во заедница или сами

Член од
9 ноември 2018
Мислења
43
Поени од реакции
9
Здраво на сите :)
Што мислите за живеење во стан или на спрат,каде што живеат родителите на спругот.Предности и недостатоци ?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Здраво на сите :)
Што мислите за живеење во стан или на спрат,каде што живеат родителите на спругот.Предности и недостатоци ?
Не ти треба тоа во животот.
Ако треба во шатор под некој мост ќе седиме, ама со моите или нејзините јок.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Здраво на сите :)
Што мислите за живеење во стан или на спрат,каде што живеат родителите на спругот.Предности и недостатоци ?
Ако сакате да си бидете на раат,живејте си сами.
Оди на Фемина Форум,ќе видиш колку кукаат од заедничко живеење.
 
Член од
9 ноември 2018
Мислења
43
Поени од реакции
9
Додека ќе бидеме сами секако е поубаво на страна,но размислувам понатаму кога би имале деца.Ако би живееле во заедница ќе ги делиме трошоците за храна,сметки.. додека ако сме сами не..Исто така во стан неможеме да знаеме какви соседи ќе имаме до нас ,над нас,под нас а вака сме на спрат само ние.
 
M

Macedon1um

Гостин
Живеење во иста куќа различен спрат може - дури има и многу предности како заеднички ручек, делење сметки, чување деца итн
Ама живеење на ист спрат или ист стан е невозможна работа според мене, едноставно различни генерациии никаква приватност и многу други негативни работи..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.593
Поени од реакции
38.741
Зависи колку флексибилни сте ти и свекрвата. Ако се слагате супер ќе ви е.
 
Член од
9 ноември 2018
Мислења
43
Поени од реакции
9
Во моментов немаме ништо :( Планираме да се земеме но прво се мислиме што е подобро дали да правиме спрат или да купиме стан
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Во моментов немаме ништо :( Планираме да се земеме но прво се мислиме што е подобро дали да правиме спрат или да купиме стан
За да купите стан или да градите спрат ви требаат поприлично пари, опција 1 веќе ги имате парите или ќе ви ги дадат родителите, опција 2 треба да имате „сигурна работа“ и добри примања за земете станбен кредит на 15-20-30 години, опција 3 дел од парите имате, а остатокот да се земе кредит и да се исплати во иднина.
Е сега про и конс:
-со родителите (твоите/неговите) нема да имате приватност
-со родителите (твоите/неговите) ќе имате големо мешање во одлуки и солење на памет
-со родителите (твоите/неговите) чат пат ако не и секогаш кавги
-со родителите (твоите/неговите) помош околу гледање деца, плаќање сметки, некогаш и припрема на храна ако сте вие зафатени а тие слободни
-со родителите (твоите/неговите) ако се дома постојано поголема безбедност од грабежи и тн
-со родителите (твоите/неговите) ќе ти останат парите кои ќе ги потрошите за стан и ќе бидете полабави на месечно ниво.
се од ова спротивно ќе имаш ако живееш на страна.
Во најголем број случаи одлуката паѓа баш поради недостатокот на финансии да се купи стан самостојно и потребата да се земе кредит, а кој не живеел со кредит и рата на месечно ниво од 150-200 евра плус сметките може да ти соли памет, за време на кредитот ако немаш примања од барем 800 евра заедно има да ви се ебе матер, ќе штедите буквално на се, плус кога ќе се роди дете едниот нема ни да работи па компликациите стануваат уште поголеми.
Има и други плус точки, али ова е на кратко, НО се зависи од нивниот карактер и вашиот и финансиската состојба.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Здраво на сите :)
Што мислите за живеење во стан или на спрат,каде што живеат родителите на спругот.Предности и недостатоци ?
Дека е поубаво, поубаво е да си сам, сите тоа го знаеме но, има ситуации каде што снаа и сверква се поднесуваат и можат да имаат (условно кажано) заеднички живот. Многу зависи од прагот на толеранција на двете жени. Според мене, дајте шанса ако ви е почеток и ви е тешко да се одвоите (поради финансии нормално), видете како ќе се одвиваат работите.

Давам совет од перспектива на неженет, кој не планира нит би сакал да живее со жена и мајка под ист кров.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Во моментов немаме ништо :( Планираме да се земеме но прво се мислиме што е подобро дали да правиме спрат или да купиме стан
Џабе се зимате кога имате 60% шанси да се разведете, а ако живеете со свекорот и свекрвата тој процент се зголемува уште за додатни 35 % па сеа ти рачунај... поарно живејте си така, не знам шо би ви сменила таа парче хартија, освен што може да ви искомплицира се у животот....
зарем глупави се европјаниве што живеат заедно нерегистрирани, се е тоа прорачунато, џабе не си правете трошоци и бајрам на паметот, бракот е мртва институција посебно во оваа сиромаштија, а сеа и со овие поскапувања, дојде животот, ептен ќе ви биде средено се....:tapp:
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2012
Мислења
660
Поени од реакции
421

Abe i plus baba ako ima vo kukjata dodatni 5% , i eto 100% razvod... ama matematika napravi bravo
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Додека ќе бидеме сами секако е поубаво на страна,но размислувам понатаму кога би имале деца.Ако би живееле во заедница ќе ги делиме трошоците за храна,сметки.. додека ако сме сами не..Исто така во стан неможеме да знаеме какви соседи ќе имаме до нас ,над нас,под нас а вака сме на спрат само ние.
Нема што да прашуваш, тебе ти е одлучено со мислењево што го имаш.
Не знам зашто очекувате дека некој е должен да ви ги гледа децата ако им се баба/дедо.
 
Член од
9 ноември 2018
Мислења
7
Поени од реакции
21
Џабе се зимате кога имате 60% шанси да се разведете, а ако живеете со свекорот и свекрвата тој процент се зголемува уште за додатни 35 % па сеа ти рачунај... поарно живејте си така, не знам шо би ви сменила таа парче хартија, освен што може да ви искомплицира се у животот....
зарем глупави се европјаниве што живеат заедно нерегистрирани, се е тоа прорачунато, џабе не си правете трошоци и бајрам на паметот, бракот е мртва институција посебно во оваа сиромаштија, а сеа и со овие поскапувања, дојде животот, ептен ќе ви биде средено се....:tapp:
Како сигурно го кажа она за европјаните и процентите у пм! Да, се зголемува бројот на европјаните што не се во брак само затоа што им ги дадоа истите права како на тие што се во брак. А процентиве...ми звучи као и така и така сите ќе си умреме, зашо да се мачиме до тогаш, да земеме да се убиеме сега сите :)

На темава, јас би одела негде на само :) се супер тоа делење трошоци помош за деца, ама приватност си е приватност
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom