Од Скопје ако тргаш за 4-5 саати треба да си на влез на Црна Гора, зависно од гужва на граници, ако си од друг град додај си екстра пошо Скопје е 20-30 минути до граница (ако ти значи нешто за темпирање на времето и да возиш денски низ голема албанија). Ако не си возел претходно низ Косово, убаво простудирај ги местата каде се приклучуваш. Има опција да одиш преку Урошевац или до Приштина (според мене непотребно).
Зорт е на премините од Албанија во Црна Гора и од Црна Гора во Хрватска, таму често е голема гужва и се чека многу, премините се многу мали, тесен пат. Низ Албанија е скоро целосно автопат, а глупо стануе на премините - има два, над и под Скадарско езеро - дистанците се исти, со тоа што горниот иде на Подгорица и не врши работа ако на тој доле не се чека. После низ Црна Гора немаш мука - по мене најголем зорт е влез во Хрватска. Има стандардно влез од кај Херцег Нови и има еден од Требиње погоре, ама не верувам дека лесно ќе се снајдеш, ако можеш пробај. Во секој случај, во Црна Гора провери каква е состојба на преминот пошо е сезона, радио слушајте или интернет ако можете да фатите таму додека праите пауза за кафе.
Простудирај ја рутата и сними си ја на offline maps и немаш мака.
Преку Србија е непотребно кружење и помачен пат за возење посебно преку Морача.
Зелен картон извади си и да не бараат, а за Хрватска мислам дека е задолжителен, затоа што може све да се случи, сепак е пат од некои 500-600км.