Во Америка, уште одамна се користи Автоматикот, ретко таму да најдеш човек што знае да користи мануелен стик, некако таму таа технологија пушти длабоки корења, за разлика од Европа. Јас го преферирам Автоматикот, бидејќи е погосподска работа, ме уби раката кога морав да сменам на мануелен пред некое време, не бев навикнат на секои 10секунди да менувам, а и имаше заменскиот автомобил проблем со кумплугот, многу тешко се претискаше и мораше ептен силно да го претиснам до даска за да фати менувањето. Можеби е до мене бидејќи сум премногу нежен, ама многу ми беше тешко и постојано губев концентрација на патот кога требаше да сменам, што е проблем посебно во градски услови.