пат до дубровник преку србија или косово/албанија?

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
може некој да сподели искуство од каде е попаметно да возам до дубровник? дали преку косово/албанија или да вртам преку србија?

фала
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
158
Поени од реакции
76
Јас бев лани преку Косово и Албанија... и немој да се мачиш да кружиш преку Србија, Косово не е цело во автопат секако, али тој дел што е автопат е поубав од било кое парче автопат во Македонија.
Косово-Албанија само 1 граница имаш (не е ко другиве, прво излез од Косово па Влез во Албанија) и ми побараа зелен картон (ретко ни барале до сега било каде ама ете побараа)
Албанија исто автопат имаш еден дел и е одчичен, предобри места за пауза, вози си по знаци и ќе немаш апсолутно никаков проблем.

Останатите делови од двете земји што не се автопат не се којзнае што али не се ни толку страшни (како кај нас значи)

Едни колеги ми кажаа само да не правам пауза во Љач (Албанија), немој ни ти :) наводно тоа местенце било нешто ко кај нас да ја паркираш колата на некое ризично место кај што може да ја снема, али само го поминуваш градот така да немај гајле, а башка кој прави паузи во градови?! сите по бензински праиме пауза на пат кога сме...

Ако ти треба инфо додатно за нешто пиши....

Среќен пат
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
ма ги минам косово и албанија без никакви паузи. за колку време се минат со константно возење? и дали е воопшто безбедно ноќно време да се вози низ косово и албанија, или по паметно ми е преку ден?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Од Скопје ако тргаш за 4-5 саати треба да си на влез на Црна Гора, зависно од гужва на граници, ако си од друг град додај си екстра пошо Скопје е 20-30 минути до граница (ако ти значи нешто за темпирање на времето и да возиш денски низ голема албанија). Ако не си возел претходно низ Косово, убаво простудирај ги местата каде се приклучуваш. Има опција да одиш преку Урошевац или до Приштина (според мене непотребно).
Зорт е на премините од Албанија во Црна Гора и од Црна Гора во Хрватска, таму често е голема гужва и се чека многу, премините се многу мали, тесен пат. Низ Албанија е скоро целосно автопат, а глупо стануе на премините - има два, над и под Скадарско езеро - дистанците се исти, со тоа што горниот иде на Подгорица и не врши работа ако на тој доле не се чека. После низ Црна Гора немаш мука - по мене најголем зорт е влез во Хрватска. Има стандардно влез од кај Херцег Нови и има еден од Требиње погоре, ама не верувам дека лесно ќе се снајдеш, ако можеш пробај. Во секој случај, во Црна Гора провери каква е состојба на преминот пошо е сезона, радио слушајте или интернет ако можете да фатите таму додека праите пауза за кафе.
Простудирај ја рутата и сними си ја на offline maps и немаш мака.
Преку Србија е непотребно кружење и помачен пат за возење посебно преку Морача.
Зелен картон извади си и да не бараат, а за Хрватска мислам дека е задолжителен, затоа што може све да се случи, сепак е пат од некои 500-600км.
 
Последно уредено:
Член од
2 јули 2008
Мислења
158
Поени од реакции
76
ма ги минам косово и албанија без никакви паузи. за колку време се минат со константно возење? и дали е воопшто безбедно ноќно време да се вози низ косово и албанија, или по паметно ми е преку ден?
Апсолутно е безбедно, јас тргнав од Скопје во 03:00 АМ, правевме една пауза на автопатот во Албанија, не се сеќавам како се викаше местото, големо беше со ресторан, бензинска итн. Граничните премини се хаос (ама кај не се?).

За ориентација користев Offline maps што ги симнав преку Google maps, со тоа што има еден мал проблем, во Косово немаш LIVE поддршка (она turn by turn навигација) али ги следевме патоказите и немавме никаков проблем во ниедна ситуација. Ако имаш буден сувозач може да го држи телефонот и да ти кажува дали си на точниот пат бидејќи апликацијата ти ја покажува локацијата али не ти дава она што викам turn by turn навигација.
Во Албанија, Црна Гора и Хрватска го нема овој проблем.

Црна Гора - Хрватска зависи од гужва, али може да чекаш од 1-5ч за да ја поминеш границата.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Косово е во Србија па така да мораш низ Србија да поминеш.
 
L

Löwe

Гостин
За до Црна Гора зелен картон е неопходен така?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
тамам е тоа, ваљда има GPS имам навигација во самата кола. али за секој случај ке си симнам и ofline maps на google, мада мислам дека веке ги имам. битно ми е дека со GPS те води без проблем....?

Апсолутно е безбедно, јас тргнав од Скопје во 03:00 АМ, правевме една пауза на автопатот во Албанија, не се сеќавам како се викаше местото, големо беше со ресторан, бензинска итн. Граничните премини се хаос (ама кај не се?).

За ориентација користев Offline maps што ги симнав преку Google maps, со тоа што има еден мал проблем, во Косово немаш LIVE поддршка (она turn by turn навигација) али ги следевме патоказите и немавме никаков проблем во ниедна ситуација. Ако имаш буден сувозач може да го држи телефонот и да ти кажува дали си на точниот пат бидејќи апликацијата ти ја покажува локацијата али не ти дава она што викам turn by turn навигација.
Во Албанија, Црна Гора и Хрватска го нема овој проблем.

Црна Гора - Хрватска зависи од гужва, али може да чекаш од 1-5ч за да ја поминеш границата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom