Мислам дека е глупаво наместо да го решат проблемот без да страдаат граѓаните операторите ќе исклучувале канали.
Сега ме интересира ако знае некој дали ќе бидат исклучени само преку кабел или и тие што ги има со обична антена и странските канали кои ги има на бум тв од страна на а1 операторот?
Како корисник, ако неам тв вечер коа ќе стигнам дома ќе бидам накурчен. Има фудбал после толку време а плаќам Фул спортски пакет и ХБО. (на телеком сум).
Но ако се ставам во кожа на операторите
Како може ЈАС да гарантирам кривично и морално за тоа ТЕЛЕВИЗИСКА КУЌА што емитува ? Која им е логиката ?
Доволно е 1 од тие 500 тв канали (знам дека не се точно 500 океј е) да емитува нешто што не треба, и за тоа телеком ќе може да биде кривично гонет. Како може, кабловски оператор како Телеком, Телекабел, А1 итн. да гарантира за СОДРЖИНАТА што 1 рандом ТЕЛЕВИЗИЈА ќе ја ЕМИТУВА? Они се само ДИСТРИБУТЕРИ. Исто ко фирмите што прават достава до дома, Јас нарачувам од кај тебе пратка, ти ја носиш во Карго фирма и они ми ја носат мене како клиент. Не може каргото да биде криво ако ти мене у кутија место Ајфон ми ставиш усмрден чорап. Ме сфаќаш сеа што ми е поентата така ?
Не ни сакам ниту сум сакал некогаш да ги бранам фирмите ко Телеком и Вип, ама тука дека со право се бунат, нема збор. Како и да е од 8.8 мислам дека беше, ако не го сменат тој закон комплет ќе се откажат од каналите. Барем таква закана имаше.
Како и да е , многу е зезната ситуацијата...