како можам да сменам нотар кој веке работи на одредена постапка

Член од
7 февруари 2019
Мислења
28
Поени од реакции
10
Почитувани. Се работи за имотоправна постапка, расправа за оставнина. Нотарот ме натера да одстапам и да го повлечам барањето доставено до судот со образложение дека било доставено погрешно. Во канцеларијата со мене се однесуваа не коректно, со висок тон и нетрпение. Кога отидов во судот повторно да поднесам барање за оставнинска расправа и побарав друг нотар да ја води постапката, ми рекоа дека неможело така. Можеле само да ја активираат старата постапка со истиот нотар. Ниту во судот не можеа да разберат што е грешката со првата постапка. Може ли некој да ме упати како да постапам? Има ли некоја регулатива или барање да доставам до некој орган, да отвотам постапка со друг нотар?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Поднеси пријава до Нотарска комора за работата на нотарот. Доколку има нереглураности нотарот одма ќе биде санкциониран а доколку се сериозни нерелугарности може да биде и разрешен. Менување на нотар во оставинска постапка не е можно бидејќи таа е распределена од страна на судот по случаен избор.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.912
Поени од реакции
1.420

Тоа дека е „случаен избор“, мене не ми се верува.
Ништо кај нас не е случајно.
Случајното оди само по закони на ентропија, пошто системот е распаднат.
Пример, ако се остави на случајно, предметот ќе остане неразрешен.
Ако некој потегне, ќе биде кај неговиот нотар, ама тоа веќе не е случајно.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Поднеси пријава до Нотарска комора за работата на нотарот. Доколку има нереглураности нотарот одма ќе биде санкциониран а доколку се сериозни нерелугарности може да биде и разрешен. Менување на нотар во оставинска постапка не е можно бидејќи таа е распределена од страна на судот по случаен избор.
Не е точно.
Нотарска комора постапува само во случај ако нотарот не работи согласно Законот за нотаријат, доколку нотарот работи како повереник на судот тогаш важат други правила и контрола на нотарот врши судот и судот може да смени нотар во предмет доколку не постапува согласно закон.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Не е точно.
Нотарска комора постапува само во случај ако нотарот не работи согласно Законот за нотаријат, доколку нотарот работи како повереник на судот тогаш важат други правила и контрола на нотарот врши судот и судот може да смени нотар во предмет доколку не постапува согласно закон.
А Закон за нотаријат и повереник на судот се две различни работи, не разбирам? Сите нотари во сите постапки работат по Закон џа нотаријат и да се повереници на судот. Молам објаснување за ова
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
А Закон за нотаријат и повереник на судот се две различни работи, не разбирам? Сите нотари во сите постапки работат по Закон џа нотаријат и да се повереници на судот. Молам објаснување за ова
Да различни работи се, во ЗН се предвидени одредени овластувања на нотарот кои спаѓаат под надзор на Министерство за правда, и нивната комора, освен делот за НПН кој спаѓа под судот и само во овој дел се јавуваат како повереници на судот за овој вид на постапка во ЗН, додека по ЗВП надзор им врши судот, затоа што по овој закон тие вршат дејствија како повереници на судот кои инаку би требало да ги врши судот.
Мислам сега појасен сум? :)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
153
Да различни работи се, во ЗН се предвидени одредени овластувања на нотарот кои спаѓаат под надзор на Министерство за правда, и нивната комора, освен делот за НПН кој спаѓа под судот и само во овој дел се јавуваат како повереници на судот за овој вид на постапка во ЗН, додека по ЗВП надзор им врши судот, затоа што по овој закон тие вршат дејствија како повереници на судот кои инаку би требало да ги врши судот.
Мислам сега појасен сум? :)
Јасно
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Почитувани. Се работи за имотоправна постапка, расправа за оставнина. Нотарот ме натера да одстапам и да го повлечам барањето доставено до судот со образложение дека било доставено погрешно. Во канцеларијата со мене се однесуваа не коректно, со висок тон и нетрпение. Кога отидов во судот повторно да поднесам барање за оставнинска расправа и побарав друг нотар да ја води постапката, ми рекоа дека неможело така. Можеле само да ја активираат старата постапка со истиот нотар. Ниту во судот не можеа да разберат што е грешката со првата постапка. Може ли некој да ме упати како да постапам? Има ли некоја регулатива или барање да доставам до некој орган, да отвотам постапка со друг нотар?
да не е загулена работа а малку пари за нотарот ???
 
Член од
7 февруари 2019
Мислења
28
Поени од реакции
10
да не е загулена работа а малку пари за нотарот ???
Да баш така е. Поднесов предлог за оставнинска расправа во име на татко ми со полномошно од него заверено и по совет на адвокатот кој ~работи~ на предметот (уствари ништо не работи само пари зема и не праќа од врата на врата). Од судот ми рекоа дека е во ред да поднесам предлог со полномошното. По некој ден ми се јави нотарката и ме викна во канцеларија. Отидовме со татко ми да и се представиме. Уште кога влегов од вратата почна да вика по мене (се дереше) ~Која си ти и што имашти со овој имот па да поднесуваш документи?~ Јас и го дадов полномошното и и го представив татко ми. И објаснив дека тој е во години и кревок со здравјето, не може да се шета низ институции а и е во ризичната група заради пандемијата. Со мене ќе контактираат. Таа ми го фрли полномошното на бирото и тоа падна на подот.~Овој документ не важи кај мене~ рече таа. ~Важеше за судот~ реков јас, ~немав таму проблеми.~ Си го зедов полномошното од подот и излегов надвор а таа викаше по мене. ~Еј ти! не сум завршила со разговорот! кај одиш?~..... Нејсе таа сигурно го разгледала предлогот и видела дека има наследници во сранство (Австралија) и дека ке треба да пушта покани до нив. Изгледа тоа ќе е вистинската причина, поштарината е скапа. Башка што после од нас разбра дека роднините наследници од странство не се добро расположени. Не сакат да соработуваат да дават изјави, па дури ни посмртница на директниот наследник (чичко ми) неќат да пратат. Прво ни побара две илјади денари да прати покани. По два месеци се јави, побара уште четири илјади денари. Со татко ми отидовме да видиме зошто така. Таа велеше дека поштарината е скапа. Кога ја прашав зарем не знаеше таа колку е поштарината пред два месеца пред да наплати две илјади денари? Таа во одговор пак почна да ми се дере ~Вие бидете среќни дека никој до сега не ви барал кирија за нивата~..........Е таа реторика воопшто не ми се допадна. Татко ми е директен наследник, нивата беше на мајка му. Зошто да плати кирија? Нотарката употреби манипулација со заплашување и чувство на вина за да не откачи. Потоа фигуративно ми ја свитка раката да подпишам документ дека се одкажувам од предлогот затоа што бил по грешка. И го стави предметот во мирување. Во судот не можеа да утврдат што е грешката. Мене ме прашуваа а јас појма немам. Сега барам низ законите да разберам кој треба да ги плати трошоците околу оставнинска расправа? Дали предлагачот или сите наследници подеднакво? Ако може да ми одговорите да ми заштедите од времето би ви била благодарна.
 
лоша работа, лоши закони.... кај нас дури може само тој што поднесува да го репнат, иако викаа некој нотари ако не платат другите наследници не им давам решение..
*бати држава што нема прецизен закон за основна работа !!,,, Оставинска постапка... ќе ти каже без слога нема оставинска ...Глупости !! Башка во Закон стои и оставинска по службена должност ама самите судови не прифаќаат... па 25000 недвижнини ( ниви) во РСМ се водат на починати луѓе, никој данок не плаќа.... познат беше случајот и со Амди кој не плаќал вода, демек не било префрлено на него.....
Не знам, имавме оставинска во Словенија пред 25 години,со дузина наследници, никаков проблем иако и таму имаше административни грешки на судот, ама ги расчистија...
бај тхе веј, адвокатот а мислам и нотарот наплаќа повеќе пари ако има странки од странство, без обзир дека е тој македонец
 
Член од
7 февруари 2019
Мислења
28
Поени од реакции
10
Да баш така е. Поднесов предлог за оставнинска расправа во име на татко ми со полномошно од него заверено и по совет на адвокатот кој ~работи~ на предметот (уствари ништо не работи само пари зема и не праќа од врата на врата). Од судот ми рекоа дека е во ред да поднесам предлог со полномошното. По некој ден ми се јави нотарката и ме викна во канцеларија. Отидовме со татко ми да и се представиме. Уште кога влегов од вратата почна да вика по мене (се дереше) ~Која си ти и што имашти со овој имот па да поднесуваш документи?~ Јас и го дадов полномошното и и го представив татко ми. И објаснив дека тој е во години и кревок со здравјето, не може да се шета низ институции а и е во ризичната група заради пандемијата. Со мене ќе контактираат. Таа ми го фрли полномошното на бирото и тоа падна на подот.~Овој документ не важи кај мене~ рече таа. ~Важеше за судот~ реков јас, ~немав таму проблеми.~ Си го зедов полномошното од подот и излегов надвор а таа викаше по мене. ~Еј ти! не сум завршила со разговорот! кај одиш?~..... Нејсе таа сигурно го разгледала предлогот и видела дека има наследници во сранство (Австралија) и дека ке треба да пушта покани до нив. Изгледа тоа ќе е вистинската причина, поштарината е скапа. Башка што после од нас разбра дека роднините наследници од странство не се добро расположени. Не сакат да соработуваат да дават изјави, па дури ни посмртница на директниот наследник (чичко ми) неќат да пратат. Прво ни побара две илјади денари да прати покани. По два месеци се јави, побара уште четири илјади денари. Со татко ми отидовме да видиме зошто така. Таа велеше дека поштарината е скапа. Кога ја прашав зарем не знаеше таа колку е поштарината пред два месеца пред да наплати две илјади денари? Таа во одговор пак почна да ми се дере ~Вие бидете среќни дека никој до сега не ви барал кирија за нивата~..........Е таа реторика воопшто не ми се допадна. Татко ми е директен наследник, нивата беше (сеуште е на мајка му). Зошто да плати кирија? Нотарката употреби манипулација со заплашување и чувство на вина за да не откачи. Потоа фигуративно ми ја свитка раката да подпишам документ дека се одкажувам од предлогот затоа што бил по грешка. И го стави предметот во мирување. Во судот не можеа да утврдат што е грешката. Мене ме прашуваа а јас појма немам. Сега барам низ законите да разберам кој треба да ги плати трошоците околу оставнинска расправа? Дали предлагачот или сите наследници подеднакво? Ако може да ми одговорите да ми заштедите од времето би ви била благодарна.
Го најдов:
Член 124
Секој учесник во постапката за расправање на оставина ги поднесува трошоците што ги имал во текот или по повод постапката.
Ако имало заеднички трошоци, судот ќе определи во кој сразмер учесниците ќе ги поднесуваат трошоците.
По предлог од учесникот, судот може да одлучи другиот учесник да му ги надомести трошоците, ако тие трошоци се предизвикани со очигледно несовесно постапување.

По овој основ може ли да барам нејзино разрешување? Бидејки побара од татко ми да ги плати сите трошоци за поканите до наследниците?
Автоматски споено мислење:

лоша работа, лоши закони.... кај нас дури може само тој што поднесува да го репнат, иако викаа некој нотари ако не платат другите наследници не им давам решение..
*бати држава што нема прецизен закон за основна работа !!,,, Оставинска постапка... ќе ти каже без слога нема оставинска ...Глупости !! Башка во Закон стои и оставинска по службена должност ама самите судови не прифаќаат... па 25000 недвижнини ( ниви) во РСМ се водат на починати луѓе, никој данок не плаќа.... познат беше случајот и со Амди кој не плаќал вода, демек не било префрлено на него.....
Не знам, имавме оставинска во Словенија пред 25 години,со дузина наследници, никаков проблем иако и таму имаше административни грешки на судот, ама ги расчистија...
бај тхе веј, адвокатот а мислам и нотарот наплаќа повеќе пари ако има странки од странство, без обзир дека е тој македонец
Член 124
Секој учесник во постапката за расправање на оставина ги поднесува трошоците што ги имал во текот или по повод постапката.
Ако имало заеднички трошоци, судот ќе определи во кој сразмер учесниците ќе ги поднесуваат трошоците.
По предлог од учесникот, судот може да одлучи другиот учесник да му ги надомести трошоците, ако тие трошоци се предизвикани со очигледно несовесно постапување.
А што со овој закон?
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Го најдов:
Член 124
Секој учесник во постапката за расправање на оставина ги поднесува трошоците што ги имал во текот или по повод постапката.
Ако имало заеднички трошоци, судот ќе определи во кој сразмер учесниците ќе ги поднесуваат трошоците.
По предлог од учесникот, судот може да одлучи другиот учесник да му ги надомести трошоците, ако тие трошоци се предизвикани со очигледно несовесно постапување.

По овој основ може ли да барам нејзино разрешување? Бидејки побара од татко ми да ги плати сите трошоци за поканите до наследниците?
Автоматски споено мислење:

Член 124
Секој учесник во постапката за расправање на оставина ги поднесува трошоците што ги имал во текот или по повод постапката.
Ако имало заеднички трошоци, судот ќе определи во кој сразмер учесниците ќе ги поднесуваат трошоците.
По предлог од учесникот, судот може да одлучи другиот учесник да му ги надомести трошоците, ако тие трошоци се предизвикани со очигледно несовесно постапување.
А што со овој закон?
нема врска, не се замара нотарот со тоа...посебно ако другиоте учесници се од странство...
Тој што поднесува ај што плаќа такса за поднесување, плаќа и трошкови за вадење документи од Катастар, централен Депозитар, башка гњаважа..се повтори рочиште кај нотар оти едниот наследник дошол со прастар извод а адвокатот му кажал дека треба нов... и сега нотарот кажува нема да наплатам за повторено рочиште ???
А да не зборувам дека адвокатот првин се обиде јас,
поднесувачот да му го платам целиот износ...

ФАЛИ член во Законот за Оставина, а со кој на несовесен наследник, кој нема да подмирува трошкови државата ќе му го одземе делот што му припаѓа !!!
Значи ако некој од наследниците блокира вон некој одреден РОК, требада се исклучи од наследството а неговиот дел да припадне на државата, како што има член за имот на луѓе кој немаат наследник !!!
 
Да, сега дури ми светна дека и да ми додели судот друг нотар јас пак исто ке си поминам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Да, сега дури ми светна дека и да ми додели судот друг нотар јас пак исто ке си поминам.
примерот со оставинската од Словенија е од пред 25години, може и таму сега не е исто... едноставно, главниот наследник покренал таму оставинска, на другите им доваѓа писмо од суд со рок да се прати наследничка изјава ако не се присаствува на рочиштето... значи нема трте мрте, ако не пратиш или не дојдеш ќе те ИЗБРИШАТ од списокот на наследници.... а кај нас сега не е така
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
нема врска, не се замара нотарот со тоа...посебно ако другиоте учесници се од странство...
Тој што поднесува ај што плаќа такса за поднесување, плаќа и трошкови за вадење документи од Катастар, централен Депозитар, башка гњаважа..се повтори рочиште кај нотар оти едниот наследник дошол со прастар извод а адвокатот му кажал дека треба нов... и сега нотарот кажува нема да наплатам за повторено рочиште ???
А да не зборувам дека адвокатот првин се обиде јас,
поднесувачот да му го платам целиот износ...

ФАЛИ член во Законот за Оставина, а со кој на несовесен наследник, кој нема да подмирува трошкови државата ќе му го одземе делот што му припаѓа !!!
Значи ако некој од наследниците блокира вон некој одреден РОК, требада се исклучи од наследството а неговиот дел да припадне на државата, како што има член за имот на луѓе кој немаат наследник !!!
Предлагачот ги авансира сите трошоци, а после врз основа на решението може да бара од другите наследници да му ги надоместат трошоците кои требало тие да ги платат.
Секогаш трошоците во постапките се плаќаат однапред без разлика дали се работи за парнична, вонпарнична, или друга постапка, освен извршна таму Уставен суд укина доверителот однапред да ги авансира трошоците за администрирање на предмет.
Автоматски споено мислење:

Да, сега дури ми светна дека и да ми додели судот друг нотар јас пак исто ке си поминам.
Нема затоа што ниту постојниот ниту новиот нотар не смеат така да постапуваат, освен што судот би го сменил нотарот, по службена должност треба да му изрече и глоба заради несовесно работење.
Има јасни правила низ законите како треба да постапи нотарот во конкретниот случај, а не да го фрла полномошното кое во случајов е легитимно и согласно закон, тоа нотарот го знае но ете не сака да постапува и злоупотребува со тоа што сте правно неуки.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom