најдобри мак рап албуми

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.644
Импресивно околу песнава ми е што РНС е 14 години, реално на 14 години 99.9% од децата немаат ниту ваков вокабулар, ниту вакво гледиште на работите, ниту ваква елоквентност, странски им се сите овие тематики. Воопшто на 14 години ретко кој е зрел да препознае квалитет во вакво нешто, а не па да прави ваква песна.

Иначе Џака е далеку од добар, ама има бајги влијание на целото движење. Ете ми текнува кога прв пат почнав да слушам рап, најактуелни беа песните кои можеше да се симнат од сајтови како ммм, Imesh апликацијата, па доста актуелни беа во рап светот тогаш песните ко Брука или Темни Улици сите 5 верзии (ако не беа и 6: Чаир,Влае,Карпош 2, Ново Лисиче, радио и оригиналот, ама може радио и оригиналот иста да беа).

Фората е во тоа што да немало фаци како Џака да го кренат нивото и да дигнат популарност за други млади деца да слушнат за рапот и да се навлечат на него, немало да има толку квалитетен рап на нашите простори. А реално, сега можеби не, ама имаше години во пикот кога за земја од 2 милиони жители имавме страшно добар рап. Далеку од некоја популарност, ама ептен признаен и почитуван кај одредена група, а тоа беше и најбитно.
негде 2003-4 год. идев кај едни постари од мене другари, траката беше пуштена цел ден на рипит, заедно со уште 2-3 рандом траки, месец дена... а има некој траки џака, како: наравоучение, нати надеж, армагедон (и др.) што сме ги слушале доста
Малку ме буни мене како може некој да рече мене ЛД ми е омилен (пример) а Џака не го поштувам... Па ти не го поштуваш ни ЛД чим викаш така, хејташ некој од негова екипа, без разлика дали е значаен или незначаен... Или пак си растел со нечива музика, па денес да го хејташ, фактички си го хејташ детството... Тука не навлагам во тоа каков човек е артистот, до негде и не ме интересира..
Кај музиката голем фактор има влијанието, покрај вкусот на слушателот и вештината/доемот на артистот. Сакам да кажам, на пример доколку не си се здружил со некого, или некој комшија не пуштал гласно кога ти си имал 8 години, можеби немало да станеш "рапер", можеби ќе си слушал рап у иднина ама немало да бидеш "рапер" ... Или спротивното: ќе си хејтал рап (можеби)
Со други зборови кога ќе ги погледнеш работите од овој агол, муабетите како: не чини тој, не ми се свиѓа " паѓаат во вода
Али што зборам јас, у кој сегмент од светот нема хејт, па у рапот да нема, музиката на дисот xD
Peace
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Пошто сум стара школа, мојот глас оди за "Новиот аспект на старата школа" од Чиста Околина.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280


Рапаноја.

Не знам зашо, ова ми е најбоље мак рап албум.
Поштуем.
И мене овој албум ептен ми се допадна.

Од новиве деца оние ЕБСФ ми се најкомплетни раперишта. Добри се и Зи Бомб плус Фолц.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
2 албума исто што вредат да се напоменат од таа генерација која мене ме навлекла на слушање рап. Не се во дискусија за најдобар, ама и тоа како вреди да се споменат:

1. Единствена Опција - Рап тврдина




2. Стиховен Калибар - Ин медиас рес





И секако од поново време, страшно потценет албум (заедно со Чаирскиот со Тони):




Бонус hidden gem:

Албумот се вика “Треба оцена“. Ова е група на Димитар Синди од песната Ех Синди што беше хит 2008-2010. Ретко кој знае за албумов, песната “Боли“ 24/7 ја имам слушано, и ептен си ја сакам.

 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
za kemp ajde ama drugive ...
Ова само набројав албуми кои не биле спомнати на темата (бар не сум ги видел), а сум ги слушал своевремено, па ги споделив чисто да се потсетиме и да ги испоштуваме. Листа на моите топ5 имаш на првата страна на темата.
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
Прв би го ставил синтеза на ум и меч од Тонио сан, многу духовен албум , досега такви текстови во мак рап сцената немам сретнато затоа ми е број 1.
Втор Сафизам од Саф темел на македонскиот рап, не верувам дека некогаш ќе престани да се слуша.
Трет би го ставил друштвото на мртвите поети од Тонио сан, според мене еден од најкреативните албуми. IMG_20210418_173122.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom