од пријателство до врска

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
А од колку треба да се почне врски според тебе?
Уште во средно треба да почнеш да ги истражуваш чувствата и спротивниот пол, сосема нормално и здраво е тоа.
Малку си закаснила со крадењето цреши, сливи и петровки тоа во основно го правевме, дури 7мо 8мо веќе други работи ни се мотаа на ум.
Во мое време друже :icon_mrgr: на 16 години полесно ќе фатеше бафало отколку девојка :icon_mrgr:
Ако ти се насмевнеше симпатијата, нема спиење цела недела, кејфови. Чекор понатаму, ќе праќа абери по другари, другарки, да види дали има шанси (да опипа пулс де:cool:). Доколку собереше храброст да ти пријде, се знае, на сладолед, по кеј, во 22 часот треба да си дома, (ова за во викенд, инаку преку недела, нема излегување).
На прво излегување нема бакнеж, ако ти се посреќи на крај да те бакне во образ и срамежливо ќе се насмевне со црвени образи. Тогаш веќе преоѓаш во втора фаза. Тогаш сон не те фаќа, сакаш да се пофалиш на сите, демек ете имам женска, да се шеташ како паун пред другарите во стилот не сум веќе сингл, ама од друга страна не смееш уста да отвориш заради девојката.:cool:
Фаза број 3. Неколку состаноци, па фаќање за раце и гушкање, во меѓувреме пиеш кафе и превртуваш филџан за другарката да ти гледа на кафето дали тој/таа мисли на тебе. Па со средниот прст бушиш на дното на филџанот желба „Дали ме сака“, па ус пат ќе видиш се поклопиле стрелките на часовникот, па леле радости „некој мисли на мене“, а ти од петни жили се надеваш дека баш тој/таа мисли на тебе, како што ти мислиш на него/неа.
,,,,,,,,
И така натака има уште 2-3 фази понатаму. Пример, ќе излегувате вечер, а ти немаш појма како да се бакнуваш, затоа што во тоа време, ако на ТВ почнеше да се прикажува бакнеж, татко ти со брзина на светлината го менуваше каналот. Па бараш совети од поискусни другари/другарки, па те советуваат да земеш филџан со вода и да ставиш бонбона внатре, па со јазикот да ја бркаш бонбоната :icon_mrgr:и.т.н

Нејсе,
За сето тоа беше потребно, труд и умешност, истрајност, храброст, желба, копнеж.
Ова денес, имал 16 години, па имал и врскИ, денес со една, утре со друга, фати, пушти. Па копукот на 16 години бре не знае што сака. Пилиштар :pipi:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Ова денес, имал 16 години, па имал и врскИ, денес со една, утре со друга, фати, пушти. Па копукот на 16 години бре не знае што сака. Пилиштар :pipi:
Па да де тоа, нема за жена да ја зема. Затоа подобро на 16 години да почне да учи што сака, за да знае кога ќе биде посериозен на 28 години, отколку на 28 години да го живее пубертетот..
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.086
Поени од реакции
1.542
Во мое време друже :icon_mrgr: на 16 години полесно ќе фатеше бафало отколку девојка :icon_mrgr:
Ако ти се насмевнеше симпатијата, нема спиење цела недела, кејфови. Чекор понатаму, ќе праќа абери по другари, другарки, да види дали има шанси (да опипа пулс де:cool:). Доколку собереше храброст да ти пријде, се знае, на сладолед, по кеј, во 22 часот треба да си дома, (ова за во викенд, инаку преку недела, нема излегување).
На прво излегување нема бакнеж, ако ти се посреќи на крај да те бакне во образ и срамежливо ќе се насмевне со црвени образи. Тогаш веќе преоѓаш во втора фаза. Тогаш сон не те фаќа, сакаш да се пофалиш на сите, демек ете имам женска, да се шеташ како паун пред другарите во стилот не сум веќе сингл, ама од друга страна не смееш уста да отвориш заради девојката.:cool:
Фаза број 3. Неколку состаноци, па фаќање за раце и гушкање, во меѓувреме пиеш кафе и превртуваш филџан за другарката да ти гледа на кафето дали тој/таа мисли на тебе. Па со средниот прст бушиш на дното на филџанот желба „Дали ме сака“, па ус пат ќе видиш се поклопиле стрелките на часовникот, па леле радости „некој мисли на мене“, а ти од петни жили се надеваш дека баш тој/таа мисли на тебе, како што ти мислиш на него/неа.
,,,,,,,,
И така натака има уште 2-3 фази понатаму. Пример, ќе излегувате вечер, а ти немаш појма како да се бакнуваш, затоа што во тоа време, ако на ТВ почнеше да се прикажува бакнеж, татко ти со брзина на светлината го менуваше каналот. Па бараш совети од поискусни другари/другарки, па те советуваат да земеш филџан со вода и да ставиш бонбона внатре, па со јазикот да ја бркаш бонбоната :icon_mrgr:и.т.н

Нејсе,
За сето тоа беше потребно, труд и умешност, истрајност, храброст, желба, копнеж.
Ова денес, имал 16 години, па имал и врскИ, денес со една, утре со друга, фати, пушти. Па копукот на 16 години бре не знае што сака. Пилиштар :pipi:
Типот многу добра се понаша кон мене, така да нека имал не би ми пречело да има малку искуство машко е хаха
sedi uci be ne se zaebavaj idi zapishi fax tamu nepismena ke ostanesh nedaj boze.
 
Член од
22 јули 2020
Мислења
6
Поени од реакции
6
sedi uci be ne se zaebavaj idi zapishi fax tamu nepismena ke ostanesh nedaj boze.
Два ќе упишам, не мисли ти тоа..
Излагање е едно, друго е факултет
И доволно сум зрела и паметна за мои години хехе Поздрав:P:kezec:
 
A

Aexil Kong

Гостин
sedi uci be ne se zaebavaj idi zapishi fax tamu nepismena ke ostanesh nedaj boze.
Немој да љубомореш, не е добро тоа. Секој со сопствениот ксмет. :)
Кој ни е крив што јас и ти на тие години се соочувавме со семејни и здравствени проблеми и јас што живеам во пустелија и не не`познавале како живи суштества дека воопшто постоиме и згора на се со тоа дека не сме убави и ксметлии. Мајка природа. Природна селекција.
;)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Немој да љубомореш, не е добро тоа. Секој со сопствениот ксмет. :)
Кој ни е крив што јас и ти на тие години се соочувавме со семејни и здравствени проблеми и јас што живеам во пустелија и не не`познавале како живи суштества дека воопшто постоиме.
;)
Остави го минатото, гледај што ќе направиш за иднината:)
 
A

Aexil Kong

Гостин
Остави го минатото, гледај што ќе направиш за иднината:)
Лесно е од тастатура да се соли памет. За некои работи кога ти помине возот, готово е, завршена работа. Ни иднина гледаш, ниту ништо.
Прво мора штетните последици од минатото да ги санираш за да застанеш на 0, а тек потоа ако одеш во плус, исто така е прашање на надворешни фактори.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Лесно е од тастатура да се соли памет. За некои работи кога ти помине возот, готово е, завршена работа. Ни иднина гледаш, ниту ништо.
Тоа така ти си одлучил оти немаш сила, храброст, желба, мотив, за да пронајдеш друго превозно средство..батали го возот, ако треба и со тротинет на буткање ама нема да се откажам така лесно од ништо...мој е животот и јас ке си го уредам по мој терк.....
 
Пак ќе повторам. Возот ти е единственото средство што можеш да стасаш за да полагаш испит (карикирам), ти ќе го испуштеш и потоа ќе го полагаш испитот во истиот ден ако решиш да заминеш пеш? Секако дека не, нема да стасаш на време. Поминал возот, поминало времето за некои работи, тогаш тоа време било и поминало, нема назад.

Тоа ти е твое субјективно гледиште на работите оти живееш во друга реалност и нормално е да размислуваш така, дека ќе отидеш со тротинет на буткање. За работиве што ги немаш доживеано питај паталец, не питај гаталец. Јас „тротинет на буткање“ (алтернатива) не сум видел.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Пак ќе повторам. Возот ти е единственото средство што можеш да стасаш за да полагаш испит (карикирам), ти ќе го испуштеш и потоа ќе го полагаш испитот во истиот ден ако решиш да заминеш пеш? Секако дека не, нема да стасаш на време.

Тоа ти е твое субјективно гледиште на работите оти живееш во друга реалност и нормално е да размислуваш така. За работиве што ги немаш доживеано питај паталец, не питај гаталец.
Извини душо, но јас сум многу постара од тебе, така да и паталци и гаталци, возови и ракети, пешки одење со раскрвавени жуљеви...се сум поминала.... Па што да ти каже човек, седи тогаш, плачи и кукај на судбината?
 
Се зачудувам на фактот што веќе знаеш колку години сум и што сум поминал па да даваш вакви нафрлени реплики. Ти пишав и во порака и пак не си ме сфатила како што треба. Нека ти служи на чест.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Се зачудувам на фактот што веќе знаеш колку години сум и што сум поминал па да даваш вакви нафрлени реплики. Ти пишав и во порака и пак не си ме сфатила како што треба. Нека ти служи на чест.
Надвор сме скроз од темата, но еве, последен пат ке ти пишам....грешката е во тебе и твоето однесување, одма бурно реагираш...
 
A

Aexil Kong

Гостин
Надвор сме скроз од темата, но еве, последен пат ке ти пишам....грешката е во тебе и твоето однесување, одма бурно реагираш...
Ако ти смета нешто кај мене игнорирај ме а не ми реплицирај. По илјадити пат морам да ти го повторам ова, како на папагалче. :)
 
Член од
22 јули 2020
Мислења
6
Поени од реакции
6
Значи секој си има свој живот во кој си донесува одлуки, дали да има дечко на 16 или на 18, и не треба никој ништо да жали, се си доаѓа кога тогаш, поентата ми беше, не треба одма навреди, кој што сака ќе си прави 21век е, од вакви муабети не влегуваме у Европа, и да влеземе 100 години сме уназад хах. Нејсе благодарам на тие што ме подржаа и дадоа совет, се најдобро убав ден
 
A

Aexil Kong

Гостин
Тоа е тоа, секој со својот ксмет и судбина.

Не се раѓаме сите убави, не се раѓаме сите со некакви дарби за нешто. Некои се раѓаат и со хендикеп и северново општество таквите ги исклучува од живите, а не им пружи рака за да пркнат и тие. На таквите со хендикеп исто сигурно им фали самодоверба, а не изглед за успех и во љубовта и во било кое друго поле. Се е кажано. :)
Пари, статус и убавина (надворешен изглед) игра најголема улога овде на овие простори.

Поздрав и наскоро се одјавувам од форумот. За век и веков.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom