миризба од ѕидот каде што мине оџак

Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
пред некој месец дена од кога почнаа овие интензивни врнежи на снег во претсобјето на ѕидот каде што мине оџакот почна да се сеќава некоја миризба ко на саѓи, она ко на изгорен оџак. пред некое време разбрав дека на комшиите од приземје нешто им се запалило ќумбето и најверојатно поради тоа е, ама еве и после 1 месец се уште мириса и не мириса константо туку од време на време. оџакот кај мене е нов, правен е пред 4 години и пошто ние не се грееме на дрва не го ни користиме али одво тој ѕид видов дека минат и другите оџаци од другите спратови вклучувајки го и овој од приземје (во едно на таа верикала само и тој се грее на дрва) е сега чудно е што мириса само на една страна на другата страна не мириса, исто така пошто станот ми е дуплеkкс и истот оџак мине и низ горниот дел и таму не мириса. приметив дека доле каде што мириса е по танок ѕидот додека горе е чист бетон врз циглите од оџакот, сигурно пола педа бетон има, па најверојатно поради тоа не се осека. е сега нека затопли ке викнам некој саалам оџачар убаво да го исчисти бидејки од ова зимо планирам да се греам на пелети а во едно прашањето ми е од кога оџачар ке го исчисти ако го покријам со 10-тина сантима бетон како уше еден ѕид да му ставам залепен на него и сето тоа после да го покријам со гипс каротон, дали постои шанса пак да ми замириса? доколку постои што да правам? како да го решам, со што да го покријам и сл. и дали ова што почна да мириса е поради обилните врнежи на снег и сл. бидејки пред некој ден се качив горе и тој оџак само не е покриен другите имаат како стра над нив, па да не се полни со влага па нешо да кондензира па да ствара мириба и сл.

иначе тој очак исто така не е чистен 3 години, оваа може да му е 4-та.
 

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
у кратко време ке ти се закука оџакот скроз од искуство пишувам викај си оџаџар и да се исчисти убаво
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Нека си го исчистат, има насоберено саѓи и истите или се палат или е под дејство на вода па смрди. И нека си го покријат.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Инаку не верувам дека секој спрат има посебен оџак туку има една основна вертикала а сите спратови имаат приклучоци кон истата. Не се тие директни но со мало прекршување во ѕидот за на крај пак да се врзат во главната „цефка“.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
ке викнам да затопли само малку, сега на ова снегов не верувам дека некој ке се нафати да се качува на лимен покрив и да чисти, а и да е доволно луд тоа да го направи јас лично ми е страв не дај боже да се лизне да падне па на душа да го носам, али таму некаде април/мај обавезно викам.

у кратко време ке ти се закука оџакот скроз од искуство пишувам викај си оџаџар и да се исчисти убаво
[DOUBLEPOST=1485418306][/DOUBLEPOST]мислев на тоа дека мојот оџак е посебен бидејки е доградба спратот и кога го правеа башка оџак направија.

Инаку не верувам дека секој спрат има посебен оџак туку има една основна вертикала а сите спратови имаат приклучоци кон истата. Не се тие директни но со мало прекршување во ѕидот за на крај пак да се врзат во главната „цефка“.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Добро би било и превентивно да си обезбедите ПП-апарати бидејќи никогаш не се знае. Јас имав таков случај кога оџакот ми се запали пред неколку години, во зимскиот период. Додека чекав да дојде противпожарната не само што кровната конструкција ќе отидеше во неповрат, туку и целиот спрат ќе беше претворен во пепел. Во моментот не располагав со било какви противпожарни апарати, ниту пак имав доволно долго црево за да гаснам со вода - единствено што имав при рака беше 3-литарскиот „алкохолен оцет“ кој директно го истурив на врвот на грлото на оџакот (да појаснам: кај мене пожарот настана од излезот на самиот врв на оџакот). Затоа за да не Ве снајде моето или на било кој што се случуваше изминатиов период со бројни опожарени куќи, остави, шупи, штали, плевни итн. најдобронамерно Ве советувам секогаш во Вашиот дом да си чувате најмалку три литри алкохолен оцет и ПП-апарат.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
паметна работа тоа да ти кажам. колку пари кошта еден апарат од прилика да не имаш претстава? јас пред некое време купуви за во кола не беше богзнае колку, али од бугарија го купив така да не се ни секавам на цена и сл.

каков ти е тој алкохолен оцет? оние што се продаваат во продавница баш за салати и сл. или некој специјален што така се вика? исто така алкохолен оцет, зборов алкохол не буни, нема ли да го појача горењето?
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Пред да Ви одговорам на овие прашања, напрво ќе се задржам на некои делови од Вашиот првичен пост бидејќи испуштив да ги искоментирам. Како прво, најпрво на што сакам да посочам е тоа дека потребно е сите Вие задено (станарите), како што претходно погоре споменав, напролет да превенирате со една „темелна оџачарска акција“ со цел да се отстрани целокупниот наталожен гареж кој се насобрал долж целата вертикала низ годините. Пожелно би било оџачарот и индивидуално да пристапи кон чистење на влезовите од оџаците на становите кои се поврзуваат со главната вертикала на главниот оџак со цел да се избегнат било какви дополнителни и непредвидени опожарувања и на самата вертикала и поединечно во становите. Како второ, Ви препорачувам да го покриете оџакот со стреа која пожелно би било да биде едно 20-30 см одвоена од врвот на грлото на самиот оџак со цел да се овозможи да циркулира нормално воздух, а со тоа нормално и да излегува чадот, воедно и за да се избегне стврднување на гарежот долж вертикалата поради дождовите и снеговите бидејќи истите се едни од главните причинители за тоа што Ви се случува, односно се соочувате сега.
Да, токму така. Тие што ги има по продавниците. Не би требало да чинат повеќе од 150-200 денари за три литри (еве на пример, јас имам Киско како што е на сликата подоле). Напротив, веднаш ќе почне да го гаси пожарот, јас така постапив и успеав веднаш да спречам ескалирање на истиот. Инаку, и откако противпожарникарите кои пристигнаа ми потврдија дека правилно сум постапил и дека тоа е одлична алтернатива за ПП-апаратите. Секако нивното присуство и професионализам не беше потребно во моментот, бидејќи веќе се беше доведено во ред, а исто така и самите направија проверка по гаснењето.
Alkoholen ocet - Kisko.jpg

Што се однесува за ПП-апаратите и јас се согласувам дека сега се далеку со попристапни цени. Најтопло Ви препорачувам да си обезбедите еден и тоа најмалку од 6 или 8 кг. На еден од сајтовите многу убаво пишува - ќе го цитирам: „Противпожарен апарат се купува пред или по пожар?“. Јас веќе имам еден од 6 кг. Во следните редови Ви приложувам линкови од неколку специјализирани сајтови за продажба и сервисирање на вакви апарати.

http://euro-stil.mk/index.php?route=product/category&path=68_90

http://www.pastorlux.com.mk/Products.aspx?cat=1

http://www.pastor.com.mk/ppaparati.html

http://ognoprevent.mk/преносни-пп-апарати-со-прашок/

http://helium.com.mk/производи/противпожарни-апарати/[DOUBLEPOST=1485439467][/DOUBLEPOST]Од тоа што успеав да забележам во претходните постови, не знам колку може да превенирате со изградба на нов ѕид и поставување на гипс-табла и други изолациски материјали внатре во станот. Но, доколку сакате би можел да се распрашам?
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
ајде ако можеш прашај па ке ми кажеш, значи јас тој ѕид планирам да го ставам чисто за да ја спречи миризбата, бидејки на горниот спрат каде што мине оџакот има бетонска облога околу самиот оџак и ништо не се секава, воопшто не мириса па си мислам разлика мегу горе и доле е што горе има бетонска облога и штом горе не мириса значи бетонската облога штити.

иначе ко што реков само чекаме да се стопли времето и после тоа ке удриме едно темелно чистење, веке разговарав со комшиите и ок е и од нивна страна бидејки и нив им смета. јас лично на струја се греам и сите тие дупки каде што треба да се пликлучиш на оџакот ми се скроз затнати, значи зациментирани, ама бев кај оние што се греат на дрва и од самите ќумци им тече црна вода, најверојатно поради тоа што директно во оџакот врне и се прави влага, така да и за покривање обавезно ке го покриеме.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
ајде ако можеш прашај па ке ми кажеш, значи јас тој ѕид планирам да го ставам чисто за да ја спречи миризбата, бидејки на горниот спрат каде што мине оџакот има бетонска облога околу самиот оџак и ништо не се секава, воопшто не мириса па си мислам разлика мегу горе и доле е што горе има бетонска облога и штом горе не мириса значи бетонската облога штити.

иначе ко што реков само чекаме да се стопли времето и после тоа ке удриме едно темелно чистење, веке разговарав со комшиите и ок е и од нивна страна бидејки и нив им смета. јас лично на струја се греам и сите тие дупки каде што треба да се пликлучиш на оџакот ми се скроз затнати, значи зациментирани, ама бев кај оние што се греат на дрва и од самите ќумци им тече црна вода, најверојатно поради тоа што директно во оџакот врне и се прави влага, така да и за покривање обавезно ке го покриеме.
Штом им тече црна вода тоа е лош знак. Тоа практично значи дека по вертикалата и самите спојки каде се спојуваат индивидуално сите станови на истата се прилично исполнети со гареж. Тоа потврдува дека е потребна навистина доста темелна акција за чистење. Затоа и потенцирав дека е потребно чистење не само на вертикалата, туку и на самите спојки (но секако тоа е веќе работа на индивидуален избор). Инаку ќе се распрашам околу изградбата на ѕид и изолација. Се надевам не Ви се брза со отпочнување на постапката?
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
не ми се брза, секако што и да правам ке правам за 2-3 мсеца, нека затопли малку времево. иначе само 2 стана на таа вертикала греат на дрва, приземје и први кат, сите други сме на струја, е сега јас планирам да ставам парно на пелети и за тоа се заангажирав малку повеке да средам ова со чистење и сл. али ке го средам ко што треба. иначе нај интересно е што водата им тече само на оние од први кат, додека на тие од приземје и покрај тоа што се под нив ништо не им е, а оние пак од први кат кај што им тече водата епа над нив нема ниту еден што грее на дрва.
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
Тоа значи дека прилично доста вода се собира поради тоа што оџакот нема стреа, меѓутоа не толку доволно за да покаже било какви индикатори и на тие што се на приземје. Во секој случај, за никој од Вас да нема проблеми во иднина, сепак е пожелно еднаш целата вертикала да се исчисти независно дали во иднина сите ќе се приклучете на огревно дрво, на пелети или пак ќе останете на струја или било каков друг извор на затоплување.
 
Член од
5 март 2014
Мислења
140
Поени од реакции
41
готово средено е тоа, овој дечко е другар со шура ми, и само што се слушнавме, ми рече дека про. бил човекот, ке му се јави денеска и нека затопли ке среди se цакум пакум човекот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.731
Ако веќе постои проблемот, оџакот треба редовно да се чисти.

Јас пошто над 15 години професионално сум се занимавал со проблематика поврзана со оваа тема, знам што треба да се направи за да оџакот никогаш не направи проблем.

за пример еве како изгледа внатрешноста на мојот оџак кој јас го правев(мајстор го зидаше , но по мој рецепт и секој чекор јас му го кажував). Оџакот до моментот кога го сликав(за проверка, пошто ми беше страв да се качувам дирекно на него за да видам во каква е состојба) веќе имаше поминато 7-8 огревни сезони и ни еднаш не беше чистен, како што е и денес. Мислам дека и во наредните 5-6 години ќе немам потреба од чистење, бидејќи нема што да се чисти.

Едноставно отстранета е причината за создавање на саѓи и ѕифт

 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Чек сега, мириса во станот кој е оргинално последен на зградата или во надоградбата над него?

Се си мислам дека тие што ти ја правеле надоградата недоволно професионално ја средиле истата таа при спојувањето на оргиналниот врв на оџакот со твојот надѕидан. Нешто не е во ред и или го стесниле „Ф-то“ па оџакот враќа надолу или нешто не е во ред па самиот оџак собира премногу вода од врнежи (како инка).

Дали кога го продолжувавте продолживте на ист начин како што тој и беше? (квадрат во квадрат)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom