плата.
 
15K? Не знаев дека е толку, не знам зашто, ми се вртеше 9K во глава, моја грешка толку сум информиран. Но, на страна тоа, идеалистички гледано, треба ли да се прифаќа (македонска) минималната плата без оглед на вештини, нели така реално се намалува вредноста на работната рака, да се водиме од колективна свест, човек не треба да работи само за гол опстанок и да се богати некојси газда, треба и тој што работи да има некој вистински профит за да може да го проживее животот, а не само да слугува и да си цитира: Денови ли се денови...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.793
Поени од реакции
17.153
Ти можеш да не излегуваш од дома ама сметките нема сами да се платат, мнозиството луѓе би убиле за денар повеќе плата. Капитализмот си го направил своето и нема веќе назад. Ти ја сфаќам поената ама нема тука некој одговор, немаш опции освен да работиш и да живееш по правилата на системот, фората е во тоа да го заебеш во прва можност наместо да го храниш. Најбитна од се е свеста, можеш да рмбаш и по 12 саати но многу е битно во умот да се разликуваш од тие околу тебе кои се влезени во бубањот.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Во многу случаи тазе завршените дури треба да платат за опитот! Какви кадри излегуваат од сегашново школство, вин вин ситуација е старт со минималец, па ако вредиш само ќе си дојде. Кој мисли поинаку нека проба на запад, таму без опит нема шанси, па види сега. Може отстојан така некому ќе му падне жал па ќе ви го плати времето на чекање.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.409
Поени од реакции
62.005
Jaс сум многу благодарен што работев година дена за 9.000 денари плата на 19 години. Прво работно искуство ми беше тоа. Кога почнав да заработувам подобро, секогаш знаев колку тешко се прават пари, и едноставно, научив да ги ценам парите.

Секогаш сум за да се работи, дур се бара нешто повеќе платено. Стекнуваш круг на луѓе, ти доаѓаат информации, и ако си малку паметен, ке идеш многу повисоко, многу брзо. Денес во Македонија тешко се наоѓа квалитетен кадар.
 
Последно уредено:
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Бем ви робовите, одете црнчете само за леб и вода. Заради вакви мазохисти не не бива.
Што има да одите да работите, седете си дома ќе ви расте рејтингот!
После добро отседени 10 години плата како министер у старт.
Абе ако не влезеш во вода чур ќе научиш да пливаш! Уште помалку шанси некој да те плати како нуркач.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Да за нуркач, ама ако црнчиш негде за четирицифрена сума, а не добиваш никакви вештини, подобро е да се обесиш, зашто кај си бескорисен, дури им штетиш и на другите. Подобро оди бери чај во планина него да робуваш кај некоја гнида. Ама добро дур ве има вакви овци ќе ве експлатираат и ќе се тешите со прикаски „ама бар редовно ми плаќа“/„има за лепче“.
 
И тоа е работа. Создај си ја сам храната и домот, ако тебе не ти пречи, не верувам на друг да му пречи. Ја им се восхитувам на такви луѓе.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
И тоа е работа. Создај си ја сам храната и домот, ако тебе не ти пречи, не верувам на друг да му пречи. Ја им се восхитувам на такви луѓе.
Тоа зборам, да дојде до таму подобро сам би се снаоѓал одколку да рмбам кај некој „бизнисмен“ за ситни пари и он да се богати на мој грб.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Денес ако те бива и од дома на интернет може да заработиш солидна сума, какви газди, какви бакрачи...а тоа да работиш кај некој за 9к месечно незнам тоа во времето на груевци го имаше, сега никој нормален не ти станува од кревет за таа сума, а па не да ти работи осум саати.

Разбирам да учиш занает или нешто слично, т.е. имаш и плус некоја вредност од платата која ќе ти се најде понатаму во живот ама да мешаш малтер или копаш канали за 9 к треба да си удрен стварно или стварно да не те бива за ништо друго вклучувајќи и тоа да научиш јазик и да ја летнеш од дупкава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom