- Член од
- 29 септември 2007
- Мислења
- 245
- Поени од реакции
- 17
АМАН БРЕ ДО КОГА ТАКВИ "ЗАГРИЖЕНИ ПАТРИОТИ" КЕ СЕЈАТ МАГЛА...Црвенковски:Македонија стои во место
16.09.2008. Грција не е единствената пречка за влез на Македонија во Европската унија. Ова го изјави Претседателот Бранко Црвенковски на денешната дебата која тој ја организираше на тема "Македонија, Европа, НАТО – изолација или интеграција".
Според него Македонија во овој момент треба да донесе многу важни одлуки од кои ќе зависи нејзината иднина.
„Поставени се критериуми од унијата кои треба да се исполнат. До сега Македонија не направи ништо за да ги исполни тие критериуми. Владата, па ниту опозицијата немаат некаков став како Македонија да влезе во ЕУ“, изјави Црвенковски.
Најголем дел од дебатата беше посветен на тоа колку Владата прави за Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ. Според Тито Петковски, претседател на НСДП Македонија води лоша политика во однос на евроинтеграциите.
„Треба да ги уредиме односите со нашите соседи, дури и оние земји кои се богати водат политика на добрососедски односи. Во меѓународното право нема случај кога мала земја како нашата победила во спор со некоја поголема земја. Затоа сега треба да водиме паметна политика“, изјави Петковски.
Лидерката на СДСМ во оставка, Радмила Шеќеринска смета дека Македонија нема дефинирана политика за влез во ЕУ. Таа истакна дека многу малку се знае за тоа што се зборува на преговорите.
„Не и го знаеме ставот на Владата бидејќи тој постојано се менува. Прво кажува дека се залага за влез во ЕУ, потоа се повлекува и ништо не прави“, вели Шеќеринска.
Оваа дебата е шеста од циклусот разговори Дијалози за Македонија што ги организира Црвенковски. Иако поканети, претставници од Владата не дојдоа.
http://www.forum.com.mk
ДАЛИ СЕ ОВИЕ НОРМАЛНИ...
ДАЛИ ЗНААТ КОЛКУ Е СААТ И КОГА ТРЕБА ДА СЕ ЗБОРИ ТАКВИ ГЛУПОСТИ ???
НЕВЕРОЈАТНО