автоматски менувач

Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
сум слушач дека колите што имаат автомантски менувач многу се трошеле кочниците, еден пријател мој имаше автоматик мерцедес многу брзо менувше кочници
Јас на мојот автоматик форд на семафор морав да држам кочница или да избацам во лер, затоа што во Drive мод, колата работи под кумплуг и малку се придвижува, така да ако не кочиш, ќе се движиш :) Може да е заради тоа, ама јас па не сум имал такви проблеми.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
сум слушач дека колите што имаат автомантски менувач многу се трошеле кочниците, еден пријател мој имаше автоматик мерцедес многу брзо менувше кочници
Нема врска тоа... стварно се дреми појќе на кочница споредено со рачен, мада тоа најмногу е на ниски брзини, а на 10 км/ч не се трошат кочниците толку многу.

Јас на мојот автоматик форд на семафор морав да држам кочница или да избацам во лер, затоа што во Drive мод, колата работи под кумплуг и малку се придвижува, така да ако не кочиш, ќе се движиш :) Може да е заради тоа, ама јас па не сум имал такви проблеми.
Е добро де, на сите е така. Не е само на твојот афтоматик.
 
Ron0n

The Mercedes Guy
Член од
16 август 2009
Мислења
351
Поени од реакции
198
Е добро де, на сите е така. Не е само на твојот афтоматик.
Така и мислев, ама пошто сум имал само 2 автоматици, не бев 100% сигурен... :) Еее многу ми е криво за тој форд што го дадов.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Автоматски менувач е можеби одлична опција, но кај нас нема доволно сервиси за вакви менувачи и нивното одржување е ненормално скапо.
BTW, да не знае некој некаде во Македонија сервис кој може да поправи автоматски менувач? Не ми го спомнувајте само „Капе“ од Железара зашто сите изгледа само за него знаат, а тој си коле саглам и без 600 евра за старт не ни помислува да почне да работи.
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Распрашај се кај Пачкуљ, тој сервисира Јеер (Крајслер) возила кај кои претежно има вграден автоматски менувач.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Поаѓање на угорница или удолница со автоматик е исто така далеку по-кејфски, не се замараш со кумплунзи и гас во исто време.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Поаѓање на угорница или удолница со автоматик е исто така далеку по-кејфски, не се замараш со кумплунзи и гас во исто време.
Ебате ќејфот... да речиш попросто, немаш рачна и немаш кумплунг да те сватам. Ама вака...

п.с. најголем ќеиф е тргање со мотор на угорнина. Десната нога ти стои на задна, со едната рака го држиш кумплунгот, со другата гаста и со левата нога се крепиш :) ALL IN, особено ако ти е на лер, па треба да смениш нога на стоење за да клајш во прва :)
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
989
Поени од реакции
645
Ех, ако заглавуваш во сообраќај, автоматикот е супер и плус не ја трошиш ламелата со тргни застани цел саат. На автоматик имаш само два педала, секој може да го вози без поголем проблем. А инако полуавтоматикот изгледа добро на хартија ама не е толку добар во примена. Додека возиш ако идеш брзина надолу, му треба 2-5 секунди за да промени брзина. Се чувствува закаснување секогаш кога ќе менуваш брзина, затоа што електрониката пресметува на колку вртежи треба од една до друга брзина да премине.
 
Куписи Мерцедес :) ги менва мноогу побрзо од тие 2-5 секунди шо ги кажа, мада ипак не реагира одма, му треба време, можда пола секунда, секунда преку сила. Ама затоа kick down-от кога ќе го згазниш, ите како е ефикасен во две надолу и обртаите до црвено :)

кај мене и во рачен мод ако дојди до крајот на обртаите (да речиме втора ја цедиш) автоматски си менува брзина нагоре, немора да го користиш + за да смениш.
 
YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
989
Поени од реакции
645
Куписи Мерцедес :) ги менва мноогу побрзо од тие 2-5 секунди шо ги кажа, мада ипак не реагира одма, му треба време, можда пола секунда, секунда преку сила. Ама затоа kick down-от кога ќе го згазниш, ите како е ефикасен во две надолу и обртаите до црвено :)

кај мене и во рачен мод ако дојди до крајот на обртаите (да речиме втора ја цедиш) автоматски си менува брзина нагоре, немора да го користиш + за да смениш.
Земи турбо бензинец и на 100тка стај го во подолна брзина. 3-5 секунди има закаснување па што сака кола нека е. Истото е и за Мерцедес, Ауди, Волво и сите што користат турбо бензиски мотори. Моја грешка што не кажав дека зборувам за турбо бензинци, 1.8Т на Ауди, а со истата големина е и Мерцедесовиот.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Земи турбо бензинец и на 100тка стај го во подолна брзина. 3-5 секунди има закаснување па што сака кола нека е. Истото е и за Мерцедес, Ауди, Волво и сите што користат турбо бензиски мотори. Моја грешка што не кажав дека зборувам за турбо бензинци, 1.8Т на Ауди, а со истата големина е и Мерцедесовиот.
Твоја грешка, исто како шо е твоја грешка кога очекуваш со притисната гас да префрли од D во некоја брзина... така треба цела вечност за промена, ако возиш 120 незнам дали воопшто ќе смени... Инаку гаста се отпушта кога сакаш да шалташ надолу и voila.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
~ Дали знае некој од вас добар сервисер на АВТОМАТСКИ Менувачи, сакам да му сменам улје и филтер. Се работи за Голф 3 - Аутоматик 1,9 ТДИ.
Поздрав драги кајганџи :)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
~ Дали знае некој од вас добар сервисер на АВТОМАТСКИ Менувачи, сакам да му сменам улје и филтер. Се работи за Голф 3 - Аутоматик 1,9 ТДИ.
Поздрав драги кајганџи :)
знам јас... мехатроника сервис, кај жуц во комшии. ке го бараш самиол.

и не е уље туку е АТФ. се користи и во сервото истово.
 
Член од
22 декември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
знам јас... мехатроника сервис, кај жуц во комшии. ке го бараш самиол.

и не е уље туку е АТФ. се користи и во сервото истово.
Дали е ова адресата на сервисот
Мехатроника
адреса: бул.3-та Македонска Бригада 53
место: Скопје

Ви благодарам :)
Позз
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
за бројот не сум сигурен, ама улицата е таа...

кажи му дека те пратил алек, типот со белото волво караван в-70.. ке ти даде попуст некој и ке добиеш подобар третман.. пријателче ми е...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom