Штрајк во образованието

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
A so dan im e nesto loso,3 meseci raspust na zima 20 dena slobodni pazi bogati imaat i resenija so vo privatniot sektor e naucna fantastika.Vo makedonija ima dve kasti.Prvata e administracija vo kja spagaat i profesorite ,znaci razgaleni do nevideni razmeri,vo nea clenuvaat i penzionerite,drugata kasta se vrabotenite vo privatniot sektor koi maka macat da si gi ostvarat svoite osnovni rabotnicki prava!
Остај ти тие работи, ти пиша на секои пет месеци се зголемувале платите ја те прашав од кај таква информација оти тоа воопшто не е точно.

Единственото зголемување во последните 3-4 години беше зголемувањето од 4% лани есента.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Епа тоа е 1000че и оваа година ќе се зголемат за уште толку. Мене ми пречи тоа што не кажуваат колку зимаат. Еве нека кажат ние зимаме 300 или 400 евра и мислам дека заслужуваме да земаме повеќе отколку докторите или вработените во фондот за тоа и тоа или вработените во некои други државни институции. Тие се под државна капа и не може да се издвојуваат. Имам пријател во министерство за не е битно, и работи турбо дечкото зима 24.000 плата. нема три месеца одмор и зимски распуст. И не си оди од работа порано од 4:30. Често оди на работа и во сабота. Ако се прави штрајк или барање за зголемување на платата треба сите заедно да го прават или неколук поврзани сектори и да кажат на што се должи тоа нивно барање (освен нели желбата да зимаат повеќе пари).
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не ОК е, не викам дека се мали платите, но членот погоре шпекулираше дека секоја година се зголемувале платите во јавниот сектор.

Требаше така да биде, 5% х4 пати но со оправдание за светска криза остана само на ланските 4%.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Колку што се сеќавам бараа 25% (!?) поглеми плати. Океј да речеме дека намерно одат со максимални барања значи место годинешниве 4% сакаат уствари 10% :) Нема шанси да се случи ради другите административци пред се.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Не ОК е, не викам дека се мали платите, но членот погоре шпекулираше дека секоја година се зголемувале платите во јавниот сектор.

Требаше така да биде, 5% х4 пати но со оправдание за светска криза остана само на ланските 4%.
Znaci ne se mali platite,pa kade e togas problemot???
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Екстерното пред се, нереален начин за казнување и малтретирање на професорите, воопшто не е репер дали некој е добар или лош професор ако оцените му отстапувале од еден глуп тест со дадени прашања, каде ученици кои заслужено добиле послаби оцени вадат петки, па страда ем професорот ем други ученици кои учеле и имале добар успех, зошто пак нив може да им се случи пех на екстерното и да им стрчи една послаба оцена и во просек и во свидетелство. Да не зборуваме дека самоиот процент на отстапка е лошо конципиран, еден професор кој предава многу предмети може да биде тестиран по сите, некој ќе помине со само еден, или ако на професор му тестираат помал број ученици шансите за отстапки се поголеми од оној на кој му тестираат повеќе и многу други недоречености.

Се на се, тотално промашен проект, треба под итно да се укине, затоа што најбитно од се, не дава ама баш никакви позитивни резултати.

А платите, нивните плати можат само паралелно со целата администрација да се качуваат, посебно тешка работа.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
A zosto ustvari strajkuvaat,na sekoj 5 meseci im se zgolemuva plata i niv i na administrativcite.Vo privatniot sektor e katastrofa,inace ovi razgalenive profesori ne se za zalenje!
Мајка ми +20 години е професор и тоа една од построгите во училиштето каде што предава.
Кои се овие

да и земаат на неа 15% од платата цела година затоа што некое ретардирано препишувало кај некој ретардиран „професор“ што го „пазел“ за време на полагањето?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.860
Поени од реакции
11.482
Ми вика професорка од средно: „Им ставам реални оценки, скоро ништо не работи, ќе гукне нешто пред крај колку за 2ка и после ми викаат - стајте ми 4/5 ќе ви напраам 5ка на екстерно“. Човек со принципи тука нема да попушти и дури може и инает да го фати. Пошто ако почнеш да попушташ и на сите кои не заслужиле да им делиш 4/5, тоа мојата професорка од средно го споредува со проституција.
И после ќе јаде казна 3500 денари по 12 месеци (а во Закон за работни односи максимум дозволена казна е 6 месеци).

