различни богови во стариот и новиот завет

Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Во стариот завет Бог многу наликува на оној во Куранот а во новиот завет е комплетно различен. Во стариот завет Бог е жесток казнувач, истребувач на цели народи, одмаздувач, заканувач, повикува на каменување до смрт, изгорување до смрт, освета и др. додека во новиот завет тој се отелотворил во човек и луѓето го клоцале, тепале, распнале и умрел од крварење до смрт за да ги откупел нашите гревови, значи бил жртвено јагне.

стариот и новиот завен се контрадикторни меѓу себе и новиот 100% се обидува да го дерогира стариот завет, поради што христијаните се срамат од стариот завет и не го спомнуваат многу бидејќи тој го доведова во прашање новиот!

Е сега како и во Исламот така и во стариот завет погледнете дали Бог може да биде жртвено јагне кое ние ќе го тепаме, малтретираме, мачиме, убиеме и тој ќе умрел за нас.

ИЗЛЕЗ - ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 12



12 Имено во таа ноќ Јас ќе тргнам низ Египетската Земја и ќе ги погубам сите првороденци во Египетската Земја, и на човекот и на животното. Јас, Господ, ќе ги казнам и сите египетски божества. (ГОСПОД УБИВА И КАЗНУВА!!!)
Глава 17

Еве што му рекол Бог на Мојсеј откако израелците ги победиле во војна амаликанците:
13 И Исус ги совлада, со острицата на мечот, Амалика и неговиот народ.
[FONT=&quot]14 Тогаш Господ му рече на Мојсеја: „Запиши го ова во книгата за спомен, и врежи во Исусовите уши дека Јас ќе го избришам сосем споменот на Амаликците под небото!”[/FONT]
[FONT=&quot]16 Зашто рече: „Господовото знаме во раката! Господ ќе војува против Амаликците од поколение до поколение![/FONT]

Глава 21

12 „Кој ќе удри човек па го усмрти, нека биде казнет со смрт
14 Кој намерно ќе се нафрли врз својот ближен и го убие подмолно, одвлечи го и од мојот жртвеник, за да биде погубен.
15 Кој ќе ги удри својот татко или својата мајка, нека биде казнет со смрт.
16 Кој ќе грабне човек - било за да го продаде, било за да го задржи во своја власт - нека биде казнет со смрт.
17 Кој ќе ги проколне татка си или мајка си нека биде погубен.”
[FONT=&quot]20 Ако некој го удри со стап својот роб или својата робинка па умре под неговата рака, треба да ја поднесе одмаздата[/FONT]

Глава 22

[FONT=&quot]18Не дозволувај да живее вражалка![/FONT]
19 Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт.
[FONT=&quot]20 Кој ќе принесе жртва на кој и да е идол - освен на [/FONT][FONT=&quot]единствениот Бог[/FONT][FONT=&quot] (НЕМА МНОЖИНА – ИСТО КАКО НИЕ МУСЛИМАНИТЕ)[/FONT][FONT=&quot] - нека биде предаден на проклетството, целосно уништен

[/FONT] Глава 30

37 А темјанот што ќе го направиш според овој состав, не смеете да го правите за своја употреба. Тоа нека ти биде светина за Господа!
38 Кој ќе си направи нешто такво за да му мириса, нека биде истребен од својот народ.”

Глава 32

МОЈСЕЈ ПО НАРЕДБА НА БОГ НАРЕДУВА УБИВАЊЕ НА 3000 ЕВРЕИ КОИ СЕ ОТКАЖУВАЛЕ ОД БОГ!!!


25 Кога Мојсеј виде дека народот стана разуздан - па Арон ги пушти да паднат во идолопоклонство меѓу своите непријатели -
26 застана при вратата на логорот и извика: „Кој е за Господа, при мене!” Сите Левиеви синови се собраа околу него.
27 Тој им рече: „Господ, Бог на Израел, зборува вака: ‘Нека секој го припаше мечот до бедрото и нека тргне низ логорот од врата до врата, па некој нека го убие брата си, некој својот пријател, некој својот сосед.’” (ГОСПОД НАРЕДУВА УБИВАЊЕ!!!)
28 Левиевите синови го извршија Мојсеевиот налог, и во тој ден паднаа околу три илјади луѓе од народот.
29Денес му се посветивте на служба на Господа - рече Мојсеј - некој по цена на својот син, некој по цена на својот брат, така што денес ви дава благослов.

--- надополнето ---

Глава 33


2 Ќе испратам ангел пред тебе; ќе ги истерам Ханаанците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците. (ГОСПОД ЗБОРУВА ЗА ИСТЕРУВАЊЕ!!!)
ЛЕВИТ - ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 5



17 „Ако некој и не знаејќи згреши и стори нешто што Господ забранил, виновен е, и нека ги носи последиците од својата кривица. (ВИНОВЕН И ЗА НЕЗНАЕЊЕ!!!)

Глава 20



2 „Кажи им на Израелците: ‘Кој - Израелец или странец - ќе му го отстапи своето чедо на Молоха треба да биде погубен; народот на земјата нека го каменува (СО КАМЕНУВАЊЕ!!!)
5 Јас ќе им се спротивставам на човекот и на неговото семејство; ќе ги истребам од нивниот народ, него и сите кои, после него, ќе тргнат по Молоха да му се подаваат на блуд со Молоха.’
6 ‘Ако некој им се обрати на повикувачи на духови и на вражалци, за да оди блудно по нив, Јас ќе се свртам против таквиот човек и ќе го истребам од неговиот народ.


БОГ ПОВИКУВА НА ОСВЕТА!!!
7 Осветувајте се за да бидете свети, зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.
8 Пазете ги Моите закони и исполнувајте ги, зашто Јас Господ ве осветувам вас.
9 Кој ќе го проколне татка си или мајка си, нека биде погубен. Зашто ги проколна татка си и мајка си, неговата крв нека падне на него.’
10 ‘Човек кој ќе прељубодејствува со мажена жена; кој ќе изврши прељуба со жената на својот ближен, нека биде казнет со смрт; и прељубникот и прељубницата.
11 Човек кој ќе легне со жената на татка си - би ја открил голотата на својот татко - обата нека бидат казнети со смрт, нивната крв нека падне на нив.
12 Ако некој легне со својата снаа, двата нека бидат казнети со смрт. Направија родосквернавење, и нивната крв нека падне на нив.
13 Ако маж легне со маж, како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело; нека и бидат предадени на смртта, тоа е крајна гнасотија.
[FONT=&quot]14 Ако некој се ожени со ќерката и мајка и - тоа е крајна расипаност: нека бидат изгорени и тој и тие, за да нема беззаконие меѓу вас. - СМРТ СО ИЗГОРУВАЊЕ!!!
[/FONT] 15 Човек кој би општел полово со животно нека биде погубен, убијте го и животното.
16 Ако жена отиде при какво и да е животно, за да општи полово со него; убијте ги жената и животното; нека бидат погубени, нивната крв нека падне на нив.’
17 ‘Ако некој се ожени со својата сестра, со ќерката на татка си или со ќерката на мајка си, па ја видел нејзината голота, а таа ја видела неговата - тоа е срамно дело! - нека бидат истребени пред очите на нивниот народ. Тој ја открил голотата на својата сестра - нека го понесе своето беззаконие.
18 Ако некој легне со жена во време на нејзиниот месечен ред и ја открил нејзината голота, го разголил изворот на нејзината крв и таа сама го открила течењето на својата крв; обата нека бидат истребени од својот народ.
НАЈВЕРОЈАТНО СТАНУВА ЗБОР ЗА КАСТРАЦИЈА!!!
20 Кој ќе легне со својата стрина, би ја открил голотата на стрина си. Нека ги сносат последиците на својот грев: нека умрат без пород.
21 Ако некој би се оженил со жената на брата си - би ја открил голотата на брата си; тоа е нечисто: нека останат бездетни.

27 ‘Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив.’”

Глава 21


9 Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.’- СО ИЗГОРУВАЊЕ!!!

Глава 22

3 Кажи им: ‘Ако некогаш некој од вашите поколенија пристапи, во состојба на нечистота, кон светите приноси, што Израелците Му ги посветуваат на Господа, тој ќе биде истребен од пред Моето лице. Јас Сум Господ.

Глава 23

29 А секоја душа, која не ќе се смири во тој ден, ќе биде истребена од својот народ.
30 А кој би работел некаква работа во тој ден, Јас ќе го истребам него од неговиот народ.
Ако тоа дека Бог ги повикува луѓето да бидат свети (да се осветат) тебе ти личи на тоа да се одмаздат, тогаш ти си ја утнал темата комплет брат. Бог е Еден и Единствен, Беспочетен, нема друг Бог. Амин !
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
45
Поени од реакции
8
Ох, фала ти Осама шо се грижиш за духовниот живот на Христијаните.
Што да кажеме за духовниот живот на самоубијците?
Оние кои прават самоубиство во име на Бог????
Оние кои правејќи самоубиство во име на Бог, убиваат еден куп недолжни, притоа????
А за духовниот живот на оние кои овој чист сатанизам го величаат и ваквите самоубијци ги сметаат за маченици???

Што за духовниот живот на овие жални ликови?

--- надополнето ---


Ти можеш да си мислиш внатре во главата што сакаш, но јавно да го навредуваш Христијанството, не би требало.
Во тој случај би било дозволливо јавно навредување на било што, па и на тебе, да речеме.

Ne gi navreduvam hristijanite, ja navreduvam nivnata takanarecena "sveta kniga", ima razlika...99% od moite prijateli i rodnini se hristijani (mada retko koi od niv STVARNO veruvaat vo tie mitovi, najveke veruvaat radi tradicija), taka da nemam nisto protiv niv...na primer, muslimanite se dovolno ludi da izvrsuvaat SE sto kuranot i odzata im nareduvaat...hristijanite od druga strana, se dovolno pametni da otfrlaat pasosi od biblijata kako na primer "da se kamenuvaat neposlusnite deca", "da se ubivaat nevernicite", "da se siluvaat devicite zarobeni vo vojna", "da se isece rakata na zenata koja gi dopira genitaliite na mazot za vreme na karanica"...i da ne prodolzuvam, ima uste mnogu pasosi koi denesnite hristijani se dovolno pametni za da gi otfrlat kako total bullshit i izmislica...

NO, kade vo biblijata vika "ova e tocno, veruvajte, ova e samo metafora, ne e da se zima bukvalno"...da ti pomognam, NIKADE...biblijata mora da se pocituva celosno, ili uopste....ne moze da veruvas samo vo finite delovi koi se soglasuvaat so tvoeto mislenje, tuku i so delovite kade gospod nareduva da go zrtvuvas svoeto dete na ogan, ako toj ti naredi

I stvarno ne sfakam zosto si tolku povredena od mojata (usna) navreda, koga ti najverojatno (ako si hristijanka), veruvas deka 99% od lugeto vo svetov ke odat vo pekolot za VECNO izmacuvanje...mislam deka e jasno koj e ponemoralen od nas dvajca

--- надополнето ---

A Стариот Завет и Кур’анот се од бога диктирани.Ахам,да да..шоубо издиктирал...масакр.Може Новиот Завет е човечка измислица,но барем не повикува на крвопролевање,туку на љубов,дури и кон својот непријател.
Toa ne go pravi noviot zavet potocen, tuku samo reflektira kolku lugeto stanale pomoralni od vremeto na stariot zavet

--- надополнето ---

Ne mozam da sfatam kako hristijanive ne go smetaat ova za definitivna traga deka biblijata e izmislica...ne moze gospod tuku taka da se menuva od tiranin, Hitler, vo mekus, majka Tereza. Gospod e nepromenliv (spored biblijata), a sepak gledame deka deckoto se menja spored toa sto im odgovara na lugeto
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Можеби богот на Мојсеј и оној На Исус не е истиот.Мислам дека во Новиот Завет никаде не пишува за убивање,каменуваење,уништување на цели нации од страна на добриот и милостив бог и слични лудории какви што ги има во Стариот Завет.Океј,добриот бог си бил добар само за Евреите...
Да де знаеме дека Новиот Завет повикува на голема љубов, толкава што мислам дека ти е позната случката со Лут или (Лот) и ќерките. :back:

--- надополнето ---

Aко планираш да му се одмаздиш некому,со тоа само дозволуваш тој човек да продолжи да те повредува...
И сега тоа да ти се случи тебе, ти ќе го љубиш „непријателот“ ?
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Да де знаеме дека Новиот Завет повикува на голема љубов, толкава што мислам дека ти е позната случката со Лут или (Лот) и ќерките. :back:

--- надополнето ---



И сега тоа да ти се случи тебе, ти ќе го љубиш „непријателот“ ?
Приказната со Лот е од Стариот Завет.
Во Христијанството не постои крвна одмазда,како што има во Исламот.
 
Член од
30 март 2010
Мислења
1.441
Поени од реакции
400
Приказната со Лот е од Стариот Завет.
Во Христијанството не постои крвна одмазда,како што има во Исламот.
Немој мило да бидеш толку сигурно.
Евангелие СПОРЕД Лука : Глава 19 цитат бр. 27 каде Исус вели :

А оние мои непријатели, што не сакаат
да царувам над нив, доведете ги тука
и погубете ги пред мене!“
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Немој мило да бидеш толку сигурно.
Евангелие СПОРЕД Лука : Глава 19 цитат бр. 27 каде Исус вели :

А оние мои непријатели, што не сакаат
да царувам над нив, доведете ги тука
и погубете ги пред мене!“
1 И кога влезе во Ерихон, минуваше низ градот.

2 И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и богат,

3 сакаше да Го види Исуса, Кој е, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.

4 И истрча напред, се качи на дива смоква за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа.

5 И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!”

6 И слезе веднаш и Го прими на гости со радост.

7 А сите, кои го видоа тоа, почнаа да негодуваат и да зборуваат: „Дојде во куќа на грешен човек, да почине!”

8 Закхеј стана и Му рече на Господа: „Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четворно.”

9 А Исус му рече: „Денес му дојде спасението на овој дом, зашто и тој е Авраамов син.

10 Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното.”

11 И кога тие го слушаа тоа, им кажа една парабола, зашто беа близу до Ерусалим, а тие мислеа дека Божјото Царство ќе се појави веднаш.

12 И рече: „Некој благородник замина во далечна земја, за да прими царство за себе и да се врати.

13 Откако ги повика своите десет слуги, им даде десет сребреници и им рече: „Тргувајте додека се вратам!”

14 Но неговите граѓани го мразеа и испратија по него пратеници да кажат: „Нејќеме тој да царува над нас.”

15 А кога се врати, по примањето на царството - заповеда да му ги повикаат оние слуги, на кои им беше дал сребро, за да види кој колку спечалил.

16 Така, првиот дојде и рече: ‘Господару, твојот сребреник донесе десет сребреници.’

17 И му рече: ‘Убаво, добар слуго, зашто беше верен во нешто сосем мало, имај власт над десет градови.’

18 Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, донесе пет сребреници.’

19 Му рече и на овој: ‘И ти биди над пет градови!’

20 Дојде и друг и рече: ‘Господару, еве го твојот сребреник, што го чував во крпче,

21 зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш што не си оставил и жнееш што не си посеал!’

22 Му рече: ‘Зол слуго, ќе ти судам според твоите зборови. Знаеше дека сум строг човек, дека земам што не сум оставил и дека жнеам што не сум посеал;

23 зашто тогаш не ги вложи моите сребреници при трговците, и јас по доаѓањето ќе ги примев со добивка?’

24 А на оние, кои беа присутни им рече: ‘Одземете му го сребреникот и дајте му го на оној, кој има десет!’

25 Тогаш му рекоа: ‘Господаре, тој има десет!’

