дЏанго
Gunslinger
- Член од
- 21 август 2010
- Мислења
- 366
- Поени од реакции
- 791
Конечно излезе кракот и конечно можев и јас да ја искусам новата FM, па си реков да отворам тема за моите достигнувања.
Се решив да играм во journeyman стил и почнав без клуб, со надеж дека во иднина ќе бидам дел од елитните тренери кои ги водат врвните светски клубови. Се кандидирав за неколку клубови и ме прифатија во ФК Младост Лучани од Прва лига во Србија (по ранг втора во државата).
ФК Младост е професионален клуб создаден во 1952 година. Бојата на клубот е сина и затоа прекарот е „небесно плави“. Во поновата историја единствен успех на клубот е освојувањето на Прва лига во 2007 година. Следната сезона Младост се има натпреварувано во Супер лигата, но веднаш испаднал.
На старт управата ми даде барање клубот да се претстави солидно и да заврши во горниот дел од табелата, додека медиумите како предвидување ми го дадоа 10то место. Финансии има многу малце па добив околу 50к за трансфери и некои 3к за плати. Играчите сите се некои анонимци, како и неколкуте засилувања кои ги земав на слободен трансфер.
Некое време експериментирав со формацијата, за на крај да се одлучам дека 3-5-2 одлично лежи на овој клуб.
Сезоната ја почнав солидно и долго време се врткав 5-8 место. Пред почетокот на 3 месечната зимска пауза направив една серија од 4 натпревари без пораз која продолжи после паузата и се издолжи на 12 натпревари, што беше и рекорд за лигата. Но дури 7 од тие натпревари беа нерешени, па до крајот на сезоната со неколку добри настапи успеав да се доближам до 2рото место кое води до Супер лигата. Последно коло бев 3ти, а играв против 2риот кој имаше 2 бода повеќе од мене. Мораше да се победи!
За жал изгубив и со овој пораз останав барем уште една сезона во Прва лига.
Во купот управата ми бараше да стигнам барем до првиот круг, додека јас стигнав до вториот каде загубив од Рад, па така и си добив бонус поени во нивни очи и заслужено ми беше понудено нов 2 годишен договор, кој секако го прифатив.
Еве како се одвиваше цела сезона, со таа рекордна серија од 12 натпревари без пораз.
И еве ја табелата на крајот на сезоната.
Следната сезона, со некое засилување, се надевам на пласман во Супер лигата.