‘‘Зајди, зајди‘‘ украден како sound track во ‘‘300‘‘!?

Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Плагијат!!!

Сношти го гледав филмот 300 кој и покрај многуте коментари дека е подобар од Гладијатор, Braveheart.... и слични историски филмови, не ми остави некој посебен впечаток
...
Можеби само од визуелен план...

Soundtrack-от на филмот е КЛАСИЧЕН ПЛАГИЈАТ на македонска песна: Зајди јасно сонце! Ок, мислев дека ќе имаат напишано нешто повеќе за тоа дека песната е преработка.... но никаде НЕМА. Сфатив дека Tyler Bates направил само плагијат...

Погледнете сами
Tyler Bates - Message for the Queen
[media]http://www.youtube.com/watch?v=8EEhwKdLmuc[/media]
Zajdi zajdi jasno Sonce
[media]http://www.youtube.com/watch?v=jqMWYahVEc8[/media]
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
па, изгледа се тие некои луѓе, кои мислат дека ние овде нафта пиеме, па си велат: "ај ќе ја ставиме оваа песна, многу ќе дознае некој", па така прават и нашиве, само не за филмови, туку за песни, земаат од некои шпански, или што знам ти ја некој нечуени песни за нас, и ги обработуваат, како што прават и бугарите. Но, сепак ова би требало да се смени. :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Сега ќе речат Грците со оглед на тоа дека е грчка тематика филмот дека е тоа нивна песна а не наша.Треба да се тужат и да им се земе голема пара на тие што го правеле филмот.
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
The Mummy Returns напиша:
Сега ќе речат Грците со оглед на тоа дека е грчка тематика филмот дека е тоа нивна песна а не наша.Треба да се тужат и да им се земе голема пара на тие што го правеле филмот.
да, ама кој ќе ги тужи, нашиве ?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
За Tyler Bates читав критики за овој албум... и сите... се со зборовите: Тој е плагијатор, кој не знае ништо и не вреди... значи не е само Зајди зајди, единствен пример....
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Потполно и иста песната. Треба да следува тужба и дебело наплатување за плагијатот. Ама кој да го направи тоа.....
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Зајди зајди јасно сонце, авторска е или народна? Не прашвам дали некој ја имат ко своја земено, туку дали имат специфичен автор?
 

pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Гледај сеа некој што ја препеал може да се напише како аранжер, но како автор или композитор нема ништо. Но, да речеме Тоше Проевски може да го тужи тој крадецот пошто Тоше ја има песната на Божилак ви текнуе? Може дебела пара да земе на тоа.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Вака сеа: Шом немат автор песната, немат кој да тужит. кажете ево кој ќе тужит: државата, баба Трајанка, дедо Стојан... кој? Немат таков шо мојт со аргументи да речит: ево моја е песнава, да ми платите пошо ја украдовте... Значи нема правно да одговарат тој шо ја употребил песнава; всушност, мојт слободно да искористит уште народни песни (под народни мислам без автор)

тоа што рече pcjodamaster за Тоше и Божилак: не можит Тоше да тужит, не е негова песната, само е во негова изведба. Ако ти испејш една песна и ја ставиш на носач на звук, не значи дека е твоја.
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
За тужба не знам, ама може да му се поништи и тој мал кредибилитет што го има така да треба да се кажуваат овие работи и да се врши притисок.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Џабе притисок - ако побара документ да потврдите дека песната е ваша - шо праиме тоаш? Реакцијата ќе биде, ако тебе не ти е наштетено или некое твое право прекршено - немаш основица за тужба.
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Fantom_oh напиша:
Зајди зајди јасно сонце, авторска е или народна? Не прашвам дали некој ја имат ко своја земено, туку дали имат специфичен автор?
мислам дека е народна, испеана од народот, но ја имаат препеано некој наши, па како авторска ја смеаат, му го заборавив името на еден кој прв пат ја испеа, и мислам супер беше, ама пред многу години. :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Зајди, зајди јасно сонце,
Зајди помрачи се,
И ти јасна ле, месечино,
Бегај удави се.
Црнеј горо, црнеј сестро,
Двајца да црнејме,
Ти за твојте лисја ле, горо,
Јас за мојта младост.
Твојте лисја, горо сестро,
Пак ќе ти се вратат,
Мојта младост горо ле, сестро,
Нема да се врати.

Александар Сариевски.... Единствениот.... почина 2002 година
 
S

Sagan

Гостин
Не знам дали сте го гледале филмот ‘‘300‘‘, но ако не сте го сториле тоа, немојте да чекате! Мора да ја чуете дрскоста на филмскиот композитор, кој целосно ја украл нашата антологиска ‘‘Зајди зајди‘‘ и така, без никакви промени, ја залепил за филмот. Читам сега по интернетов, се правеле вештачења за да се утврди дали навистина песната е таа. Мене навистина тоа ми е сосема непотребно. Уште кога ги слушнав првите пет-шест ноти, а испровоциран од еден другар дека филмот бил ептен лудило (во позитивна смисла), констатирав: Се добро, ама не им требало да карадат наша песна- тој рече: Па не е наша. Но откако ги слушна наредните ноти, комотно, како во придружба на Милан Зафков, си запеа:...Зајди, зајди, јааснооо сонцеее....!!! и само рече: Ееееејјјј, стварно бе човек....

Мене не ми пречи ништо, всушност, во наша корист е како саундтрак на ваков филм да иде македонска народна песна, но не ми е јасно, дали некој добил дозвола за тоа, дали требало да бара и од кого???

И зошто некоја лигла од Иран да се обидува да го имитира Александар Сариевски, и тоа на грчки? Сега сигурно се превртува во гробот. И има зошто.

Затоа светот мора да дознае која е генетиката на тие прекрасни звуци кои некој се дрзнал да ги краде од Македонскиот народ.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Има ваква тема мислам дека е у музика со приложен клип. Инначе да вистинска срамота за ваквата работа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom