како го поминав летниот распуст

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
писмена по македонски јазик во славната 1969 година.
ЛЕТЕН РАСПУСТ

Како го поминаф летниот распус
Ние многу убаво го поминафме летниот распус бефме на нашето море во грчка кое што тиа од грчка ни го земале со лажни документи. Тато вика дека еден ден тоа па ќе биде наше и тогај ќе не молат да се бањаат во него тија грциштата. Бевме сместени во една соба со лустер со вентилатор. јас, тато, мама, бато, чичо Добле стрина Доблинка и баба ама баба не одеше на плажа. Најповеќе се смеевме кога навечер пред спиење тато и чичо Добле се натпреваруваа кој погласно ќе прдне. Тато беше најакиот човек на плажата мама готвеше најубави ручеци на плинското на плажата и сите беа насмеани кога ќе мириснеа од ручекот. Тато вика дека жената мора убав ручек да праи а мажот мора да ја прај жената а бато само сереше по плажата дека е мал. Цело време јадевме риба што ја фаќаа тато и чичо Добре а тато ни викаше дека тоа е здраво и дека дома нема ваква риба. Најтешкоми беше да јадам од ручекот зошто после не смее да се бања зашто ќе добиеш преплет на црева и ќе умриш. Секој ден стари грчишта со магариња одеа по песокот и носеа во плетени кошеви круши,лубеници,смокви,грозје.А имаше и некој со кошници облечени со бели кецели и викаа локума-локумидес и јас плачев да ми купат од тоа ама тоа ти биле некој мекици со шеќер.Тато еден ден се опи од домашната ракија и ја истепа мама зошто мама цркаше по него да не го пере фичото во море сите се собраа да ја бранат мама ама тато ја извади хеблата и сите се разбегаа и тато беше најак на плажата. После и ја опна уште една на мама и мама престана да плаче тогаш мене ми акна една заушка и ми рече да ѓи соберам гомната од бато.Бато секој ден прашуваше кој турил сол во езелото оти водата била многу солена.
Јас многу убаво си го поминаф летниот распус и читав лектири.Песни од Ј.Ј.Змај и Д.Макси и некој си Његош и уште тогаш не ми беше јасно зашто не ни даваат лектири од Рацин,Неделковски или Вапцаров. А и не ми беше јасно,оти и јас бев мал,зошто тоа креветите се нишаат ноќе во собата де оној на тато,де оној на чичо.Еднаш ја прашав мама за тоа а таа ми велеше дека ноќе станувале тато и чичо и така качени на клевет ги тепале комарците на таванот и затоа се нишале клеветите.(подругата година исто така се нишаа креветите,ама тато и чичо не беа станати,него се нишаа под чаршавите.)
После одморот нанашето море бевме на враќање на пазар во Солун е наш.Таму си купивме маслинки и кафе,а јас најмногу се радував на кутијата моливи со гумички на едната страна.Тато си купи налепница во зелена боја за на стаклото на фичото да не грее сонце и кога стасавме дома цел ден потоа го лепеше и бришеше за да го видат сите комшии.
А на комшијата Тоде-олукот што му ги леташе голубите додека бефме на нашето море му купи едно шише грчка мастика.Мама пак ги викаше сите комшики на тазе грчко кафе и им го покажуваше грбот и цицките.
Јас многу убаво си го поминаф летниот распуст а вие.
 
Последно уредено:

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Добро бе чоек, од кај ти текнува?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Добро бе чоек, од кај ти текнува?
не е на арно и многу да ти текнува,ете оди прашај ги во АРЧЕРОЛ_МИТАЛ,од тоа што ми многу текнува,сега не сум таму.
Таму важи паролата:абе глеј да дојде два саат да си одиш дома. И така со тој пристап таму значи се зема плата. А јас пак мислев со дадените текнувала и креативната иновациска работа се успева.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
не е на арно и многу да ти текнува,ете оди прашај ги во АРЧЕРОЛ_МИТАЛ,од тоа што ми многу текнува,сега не сум таму.
Таму важи паролата:абе глеј да дојде два саат да си одиш дома. И така со тој пристап таму значи се зема плата. А јас пак мислев со дадените текнувала и креативната иновациска работа се успева.
Шефе само продолжи и најди си занимација секојдневна исто како да си одиш на работа (се разбира не на штета на други), најди нешто што те исполнува работно односно физички со физичка активност, компјутер тек тук но повеќе со работа во двор, нешто приватно ако капне или слично.. искрен совет од син на двајца стечајни работници кои од стандардна работа наеднаш останаат дома... сврти нова страница на животот затоа што ако тагуваш по тоа што завршило ќе биде погубно за тебе, верувај сум го видел тоа и ич не е добро ни за личноста ни за фамилијата...

Се извинувам за офтопикот...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Не се извинувај во право си. Анчо, живот иде даље.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.281
Поени од реакции
78.933
Зашто е 1969 славна?
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Арен летен распуст си во главата.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Чичов ова ти е копирано од Драган Спасов Дац.
Позз
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
сега и јас го видов тоа, дека било од Д... ама само дел..има и дел мое...не знаев дека е од Д... ми беше на фејзбук.(без тие податоци,неможам би го избришал тој дел)
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.773
Поени од реакции
10.526
Да не го напишев ова ќе си велеше дека е твое
 

Kajgana Shop

На врв Bottom