Staufer
Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.194
- Поени од реакции
- 21.344
Полекате другари, не ве враќам во мкд ниту имам намера, да можам ќе ги отселам и тие што се тука
Го спомнав погоре овој муабет, т.е сигурноста од страна на самата држава, ако ти се малку те надополнува за да имаш да преживееш.
Во ваквите општества мене не ми се допаѓа само прогресивниот данок (но ако го нема него нема ни социјалка за тие што земаат помалку). Инаку сметам дека е ектремно некоректно ако јас заработувам повеќе да давам повеќе на државата. Фактички те казнува државата и барем во мои очи е максимално демотивирачки.
Види, тоа зависи од перспективата и политичко уредување. Германија е социјална држава, не колку скандинавските да е близу социјализам, ама сепак далеку на таа страна. Никој во општеството не смее да остане без леб и кров над гла и социјална заштита, освен ако сака. Тоа кошта. Пари. Големи пари. Како да се финансира? Епа тој што има поќе, поќе дава. Сепак има граници. 42% е макс данокот колку и да земаш, за здравство има граници значи дали 100.000 дали 10.000.000 плата, исто плаќаат. Порано Германија многу повеќе оданочуваше богати него сега со аргумент, да не ги кријат парите во други држави. Горе доле функционира. И мене ми се плаче ко ќе видам колку суми ми одбиваат. Од друга страна во брак и со деца има разни олеснувања и ок е. Е сега ако си сам без партнер/ка и деца па и пола од големата плата да ди земат нема да ти фали ништо. Оти да те субвенционираат? Од друга страна сосема ок е помалце данок да плаќа тој што помалце заработува. Не смее да падне под минималец и до некаде се одржува социјален мир. Оти нели, Германија е екстремно безбедна земја за богатите. Нема социјални немири. Нема квартови за богати кои се чувани со обезбедување оти нема потреба за тоа.