26 Ви велам, дека ќе му се даде на секој, кој има; а на оној, кој нема ќе му се одземе и она што има.

27 А оние мои непријатели, кои не сакаа да царувам над нив, доведете ги тука и исечете ги пред мене!”

28 А кога го рече тоа, тргна натаму, одејќи горе во Ерусалим.
Мила пријателке,не туку ги вади стиховиве од контекст за да докажуваш нешто што не е вистинито.Ако ја имаш прочитано цела глава ќе видиш дека Исус на луѓето им раскажува приказна,т.е. парабола во врска со некој благородник и стиховите кои ти ги изнесе се дел од таа приказна,а не дека лично Исус наредил да му се донесат некои луѓе и да се погубат пред него.Кој лаже тој и краде и вошки има.Да си знаеш...;)
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
А вие не го прифаќате стариот завет?
Неможам јас во името на сите христијани да кажувам дали го прифаќаме или не Стариот Завет.Јас лично на Стариот Завет гледам како на учебник по еврејска историја.И тоа чудна некоја историја.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
59
Поени од реакции
6
Неможам јас во името на сите христијани да кажувам дали го прифаќаме или не Стариот Завет.Јас лично на Стариот Завет гледам како на учебник по еврејска историја.И тоа чудна некоја историја.
Благодарам на одговорот - искрен одговор
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
А вие не го прифаќате стариот завет?
Ќе одговорам, иако прашањево не е до мене упатено. Имено, Христос го укина Стариот Завет, но и јудејското свештенство, и сето тоа Он го замени со совршениот Нов Завет. Стариот Завет ионака најмноги се однесуваше на историјатот од јудеите, како и регулирањето на релациите помеѓу јудеите, согласно строгоста од Мојсеевиот Закон. Од Стариот Завет, ги наследивме пред се, 10-те Божји Заповеди, но сега доусовршени и издигнати на духовно ниво и содржина.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
59
Поени од реакции
6
Ќе одговорам, иако прашањево не е до мене упатено. Имено, Христос го укина Стариот Завет, но и јудејското свештенство, и сето тоа Он го замени со совршениот Нов Завет. Стариот Завет ионака најмноги се однесуваше на историјатот од јудеите, како и регулирањето на релациите помеѓу јудеите, согласно строгоста од Мојсеевиот Закон. Од Стариот Завет, ги наследивме пред се, 10-те Божји Заповеди, но сега доусовршени и издигнати на духовно ниво и содржина.


Ако може цитат од тоа што исус го укинал
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.391
Еве го:

„...зашто ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролива за мнозина, за простување на гревовите.„ (Матеј, 26.28).

Еве дека е укинато јудејското свештенство:

„...И Исус и рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!„ И го чуја тоа учениците Негови.„ (Марко, 11.14)
(Ова е настанот со смоквата, која, симболично, не дала плод, како што не даде плод ни формалното јудејство).
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.241
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно“
Матеј 5 17-19

Кристално јасно, без никакви симболики без никакви замаглени реченици кои треба да ни ги толкува некој Исус директно ни вели дека:


1. Не е дојден да ги поништи законите и пророците. Тоа јасно ни кажува дека не е неговата цел.

2. Тие закони и пророци ќе важат се додека постои небото и земјата и додека се не се исполни. Се уште постојат и небото и земјата и се уште не е се исполнето, имено остана да слезе повторно Исус на земјата и да му суди на живите и мртвите и да го воспостави царството Небесно

3. Исус не предупреди некој да не излаже и да ни каже и научи дека се укинати законите и пророците и се закани за таквите кои ќе не учат дека законите и пророците се укинати. Како аманет ни го остави тоа за да се пазиме од таквите кои ќе не учат дека старите закони не важат.

Ова толку важна порака Исус ја кажа мошне прецизно и јасно разбирливо за секого да не може никој кога ќе застане еден ден пред него да каже “ами јас мислев дека велиш дека се укинати... нејасно некако цело во алегории и параболи го кажа... не сфатиф...“
 

Kajgana Shop

На врв Bottom