Е затоа не чини екстерното и секој вика дека чини, оди со глава во ѕид. И тоа треба да биде примарно барање на СОНК. Доаѓа ситуација кога земаш од устата на еден (казнетиот) за да дадеш на друг (наградениот). А многу често тие наградени се тие што ставаат нереални оценки. (чест на исклучоците)
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Уште еден пример колку е ретардирано екстерното:
Што се случува ако некој фатат да препишува?
Јас колку што знам, ако некој препишува, автоматски добива 1, преполагање на екстерно нема (освен со медицинска белешка), дали повторно наставникот ќе биде казнет бидејќи ради препишување некој искарал 1 ?!
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
654
Поени од реакции
557
Ми вика професорка од средно: „Им ставам реални оценки, скоро ништо не работи, ќе гукне нешто пред крај колку за 2ка и после ми викаат - стајте ми 4/5 ќе ви напраам 5ка на екстерно“. Човек со принципи тука нема да попушти и дури може и инает да го фати. Пошто ако почнеш да попушташ и на сите кои не заслужиле да им делиш 4/5, тоа мојата професорка од средно го споредува со проституција.
И после ќе јаде казна 3500 денари по 12 месеци (а во Закон за работни односи максимум дозволена казна е 6 месеци).

Е затоа не чини екстерното и секој вика дека чини, оди со глава во ѕид. И тоа треба да биде примарно барање на СОНК. Доаѓа ситуација кога земаш од устата на еден (казнетиот) за да дадеш на друг (наградениот). А многу често тие наградени се тие што ставаат нереални оценки. (чест на исклучоците)
Прво да разјасним, против сум толкави големи казни за екстерното, ама колку што знам 20 % од професорите се казнети и толку 20% се наградени. Иначе ако ги слушаш професорите што се казнети сите ученици биле ретардирани ама некако од кец со препишување добиле петка, и тогаш логично просечната оценка би била над 4,5 на екстерното а не 3,63 колку била отприлика и лани. Само објаснување контролори т.е. тестатори на екстерното се само професори од кои најголем дел и самите се тестирани по предметот што го предаваат, ако и тие дозволуваат препишување тогаш тоа ни кажува каков кадар ни предава по училиштата.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Вака може учениците да дојдат 2-3 пати низ годината, да полагаат сувопарно и толку. Ни часови, ни однос на час, ни активност, ништо не им треба.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.860
Поени од реакции
11.482
Прво да разјасним, против сум толкави големи казни за екстерното, ама колку што знам 20 % од професорите се казнети и толку 20% се наградени. Иначе ако ги слушаш професорите што се казнети сите ученици биле ретардирани ама некако од кец со препишување добиле петка, и тогаш логично просечната оценка би била над 4,5 на екстерното а не 3,63 колку била отприлика и лани. Само објаснување контролори т.е. тестатори на екстерното се само професори од кои најголем дел и самите се тестирани по предметот што го предаваат, ако и тие дозволуваат препишување тогаш тоа ни кажува каков кадар ни предава по училиштата.
Затоа реков ситуација во која зимаш од устата на некој (му зимаш 3500 денари) и тие му ги даваш на друг некој. Никакво дополнително оптеретување на буџеетот, јеј!
Иначе не само препишување, не е нешто многу тешко да се научат 100-200 прашања за 3 дена (пошто ги известуваат 3 дена пред да полагаат, кој предмет ќе го полагаат). А ако земеме пример македонски јазик, ако поентата е децата да научат да одговараат на а,б,в,г од однапред познати прашања, ок. Затоа после есеи не знаат да пишуваат, тексче од 150 збора нема да знаат да состават.

Еве бе, нека биде како во Холандија: наставниците ќе ги учат цела година децата и после ДИЦ нека спроведе завршни тестови или како и да се наречат. Наставниците воопшто да не оценуваат. Или не одговара тоа?
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Не ОК е, не викам дека се мали платите, но членот погоре шпекулираше дека секоја година се зголемувале платите во јавниот сектор.

Требаше така да биде, 5% х4 пати но со оправдание за светска криза остана само на ланските 4%.
Еве подток, знам знам и цените за живеачка се зголемија :) http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=1D646099EE17B94994BC0F70FBF0D344
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
654
Поени од реакции
557
Затоа реков ситуација во која зимаш од устата на некој (му зимаш 3500 денари) и тие му ги даваш на друг некој. Никакво дополнително оптеретување на буџеетот, јеј!
Иначе не само препишување, не е нешто многу тешко да се научат 100-200 прашања за 3 дена (пошто ги известуваат 3 дена пред да полагаат, кој предмет ќе го полагаат). А ако земеме пример македонски јазик, ако поентата е децата да научат да одговараат на а,б,в,г од однапред познати прашања, ок. Затоа после есеи не знаат да пишуваат, тексче од 150 збора нема да знаат да состават.

Еве бе, нека биде како во Холандија: наставниците ќе ги учат цела година децата и после ДИЦ нека спроведе завршни тестови или како и да се наречат. Наставниците воопшто да не оценуваат. Или не одговара тоа?
Треба да има законски интервенции со цел да се дојде до поефективно екстерно тестирање, помали финансиски казни а по мене и право на жалба на наставниците ко што имаат право и учениците. Да бидеме искрени и ако можеш одговори ми дали во средно си имал впечаток или на факултет (ми се чини студент си) дека професорот тебе или на твој колега/соученик ставил поголема или помала оценка поради пристрасност?
Ако екстерното е ефективен начин учениците да го зголемат просекот на крајот на годината со минимално учење, зошто тогаш протестираа пред две-три години?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom